fbpx

Општина Кисела Вода го реобјави меѓународниот конкурс за идејно решение за Расадник

Од општината информираат дека архитектонските награди се во износ од 15.000, 8.000 и 3.000 евра за прво, второ и треторангираниот најквалитетен труд

-

Општина Кисела Вода го реобјави меѓународниот конкурс за идејниот лик на градскиот кварт Ј14, попознат кај нашите граѓани како ДУП Расадник, информираат општинските власти. Од денес, па во наредните четири месеци тој ќе биде предизвик за изработка на идејно урбанистичко-архитектонско решение за идниот изглед на оваа локација во населбата Кисела Вода.

„Иако посакуваните решенија, не ги добивме во првиот обид, поради тоа што и покрај големата заинтересираност, имаше недоволен број на пријави и конкурсот мораше да се поништи, сепак Општина Кисела Вода не се обесхрабри во намерата Расадник да биде пристојно и хумано место за живот“, велат од Општина Кисела Вода.

Жирито веднаш по завршување на конкурсот направило опсежна анализа за причините за недоволниот број на пријавени апликации. Во изминатиов период се одржале состаноци со Архитектонскиот Факултет, Комората на Архитекти и Асоцијацијата на Архитекти на Македонија и се направиле анкети на сите заинтересирани потенцијални апликанти, по што, мешовитата работна група од трите институции и општината ги вклучила во конкурсната документација насоките добиени од факултетот и професионалната заедница.

Од денес 15.03.2022 се до 03.07.2023, конкурсот е јавно достапен на веб страната на Бирото за јавни набавки: https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/46dfaa8e-a95d-442c-bacf-bab88806cd38/6, како и на линкот: http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/3559-33333.

Од општината информираат дека архитектонските награди се во износ од 15.000, 8.000 и 3.000 евра за прво, второ и треторангираниот, како и за двата откупа во износ од по 2.000 евра, а за нивното доделување ќе одлучува 9-члена меѓународна стручна жири комисија, во која се вклучени и граѓаните преку Партиципативното тело за урбанизам на Општина Кисела Вода.

Поништен конкурсот за локалитетот „Расадник“, доставени само четири труда а потребни биле најмалку седум

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.