fbpx

Шефот на израелската разузнавачка служба поднесе оставка

Генералот Ахарон Халива презеде одговорност за тоа што разузнавачкото крило на израелските одбранбени сили не успеале да го спречат нападот на Хамас на 7 октомври

-

Шефот на разузнавачката служба на израелските одбранбени сили (ИДФ) Ахарон Халива поднесе оставка, со што презеде одговорност за неспособноста на својата служба навремено да го спречи нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, поради кој започна војната во регионот, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Генералот Халива, кој најави дека ќе се пензионира откако ќе се назначи негова замена е првиот израелски функционер кој поднел оставка како последица на нападот на 7 октомври.

ИДФ не одговори адекватно на нападот – им требаа дури неколку часа да стигнат на границата меѓу Газа и Израел.

Дополнително, „Њујорк тајмс“ откри дека израелските разузнавачки служби знаеле за нападот повеќе од една година пред истиот да се случи. Израелските сили не го сфатиле сериозно документот на кој било опишано како Хамас ќе го изведе својот напад. На крај, на 7 октомври, тој план бил изненадувачки прецизно спроведен од Хамас.

Генералот Халива изјави дека останал на функција поради војната.

„Но, сега, повеќе од половина година подоцна, истовремено со започнувањето на внатрешните истраги, поднесувам оставка“, пишува генералот во своето писмо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...