fbpx

Досега над 50 илјади граѓани примиле вакцина против сезонски грип

Околу 59 илјади граѓани досега аплицирале за бесплатна вакцинација, информираат од Министерството за здравство

-

Министерството за здравство информира дека над 50 илјади граѓани примиле вакцина против сезонски грип, а 59 илјади граѓани досега аплицирале за бесплатна вакцинација.

Во центрите за јавно здравје и здравствените домови, велат од Министерството, континуирано се врши имунизација против сезонски грип, а со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

„Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. Со воведувањето на вакцинацијата како мерка за заштита постигнати се најдобрите резултати во историјата на медицината. Признаена е како една од најуспешните и најекономични здравствени мерки во светот што создава колективен имунитет“, велат од Министерството за здравство.

Заинтересираните граѓани можат да се пријават за бесплатна вакцинација со пополнување на апликацијата на официјалната веб-страница, a потоа преку смс порака добиваат повратна информација за точниот датум, час и место за вакцинација.

Министерството за здравство годинава ја зголеми количината на купени вакцини, односно купи 60.000 дози четиривалентни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...