Град Скопје изрече казна од 1.800 евра на Општина Кисела Вода за исеченото дрво

Грб на Град Скопје во салата на Советот на градот | Фото: Град Скопје, 2017 година

Поради бесправно исечено дрво на булеварот „Борис Трајковски“, Инспекторатот на Град Скопје денеска на Општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1.800 евра, соопштија од Град Скопје.

На социјалните мрежи денеска имаше бројни реакции за сечењето на дрвото.

Градската управа вели дека дрвото е исечено без дозвола од Град Скопје и поради тоа е изречена казната.

„Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира“, се вели во соопштението.