вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Општина Кисела Вода | 26 резултати

Мета факт: Орце Ѓорѓиевски подзаборави на еколошките проекти против аерозагадувањето

16 јануари 2024

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски пред локалните избори во 2021 година вети општински субвенции за реализација на еколошки проекти со кои ќе се намали аерозагадувањето, нагласувајќи дека загадувањето е еден од најголемите проблеми во општината. Ваквото предизборно ветување е во тек на реализација, иако средствата што ги издвојува Општина Кисела Вода за решавање […]

Мета факт: Новата населба за млади во Кисела Вода допрвa ќе се реализира

19 декември 2023

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во предизборната програма има ветено проект – реализација на нова населба за млади „Чупино брдо“. Локалните власти информираат дека на ветувањето се работи, односно дека Деталниот урбанистички план за идната населба ќе биде донесен во 2024 година. Реализацијата на ваквото предизборно ветување е во тек. Во предизборната […]

Општина Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

29 ноември 2023

Ќе се реализира ветувањето на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски за поставување на мерна станица што ќе го следи квалитетот на воздухот во близина на скопската Цементарница. Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот за избор на компанија од каде ќе се набави и ќе ја монтира мерната станица, што ќе се постави на […]

Од машини за селекција на отпад до вело-паркинзи: Младите со по 10 барања до шест општини

15 ноември 2023

Младите лица од општините Чаир, Кисела Вода, Аеродром, Прилеп, Куманово и Гостивар и годинава испорачаа по 10 барања за зелени општини, кои очекуваат да се реализираат во 2024 година. Здружението „Гоу Грин“ од Скопје трета година по ред од младите собира младински барања за зелени општини. „Годинава по трет пат го отворивме повикот (прашалникот) за […]

Доаѓа сезоната на загаден воздух – државата и општините глуви за потребата од повеќе мерни станици

3 ноември 2023

Деновите со енормно загадување на воздухот се пред нас, а нема нови мониторинг станици за мерење на квалитетот на воздухот во македонските градови. Властите на национално и на локално ниво си ги префрлаат меѓусебно обврските за тоа кој треба да постави нови мерни станици низ населените места, а општ е впечатокот дека сите чекаат средства […]

Мета факт: Мерните станици ветени од Орце Ѓорѓиевски чекаат на реализација во Кисела Вода

31 октомври 2023

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во ноември 2021 година вети дека мерни станици што ќе го определуваат квалитетот на воздухот ќе се постават околу сите големи загадувачи во општината. Речиси две години подоцна, единствено е функционална мерната станица до Домот на културата во Кисела Вода кога и беше дадено ветувањето од градоначалникот, […]

Заеднички Центар за талентирани ученици отвораат општините Центар, Карпош и Кисела Вода

5 октомври 2023

Денеска во основното училиште „Димитар Миладинов“ во Скопје се отвори Центар за талентирани ученици, кој е резултат на меѓуопштинската соработка меѓу општините Центар, Карпош и Кисела Вода. Како што соопштија од Општина Центар, центарот располага со површина од 120 квадратни метри и вклучува три посебни простории и тоалет, опрема за планетариум и физика, биохемиска лабораторија […]

Ѓубрето се расчисти, останаа кавгите меѓу Арсовска и градоначалниците

12 јули 2023

Сите општини можат да одлагаат отпад во ЈП „Дрисла“ и за тоа да им се изработи фактура и да им се наплати, како што било и досега, рече денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по најавите дека општината ќе добие казна од над 85 илјади евра. Казната следува откако во неделата, а по сериозниот […]

Општина Кисела Вода ја презеде руинираната спортска сала „Расадник“ [галерија]

9 мај 2023

Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт денес ја предаде спортската сала „Расадник“ во владение на Општина Кисела Вода, откако го раскина договорот со фирмата „Империал Данела“. Објектот, кој сега е заклучен, е преземен на трајно користење без долгови. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека општината нема да има никаква обврска за подмирување на долговите […]

ДЗР: За хонорарци во 2021 година Општина Кисела Вода потрошила над 300.000 евра

18 април 2023

Општина Кисела Вода во 2021 година преку приватна агенција за вработување ангажирала лица на кои им исплатила над 300.000 евра (над 18 милиони денари) за вршење редовни работни задачи, од кои дел, спротивно на законот, траеле и повеќе од две години, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР). Ревизорите во својот извештај го опфаќаат периодот и […]

Општина Кисела Вода го реобјави меѓународниот конкурс за идејно решение за Расадник

15 март 2023

Општина Кисела Вода го реобјави меѓународниот конкурс за идејниот лик на градскиот кварт Ј14, попознат кај нашите граѓани како ДУП Расадник, информираат општинските власти. Од денес, па во наредните четири месеци тој ќе биде предизвик за изработка на идејно урбанистичко-архитектонско решение за идниот изглед на оваа локација во населбата Кисела Вода. „Иако посакуваните решенија, не […]

Мета факт: Во тек е реализацијата на ветувањето за меѓународен конкурс за избор на идејно решение за „Расадник“ во Кисела Вода

10 февруари 2023

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во предизборната кампања пред локалните избори во 2021 година им вети на граѓаните дека ќе спроведе меѓународен конкурс за избор на идејно решение за урбанизација на локацијата „Расадник“ во населбата Кисела Вода. Ова ветување што треба да се спроведе во неговиот мандат до 2025 година во моментов […]

Отворена сензорна соба во основното училиште „Круме Кепески“ во Кисела Вода

2 февруари 2023

Основното училиште „Круме Кепески“ доби сензорна соба опремена со рехабилитациско-рекреациска опрема и мноштво дидактички материјали и сензорни елементи преку проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Станува збор за проект кој го спроведуваат Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање […]

Поништен конкурсот за локалитетот „Расадник“, доставени само четири труда а потребни биле најмалку седум

24 јануари 2023

Меѓународниот архитектонско-урбанистички конкурс за избор на идејно решение за локалитетот „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода е поништен, затоа што до истекот на крајниот рок биле доставени само четири конкурсни труда, информираат од Општина Кисела Вода. „Со оглед дека согласно конкурсната документација минимален број на конкурсни трудови кои ги исполнуваат условите беше седум, жири комисијата […]

РЕДИ-Рециклажа ќе собира селектиран отпад и од зградите во Аеродром, Бутел, Гази Баба и Кисела Вода

23 ноември 2022

Градоначалниците на општините Аеродром, Бутел, Гази Баба и Кисела Вода потпишаа меморандуми за соработка со социјалното претпријатие „РЕДИ-Рециклажа“ кое повеќе од една година работи со примарна селекција на отпадот од станбените згради во Скопје. Меморандумите за соработка беа потпишани во рамките на вториот меѓународен „РЕДИ Самит“ кој вчера и денеска се одржува во Скопје. Градоначалникот […]

Младите од четири општини ги доставија нивните проекти за зелени општини за 2023 година

16 ноември 2022

Нови паркови, екоработилници за климатски промени во училиштата, еко-акции во училиштата, повеќе велосипедски патеки, засадување на дрвја, субвенции за набавка и поправка на велосипеди, се само дел од десетиците проекти коишто младите од четири општини во земјава – Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Куманово ги предложија како барања за зелени проекти поднесени до општините што […]

Град Скопје изрече казна од 1.800 евра на Општина Кисела Вода за исеченото дрво

9 октомври 2021

Поради бесправно исечено дрво на булеварот „Борис Трајковски“, Инспекторатот на Град Скопје денеска на Општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1.800 евра, соопштија од Град Скопје. На социјалните мрежи денеска имаше бројни реакции за сечењето на дрвото. Градската управа вели дека дрвото е исечено без дозвола од Град […]

Општина Кисела вода ќе го расчистува просторот кај депонијата во село Драчево за да направи парк

3 февруари 2021

Започнаа активностите за расчистување на депонијата во село Драчево, со цел просторот напролет да стане зелен парк, соопштија од Општина Кисела Вода. „По целосното расчистување на депонијата, која со години наназад создаваше грда слика и го загадуваше воздухот, на истото место, на површина од над 5.000 м2, Општина Кисела Вода ќе направи зелен парк со […]

Во Скопје најголемо намалување на одѕивот, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 1.660 гласа пред Можеме (инфографик)

17 јули 2020

Мал одѕив на гласачите во главниот град на одржаните парламентарни избори на 15 јули, како и тесна изборна трка меѓу двата главни конкуренти – коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Незадоволство од работата на политичките партии или страв од можноста за ширење на ковид-19? Овие прашања се поставуваат по објавувањето на конечните неофицијални резултати на Државната […]

Дрвјата во Расадник родија згради (герила-акција)

12 ноември 2019

Во интересна герила акција група граѓански активисти денеска искажаа протест против градењето без контрола во општина Кисела Вода, односно најавата за изградба на згради на просторот на Расадникот. „Дрвјата во Расадник родија згради. Македонија е земја на чудата, чуда се случуваат секој ден насекаде околу нас, а нам ни останува само да се чудиме. Најчудно […]

Страна 1 од 2