fbpx

Последен ден од примирјето во Газа, Хамас подготвени да ослободат повеќе заложници

Хамас се подготвени да ослободат повеќе заложници со цел продолжување на примирјето, што беше услов за подолго примирје од самиот почеток на договорот меѓу Израел и Хамас

-

Денеска е последниот ден од предвиденото четиридневно примирје помеѓу Израел и Хамас, известува Би-би-си. Како што беше предвидено во договорот меѓу двете страни, секој ден од петок досега, Хамас ослободува дел од заложниците кои ги имаа заробено за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври, додека Израел ослободува палестински затвореници, најмногу жени и малолетници.

Според договорот меѓу Израел и Хамас, примирјето може да биде продолжено доколку Хамас се подготвени да ослободат повеќе заложници. Хамас велат дека тие се подготвени за ваков чекор. Се чека одговор од израелската страна.

Вчера беа ослободени 17 заложници и 39 палестински затвореници. Илјадници луѓе се собраа околу израелската воена база Хацерим за да ги пречекаат ослободените заложници.

Синот на 84-годишната Елма Аврахам, една од ослободените заложнички, вели дека мајка му е во критична здравствена состојба. Според него, негрижата додека таа била во подземните тунели во Хамас драстично ѝ ја влошила здравствената состојба.

Еден од ослободените палестински затвореници всушност не бил ослободен од затвор, туку бил ослободен од домашен притвор. Абдулрахман Ал-Загал од август е во болница во Ерусалим откако бил застрелан во главата од израелски сили во август. Израелските сили тврдат дека 14-годишното момче се обидувало да фрли бомба во населено место, а вујко му тврди дека тој само излегол да купи леб.

Дополнително, раселени жители на Газа кои се моментално во јужниот град Кан Јунис сметаат дека не станува збор за „целосно примирје“ бидејќи им е забрането да се вратат во своите домови во северот на појасот, известува Гардијан.

Досега и двете страни ја имаат обвинето другата за прекршување на примирјето. Според Израел, Хамас лансирале ракети кон Израел само 15 минути по почетокот на примирјето. Според Хамас, израелските сили убиле двајца Палестинци кои се обидувале да стигнат до северниот дел на Газа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...