Ѓубрето се расчисти, останаа кавгите меѓу Арсовска и градоначалниците

Ѓорѓиевски вели дека нема да ја плати казната кон „Дрисла“, а градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, тврди дека тој е „функционално неписмен и нема основна култура на однесување“

-

Сите општини можат да одлагаат отпад во ЈП „Дрисла“ и за тоа да им се изработи фактура и да им се наплати, како што било и досега, рече денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по најавите дека општината ќе добие казна од над 85 илјади евра. Казната следува откако во неделата, а по сериозниот застој со одлагањето на сметот поради штрајкот во ЈП Комунална хигиена Скопје, градоначалниците на Кисела Вода и Аеродром, Ѓорѓиевски и Тимчо Муцунски, со камиони од општината и со друга зајмена механизација собираа смет од своите општини, но ЈП „Дрисла“ одби сметот да биде истурен на депонијата, по што градоначалниците донесоа одлуки тој да се истури пред претпријатието.

Случајот „Комунална хигиена“ на виделина го извади сето ѓубре

Ѓорѓиевски вели дека нема да ја плати казната, а градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, тврди дека тој е „функционално неписмен и нема основна култура на однесување“.

„Додека се спречуваше камионите од Кисела Вода и Сопиште да одложат отпад, возила со италијански таблички, но и други беа пропуштани, значи селективно. По неколку пати повикување од разумност, да го внесеме отпадот во Дрисла, значи отпад да внесеме, не ни беше дозволено. Првата опција беше да го истовариме пред вратите, а втората опција беше отпадот да биде вратен во Кисела Вода, можеби и тоа ѝ беше целта на Арсовска“, рече Ѓорѓиевски додавајќи дека нема никаква намера да ја плати казната.

„Ниту еден денар нема да биде платен и секој мој чекор, како и досега, ќе биде во интерес на моите сограѓани. Јас сум добил поддршка и го штитам нивниот интерес“, рече Ѓорѓиевски.

Тој рече дека Арсовска лаже дека општината Кисела Вода нема договор со ЈП „Дрисла“, покажувајќи им на новинарите влезни фактури од последниот месец.

„Општините си одлагаат отпад, за тоа им се изработува фактура и им се наплаќа. Ова се влезните фактури, конкретно за јуни“, рече Ѓорѓиевски, додавајќи дека и Општина Сопиште била казнета за истото, со над 50.000 евра за одложување отпад на јавна површина.

Наспроти ова, Арсовска тврди дека градоначалникот на Кисела Вода е „функционално неписмен“ и дека општината нема никаков договор со „Дрисла“.

„Напротив, барањето за склучување на договор е испратено до ЈП Дрисла вчера на 11.07.2023 година. Договор има компанијата „Анизор“ која е ангажирана преку тендер од страна на општина Кисела Вода за одлагање на отпад во ЈП „Дрисла“ со која никогаш немало никаков проблем. Но, би сакале да го потсетиме Ѓорѓиевски дека вечерта кога го истураше отпадот пред  ЈП „Дрисла“ самиот изјави дека тој чин го прави под „целосна сопствена одговорност“. Оттука, срамно е да плаче на прес-конференции и да се жали, наместо тоа, нека остане барем на едно ветување дадено пред јавноста – овој пат наместо да глуми храброст пред камери, нека ја докаже“, се вели во соопштението на градоначалничката на Град Скопје.

Проблемот со ѓубрето се претвори во политички натпревар за односи со јавност

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање на Владата...

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Претседателските избори во Романија не беа откажани од страна на НАТО и ЕУ како што невистинито се тврди во објавата, туку беа откажани од страна на Уставниот суд на Романија. Причините...

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Во периодот од 1 септември 2024 до 14 февруари 2025 биле разгледани или разгледувани 108 предлог на закони по скратена постапка, наспроти 79 во редовна постапка. Иако е периодот краток и...

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

На официјалната Фејсбук страница на НЛБ банка која има повеќе од 80 илјади следбеници, објавено е известување за оваа измамничка објава, пренесува Вистиномер.   Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:  ГИ ДУБЛИРАМЕ ИЗНОСИТЕ ЗА...

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Имајќи предвид дека сумите за рекламирање на социјалните мрежи се далеку под оние за медиумите, било за политичко рекламирање на сметка на државата било за избори, било за рекламирање...