fbpx

Бујар Османи ја претстави експресната постапка на аеродромите за имателите на МКарта

-

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска официјално ја претстави можноста носителите на МКарта да имаат експресно завршување на процедурите на аеродромите во Скопје и Охрид, при влегување во земјава.

Проектот МКарта беше пoчнат во мај 2021 година, како признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажале истакнат успех, а со тоа и промоција на Северна Македонија во странство.

„Проектот МКарта преставува мрежа на наши квалитетни поединци во дијаспората, кои со својата стручност и нагласен ангажман се истакнуваат во новата средина во која живеат, што ги чини вистински амбасадори кои на најдобар можен начин ја претставуваат Северна Македонија. Забрзаниот премин на нашите аеродроми, кое се реализира во соработка со МВР, претставува симболично препознавање на нивниот труд и квалитет и благодарност на нашите институции и држава“, порача Османи.

Тој објасни дека меѓу носителите има научници, лекари, бизнисмени, културни работници итн., за кои имаме желба и интерес да бидат дел од нашиот севкупен развој и општествени процеси.

Дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство се задолжени да ги детектираат таквите поединци, а изборот кој ќе биде носител на МКарта се реализира во строго предвидена процедура. Досега таква можност добиле 69 наши државјани, припадници на дијаспората, тврди Министерството за надворешни работи..

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ ги повика социјалните мрежи да ги означуваат содржините генерирани од вештачка интелигенција

Компаниите за социјални медиуми, вклучувајќи ги и Гугл и Фејсбук, беа повикани од ЕУ „веднаш“ да започнат со етикетирање на содржините и фотографиите генерирани од вештачка интелигенција, како дел...
Premium WordPress Themes Download
Download Premium WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
online free course
download mobile firmware
Download WordPress Themes
online free course