ДЗР: За хонорарци во 2021 година Општина Кисела Вода потрошила над 300.000 евра

Општина Кисела Вода во текот на 2021 година има исплатено и 44 илјади евра, по основ на авторски договори, склучени со 23 лица, кои земале од 12 до 89 илјади денари месечно

-

Општина Кисела Вода во 2021 година преку приватна агенција за вработување ангажирала лица на кои им исплатила над 300.000 евра (над 18 милиони денари) за вршење редовни работни задачи, од кои дел, спротивно на законот, траеле и повеќе од две години, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Ревизорите во својот извештај го опфаќаат периодот и кога градоначалник на Кисела Вода беше Филип Темелковски, до 26 октомври 2021 и актуелниот, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник од 27 октомври 2021 година.

ДЗР утврдил дека од вкупниот број привремено вработени лица во 2021 година изнесувал 82, кои по месеци се движеле од 45 до 64.

„Отстапените лица од приватната агенција се ангажирани за вршење на редовни работни задачи предвидени со Правилникот за систематизација на работните места, а 30 од нив, биле ангажирани континуирано за период подолг од две години. Ваквиот начин на работење, не е во согласност со член 24 од Законот за приватните агенции за вработување, кој предвидува во кои случаи, агенцијата може да отстапи работник за вршење на привремени работи и да склучи договор, но не подолго од две години, со или без прекин“, се вели во ревизорскиот извештај.

Понатаму, констатирано е дека 29 од вкупно ангажираните лица не ги исполнувале потребните услови за образование, утврдени во Правилникот за систематизација на работните места, што не е во согласност и со одредбите на Законот за приватните агенции за вработување, каде што е наведено дека „основните услови за работа и вработување на привремените агенциски работници кои треба да бидат исполнети за времетраењето на нивното отстапување кај работодавачот корисник, се истите оние услови кои би се обезбедувале доколку работниците би биле вработени директно од страна на истиот работодавач, за извршување на истата работа“. Ревизорите констатирале и дека во дел од договорите за ангажирање лица од Приватната агенција за вработување, висината на основната платата не е усогласена со платата на државен службеник на тоа работно место.

Во текот на 2022 година оваа состојба била надмината, односно Агенцијата за привремени вработувања со допис била известена дека е потребно да се изврши усогласување на платите на државните службеници.

Во ревизорскиот извештај се вели и дека Општина Кисела Вода во текот на 2021 година има исплатено вкупно 2,7 милиони денари (44 илјади евра), по основ на авторски договори, склучени со 23 лица. Овие лица, според ревизорите, земале месечен надоместок од 12 до 89 илјади денари.

Дел од склучените авторски договори биле поврзани со работни задачи за редовно систематизирани работни места, како на пример изготвување систематизација, план за организирање на културни манифестации, протокол за спортски манифестации, средби со медиуми, состаноци и агенда на градоначалникот…

„Од доставените извештаи на лицата кои биле ангажирани со авторски договор, утврдивме дека дел од нив воопшто не презеле активности во насока на креирање авторско дело согласно склучените договори (стручен труд) и дефиницијата утврдена во член 12 од Законот за авторското право и сродните права, туку истите преземале конкретни и повторливи дејства, како работни задачи во рамките на општинската администрација“, се вели во извештајот.

За изборот на овие лица, според ревизорите, не постоеле пишани критериуми како во поглед на потребата од нивно ангажирање, така и во поглед на стручните квалификации и компетенции кои би требало да ги поседуваат, а не постоеле ниту критериуми за утврдување на висината на надоместоците за извршената работа.

Скопјанец е осомничен за намерно предизвикување пожар во просториите на Адвокатската комора на РСМ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека намерно предизвикал пожар во просториите на Адвокатската комора на Република Северна Македонија...

Ученици поправале оцени во е-дневник, МОН бара сите родители и наставници да ги сменат лозинките

Упад во системот на електронскиот дневник, кој се случил викендов, беше причина надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) да побараат сите корисници (околу 140.000 наставници, професори и родители) да...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

Скопјанец е осомничен за намерно предизвикување пожар во просториите на Адвокатската комора на РСМ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека намерно предизвикал пожар во просториите на Адвокатската комора на Република...