fbpx

Општина Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Заинтересираните компании ќе имаат рок до 13 декември да ги достават понудите до Општина Кисела Вода, по што ќе следи постапката за избор на најповолен понудувач. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера напиша дека ова е првата мерна станица што се поставува кај Цементарницата

-

Ќе се реализира ветувањето на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски за поставување на мерна станица што ќе го следи квалитетот на воздухот во близина на скопската Цементарница. Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот за избор на компанија од каде ќе се набави и ќе ја монтира мерната станица, што ќе се постави на кружниот тек пред Цементарницата.

Огласот е објавен на веб-страницата на Електронскиот систем за јавни набавки. 

Заинтересираните компании ќе имаат рок до 13 декември да ги достават понудите до Општина Кисела Вода, по што ќе следи постапката за избор на најповолен понудувач. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера напиша дека ова е првата мерна станица што се поставува кај Цементарницата, додека со буџетот за наредната година е предвидено поставување на уште две мерни станици – едната во Драчево и уште една во Кисела Вода.

„Здравата животна средина е наш приоритет и стратешка заложба, па контролата на квалитет на воздухот, посебно во близина на индустриски капацитет е неопходност во борбата против загадувањето. Ова е само еден чекор во борбата за животната средина, а сега останува да се засили ангажманот на градот Скопје и централната власт кои имаат ингеренции во оваа област“, напиша на Фејсбук градоначалникот Ѓорѓиевски.

Инаку, ветувањето за поставување на мерни станици на територијата на Општина Кисела Вода беше наведено во предизборната програма на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, како и во изјава за медиуми на 20 ноември 2021 година, кога беше пуштена во употреба и првата мерна станица лоцирана во паркот Македонија до Домот на културата во Кисела Вода.

Мета.мк преку рубриката Мета.факт во октомври годинава пишуваше за ова ветување на градоначалникот Ѓорѓиевски, при што тогаш од локалните власти во Кисела Вода добивме одговор дека реализацијата на ова предизборно ветување е во тек и дека до крајот на 2023 година ќе се изврши набавката и ќе биде поставена мерна станица пред АД Цементарница во Усје согласно програмата на градоначалникот.

Мета факт: Мерните станици ветени од Орце Ѓорѓиевски чекаат на реализација во Кисела Вода

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...