понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: ЈП Комунална хигиена Скопје | 46 резултати

Од „Комунална хигиена – Скопје“ се пофалија дека расчистувале диви депонии

август 17, 2023

Преку соопштение до медиумите Јавното претпријатие „Комунална хигиена -Скопје“ се пофали дека работело на расчистување диви депонии на територијата на Скопје. Притоа, како што велат оттаму, подигнале околу 300 кубни метри, претежно кабаст и градежен отпад. Наводно, активностите се одвивале во Злокуќани, на повеќе локации во општината Ѓорче Петров, како и во општината Бутел – […]

Мазнева има рок до петок да образложи зошто дала отказ на 32 работници од „Комунална хигиена“

јули 26, 2023

„Комунална хигиена“ Скопје има рок од уште два дена да поднесе забелешки во однос на решението на Државниот инспекторат за труд, кој ја задолжи директорката Косана Мазнева Николиќ да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ што претходно им ги врачи на 32 работници. Редакциите на Мета.мк и на Порталб.мк се […]

Инспекторатот утврдил дека директорката на Комунална хигиена незаконски ги потпишала отказите на работниците

јули 25, 2023

Државниот инспекторат за труд (ДИТ), по поднесената преставка од вработените во јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје, донел инспекциска мерка со која менаџментот на претпријатието се задолжува да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи одлуките за отказ поради тоа што истите се спротивни на закон и колективен договор, соопштија синдикатите ССМ и СУТКОЗ. […]

Мазнева не пријавила ниту во МВР ниту во обвинителството дека вработени земале плата, а не оделе на работа

јули 14, 2023

Ниту во Министерството за внатрешни работи, ниту пак во Јавното обвинителство нема евидентирани кривични пријави, во врска со лицата за кои директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Мазнева-Николиќ, изјави дека живеат во Германија и Швајцарија, а земаат плата од Комунална хигиена. Мазнева ова го изјави на заедничката прес-конференција со Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје, […]

Ѓубрето се расчисти, останаа кавгите меѓу Арсовска и градоначалниците

јули 12, 2023

Сите општини можат да одлагаат отпад во ЈП „Дрисла“ и за тоа да им се изработи фактура и да им се наплати, како што било и досега, рече денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по најавите дека општината ќе добие казна од над 85 илјади евра. Казната следува откако во неделата, а по сериозниот […]

За два дена Комунална хигиена подигнала 1.130 тони отпад

јули 12, 2023

Во текот на изминатите два дена беа подигнати и транспортирани вкупно 1130 тони комунален отпад од контејнерите поставени на јавни површини, како и од кантите наменети за индивидуалните домаќинства, соопшти денес ЈП Комунална хигиена-Скопје. Екипите на ова јавно претпријатие, според соопштението, отстраниле и 250 кубни метри отпад од приближно дваесет диви депонии лоцирани во сите […]

Градот чист пак ќе никне – во Скопје полека се чисти отпадот [галерија]

јули 11, 2023

Некаде чисто, а некаде сè уште валкано. Вака изгледа Скопје денеска, по еколошката драма што ја доживеа, откако вработени во ЈП Комунална хигиена – Скопје речиси четири дена не го собираа сметот поради штрајк, со барања за повисоки платите, исплата на К-15 и добивање бенифициран стаж, но и барања да се вратат на работа отпуштените […]

Мазнева: Заврши работата со мафијашките структури, „Комунална хигиена“ е повторно во функција

јули 10, 2023

Директорката на ЈП „Комунална хигиена“, Косана Мазнева-Николиќ на денешната прес-конференција рече дека „успешно се справиле со мафијашките структури кои не дозволувале ниту еден вработен да ги извршува своите задачи и дека сега ситуацијата е ставена под контрола“. Со висок тон се обрати градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, која ѝ даде поддршка на Мазнева, велејќи […]

Градоначалниците со четири барања до Арсовска за проблемот со ѓубрето, таа вели дека состојбата е нормализирана

јули 10, 2023

Советот за развој на Скопскиот плански регион денеска одржа вонредна седница со единствена точка на дневен ред, проблемот со комуналната хигиена. На седницата присуствувале најголемиот број од 18 градоначалници од Скопскиот регион. На седницата не учествувала градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. На седницата, како што информираше претседателот на Советот, градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, усвоени […]

Проблемот со ѓубрето се претвори во политички натпревар за односи со јавност

јули 10, 2023

Проблемот со одложување на отпадот во Скопје се претвори во натпревар за односи со јавност меѓу општинските градоначалници и нивните матични партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, како и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Ѓубрето од контејнерите во градот не е собрано цел викенд, а од сношти стана главен фокус на медиумите, откако најпрво градоначалникот на општина […]

Ѓубрето може да донесе бактериски инфекции, трихинелоза и стаорци

јули 10, 2023

Еколошката катастрофа која му се заканува на главниот град може да предизвика бактериски инфекции и болести, велат експертите додавајќи дека бактериите уште полесно се размножуваат на високи температури од над 38 степени кои се најавени за овој период. Како што објаснува микробиологот проф. д-р Никола Пановски, ваквата состојба ќе придонесе и кон енормно размножување на […]

Случајот „Комунална хигиена“ на виделина го извади сето ѓубре

јули 10, 2023

Во целосен хаос и блокада помина викендот во главниот град, откако вработените во „Комунална хигиена“ почнаа протести и не го чистеа ѓубрето, Скопје почна да наликува на депонија, а надлежните институции топката, преку политички препукувања, си ја префрлаа едни на други. Вработените во „Комунална хигиена“ и вечерва се пред јавното претпријатие и протестираат, барајќи оставка […]

Се собира ѓубрето од здравствените установи, протестот во „Комунална хигиена“ ќе продолжи до оставка на Мазнева

јули 9, 2023

Вработените од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска донеле одлука да го соберат ѓубрето од скопските болници и поликлиники, но се децидни дека нивниот протест ќе продолжи сѐ до оставка на директорката Косана Мазнева, јави Порталб.мк. Тие излегоа на терен и почнаа да го товараат ѓубрето од Специјалната хируршка болница „Св. Наум Охридски“ кај […]

Во Скопје смрдеа од преполните контејнери и револт на граѓаните [галерија]

јули 9, 2023

Контејнерите за ѓубре се преполнети, околу нив полека растат ридови од ѓубре, а на високите температури смрдеата од ѓубрето се повеќе се засилува, па е тешко подносливо човек да им се приближи и на два метра. Таква е сликата во Скопје денеска, откако поради штрајкот на вработените во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, веќе трет […]

Ноќеска тензично во ЈП Комунална хигиена, повикана и полицијата

јули 9, 2023

Ноќеска состојбата во ЈП Комунална хигиена била тензична. Имено, полицијата била повикана во претпријатието со цел вработените да излезат на терен да работат, јави Порталб.мк. Вработените во петокот пред полноќ прекинале со работа, и се жалат на отпуштањето на голем број вработени и деградадирање од страна на актуелните раководители на претпријатието. Нема да го собереме […]

Нема да го собереме сметот додека не се вратат на работа отпуштените колеги, велат вработени во Комунална хигиена

јули 8, 2023

Вработените во Комунална хигиена во Скопје вчера вечер протестираа во знак на револт кон раководството бидејќи, како што велат, отпуштени биле десетици вработени, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж. Како што рекоа, сè додека нивните колеги не се вратат на работа и не […]

ЈП Комунална хигиена расчистиле 1.600 метри кубни отпад од диви депонии во Скопје

јули 3, 2023

Само во текот на месец јуни годинава, вработените во јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје отстраниле 1.600 метри кубни отпад од дивите депонии во главниот град. Како што соопштија оттаму, иако нивната основна дејност била собирање и транспорт на комуналниот отпад од домаќинствата и компаниите, тие дополнително расчистувале диви депонии „коишто настануваат како резултат на непрописно […]

Исчистени 25 кубни метри отпад од Капан Ан

март 17, 2023

Во текот на последните неколку дена, тимовите на ЈП Комунална хигиена-Скопје исчистија приближно 25 кубни метри отпад од Капан Ан во Старата скопска чаршија. Според изјавата на в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева, вработените излегле на терен по пријава од граѓаните, кои се пожалиле дека голема количина отпад го пречи движењето на луѓето […]

Ѓубрето на депонија е безвредно, но неговата селекција и третман може да донесе пари на општините [инфографик]

февруари 25, 2023

Комуналниот отпад фрлен на депонија е безвреден, но селекцијата на ѓубрето и нејзиниот натамошен третман на собирните центри или трансфер станици на јавните комунални претпријатија би можело да ја зголеми вредноста на селектираниот отпад и да се постигне финансиски одржлив систем. Оваа порака ја испраќаат експертите во врска со загрижувачката состојба со нискиот процент на […]

МКЦ, Зоолошката градина и „Водовод и канализација“ добиваат нови директори, Богоев реагира

јануари 18, 2023

Градоначалничката Данела Арсовска ги смени в.д. директорите на Младинскиот културен центар (МКЦ), ЈП „Водовод и канализација“ и Зоолошката градина. На директорката на ЈП „Комунална хигиена“ ѝ го продолжи мандатот, информираа од Град Скопје. За нов директор на ЈП „Водовод и канализација“ е назначен Драган Илиевски, а досегашниот директор Марјанчо Митовски, кој на позицијата беше назначен […]

Страна 1 од 3