fbpx
Таг: писта

таг: писта

Заложничка драма на аеродромот во Хамбург, 35-годишен маж со возило во кое имало и дете упаднал на пистата

Аеродромот во Хамбург денеска е затворен, соопштија германските власти, бидејќи полицијата се справува со заложничка ситуација за која велат дека најверојатно вклучува спор околу изрекувањето на мерка притвор, објави Ројтерс. Од вчера вечер еродромот е затворен за сите полетувања и слетувања, а на местото на настанот има голем број на полициски сили за да се справат со мажот кој...

Поради рехабилитација на пистата, скопскиот аеродром ќе работи од 17:30 до 9 часот наутро од март до мај 2022

Пистата на Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде подложена на рехабилитација во времетраење од 50 дена, од крајот на март до средината на мај следната година, но тоа нема да значи и затворање на скопскиот аеродром, соопшти операторот на аеродромот, компанијата ТАВ Македонија. Во периодот од 28 март до 16 мај 2022 година, на пистата ќе се работи секојдневно од 9...

Затворен белградскиот аеродром поради инцидент со египетски авион

Аеродромот „Никола Тесла” во Белград е привремено затворен за полетување и слетување поради инцидент на авион на египетскиот авиопревозник „Иџипт Ер“. Воздушниот сообраќај се пренасочува на соседните аеродроми, а не се знае кога најголемиот аеродром во Србија ќе биде повторно во функција. На авионот Боинг 737-800 додека слетувал празен му се блокирале тркалата, по што се запалиле пневматиците и останатл...

Турски авион излета од писта и за малку ќе завршеше в море

Авион на турската компанија „Пегазус“ избегнал катастрофа вчера откако излизгал од пистата на аеродромот во турскиот црноморски град Трабзон и за малку не завршил во морето. Неговиот труп сопрел на стрмната падина од пистата до морето. Никој од 162 патници и членови на екипажот во „боингот 737-800“ не бил повреден и сите биле релативно бргу евакуирани. Властите сѐ уште испитуваат што...

На аеродромот „Хитроу“ ќе се гради трета писта

Британскиот министер за сообраќај, Крис Грејлинг, најави дека во првата половина од следната година, Велика Британија официјално ќе одобри изградба на третата писта на аеродромот „Хитроу“. Според него, заминувањето на авиокомпанијата „Монарк ерлајнс“ во стечај не е сигнал за поголеми проблеми во британскиот авиосектор. Заминувањето во стечај на авиокомпанијата предизвика откажување на голем број резервации. Британската премиерка Тереза Меј лани одобрила 22 милијарди долари за проширување...

Авион во Индија излетал од пистата, повредени 15 лица

Авион на индиската авиокомпанија  „Џет ервејз“ се излизга од пистата на аеродромот во Гоа, на западот на Индија, а во инцидентот потешко се повредени 15 лица, соопштија индиските власти. Сите патници биле евакуирани, јавуваат индиските медиуми. Причината за несреќата сè уште не е позната, а во авионот кој во моментот на инцидентот се подготвувал да полета за Мумбај, се наоѓале 161...

Авион на „Туркиш ерлајнс“ ја промашил пистата во Приштина, нема повредени

Аеродормот во Приштина привремено е затворен, откако синоќа авион на турската компанија „Туркиш ерлајнс“ ја промашил пистата при слетувањето на дождливото време. Во несреќата нема повредени патници и членови на екипажот. Портпаролката на приштинскиот аеродром, Валентина Гара, изјавила дека во авионот, кој полетал од Истанбул, се наоѓале 143 патници и осум членови на екипажот. Според Гара, авионот имал „мала несреќа“, во...

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...