вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: аеродром | 237 резултати

Од Скопје ќе се лета за Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака, а од Охрид за Базел

октомври 27, 2025

Авиокомпанијата Визер воведува нови авиолинии кон Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од Меѓународниот Аеродром во Скопје и кон Базел од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. Новите линии кон Стокхолм, Бари и Базел започнуваат денеска, а утре ќе започне и новата линија Скопје – Мадрид, со првиот лет во 16:05 часот. Враќањето на линијата Скопјe […]

Судот го забрани штрајкот на контролорите на летање

октомври 16, 2025

Основниот граѓански суд Скопје донесе одлука со која се забранува најавениот штрајк на контролорите на летање што требаше да се одржи од 20 до 24 октомври. Судот ја носи одлуката по претставка на раководството на М-НАВ, кое посочува дека штрајкот се најавува без да се исполни законската постапка за мирно решавање на колективни спорови и […]

Ќе се реконструира скопската железничка станица

октомври 14, 2025

Меѓународната железничка станица во Скопје ќе се реконструира и ќе добие нов современ изглед, преку заеднички проект на Железници Инфраструктура, Архитектонскиот и Градежниот факултет. Ќе биде направен основен проект за целосна реконструкција на станицата, со посебен акцент на зачувување на изгледот проектиран од Кензо Танге, но со нови современи и модерни елементи. Станицата ќе се […]

Аеродромот во Минхен затворен поради закана од дронови, неколку дена по затворањето на Октоберфест

октомври 3, 2025

Аеродромот во Минхен во Германија беше принуден да се затвори речиси седум часа ноќеска заради прелети на дронови. Тоа е најновиот европски град што мораше да го затвори аеродромот поради необјаснети летови беспилотни летала. Вкупно 17 летови беа приземјени кратко по 22 часот по локално време во четврток, што влијаеше на речиси 3.000 патници, се вели […]

Млади од Трубарево палеле кабли во Аеродром

септември 29, 2025

Две момчиња од Трубарево се уапсени во Аеродром бидејќи палеле кабли. Според информација од Министерството за внатрешни работи, викендов полициски службеници од полициската станица во Аеродром ги лишиле од слобода Т.М.(23) и И.М.(26), двајцата од Трубарево. Нив ги пријавил вработен во општината Аеродром кој сведочел дека тие во парк на булеварот „Февруарски поход“ палеле кабли. […]

Затворен уште еден аеродром во Данска заради нарушување на воздушниот простор со дронови

септември 25, 2025

Аеродромот Алборг во Данска беше затворен поради беспилотни летала во нејзиниот воздушен простор, соопшти локалната полиција рано утрово, два дена откако главниот аеродром во Копенхаген беше затворен поради истата причина. Данската национална полиција соопшти дека ситуацијата со појавата на беспилотните летала била слична како онаа што ги запре летовите на аеродромот во Копенхаген неколку дена […]

Затворени аеродроми заради упади на дронови во Данска и Норвешка

септември 23, 2025

Данска и Норвешка беа принудени да ги затворат своите главни аеродроми во понеделник навечер поради забележани дронови. Данската полиција не можеше да го потврди видот или бројот на дронови видени околу аеродромот во Копенхаген, но им кажа на новинарите утроvo дека веројатно биле управувани од способен оператор кој сакал да се пофали. Полицијата потврди дека вооружените […]

Царинска управа: Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

септември 15, 2025

Од Царинска управа известуваат дека се запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен од страна на царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД. Патникот иако со себе носел поголема количина пари за колекционерски цели се упатил […]

(Фото-вест) Премиерот фрли лопата на камен темелник на нов маркет „Лидл“ во Ново Лисиче

септември 3, 2025

Малопродажен објект на познатиот ланец „Лидл“, денеска започна да се гради во општина Аеродром. Објектот ќе се протега на површина од 3.438 квадратни метри, со продажен простор од 1.200 квадратни метри. Почетокот на изградбата го означија премиерот Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, в.д. градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, претставничката […]

ТАВ Македонија донира целосно опремено амбулантно возило на Општата болница во Кочани

август 27, 2025

ТАВ Македонија, оператор на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, донираше целосно опремено амбулантно возило на ЈЗУ Општа болница – Кочани. Со оваа донација целат да го подобрат итниот медицински одговор и услугите за граѓаните на општина Кочани и поширокиот источен регион на земјата. „ Во ТАВ Македонија, нашата посветеност кон заедницата […]

„Визер“ најавува нова рута од Скопје до Келн

август 7, 2025

Унгарската авиокомпанија „Wizz Air“ ја најави новата директна рута што ќе ги поврзува Скопје и Келн. Билетите се веќе достапни на официјалната веб-страница wizzair.com и преку мобилната апликација „WIZZ“, по почетна цена од 1.619 денари за еден правец, вклучувајќи ги сите задолжителни такси. Со ова проширување, авиокомпанијата нуди вкупно 34 дестинации во 15 земји, заминувајќи […]

ТАВ Македонија: Бројот на патници на двата македонски аеродроми порасна за 5 отсто во првите 6 месеци

јули 25, 2025

Во првите шест месеци од 2025 година, двата македонски аеродрома опслужиле вкупно 1.529.451 патници, што претставува пораст од 5 отсто во однос на истиот период минатата година, соопшти ТАВ Македонија. Во истиот период е забележан и пораст на бројот на летови за 3 отсто, со вкупно 12.235 авиосообраќајни операции од јануари до јуни. Од ТАВ […]

Нови летови од Скопје до Анкара, Дијабакир и Чукурова

јуни 2, 2025

Меѓународниот Аеродром Скопје од први јуни се поврза со уште три градови во Турција. Авиокомпанијата АJet изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова, Дијарбакир, три нови дестинации за одмор, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, а на Ajet до аеродромот Чукурова […]

Општина Аеродром не ги доби ветените кружни текови за намалување на сообраќајниот метеж

мај 6, 2025

И Тимчо Муцунски, кој беше градоначалник на Општина Аеродром две години и осум месеци, како и неговиот наследник на таа функција, Дејан Митески, не го остварија предизборното ветување за изградба на барем еден од ветените два кружни тека кои би го намалиле сообраќајниот хаос во оваа општина, на помалку од 6 месеци пред одржувањето на […]

Со шпанска и француска музика и безалкохолна сангрија испратени првите патници за Барселона и Лион

мај 4, 2025

Со шпанска и француска музика, освежителна безалкохолна сангрија и празнична атмосфера, Меѓународниот аеродром Скопје синоќа ги испрати првите патници на директните летови кон Барселона и Лион – нови дестинации што ги воведе нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“. Летот кон Барселона повторно се воведува откако беше укинат во јануари 2022 година. На обновениот лет до Барселона полетаа […]

Училиштата повторно мета на сајбер напади, утрово на мејл им стасале лажни дојави за бомби

февруари 7, 2025

Нови лажни дојави за бомби утрово стасале во неколку училишта во Скопје, на нивните службени мејлови. Во Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдуваат информацијата и најавуваат повеќе детали во текот на денот. Мета поразговара со директорката на училиштето „Ацо Шопов“ во Радишани, Билјана Симоноска Антовска, по информацијата дека и во ова училиште утрово имало […]

ТАВ Аеродроми: Нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли

јануари 24, 2025

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека „easyJet“, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации во Франција и со водечка улога во локалното поврзување, воведува нов директен лет од Меѓународниот аеродром Скопје до аеродромот Орли во Париз. „EasyJet“ ќе почне да лета од Париз до Скопје и назад на 2 […]

Страна 1 од 12