четврток, 23 април, 2026
Meta.mk

Ознака: тендер | 181 резултати

Пропадна тендерот за регионалната депонија во Свети Николе, нема детали за причините

октомври 7, 2025

Тендерската постапка за избор на компанија која треба да ја гради првата регионална депонија за Источниот и Североисточниот регион во земјава во селото Мечкуевци во Свети Николе не заврши успешно. Од Министерството за животна средина само накратко информираат дека причината поради која пропадна тендерот е недоволен интерес, односно затоа што се пријавиле мал број компании […]

Две веледрогерии ќе треба да платат казна од 1,7 милиони евра заради незаконско здружување на тендер

јуни 12, 2025

Вишиот Управен суд со пресуда го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое се утврди дека две големи веледрогерии, Д-р Пановски и Фарма Трејд, склучиле забранет договор – картел при учество во постапка за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал, […]

Продолжен е рокот за понуди на тендерот за депонијата во Свети Николе

февруари 20, 2025

Рокот за достава на понуди на тендерот за избор на компанија која ќе ја гради првата регионална депонија во земјата во селото Мечкуевци кај Свети Николе е продолжен. Наместо до 18 февруари, како што беше првично предвидено, компаниите кои се заинтересирани на тендерот ќе можат да се пријавуваат до 14 март. „Вообичаено е на големи […]

До јуни може да се знае фирмата што ќе ја гради регионалната депонија во Свети Николе

февруари 4, 2025

Договорот со фирмата која ќе треба да ја изгради првата регионална депонија во земјава, во селото Мечкуевци во Свети Николе, може да биде потпишан во првата половина на годинава. Тендерот кој беше објавен во октомври минатата година сѐ уште е во тек и течат роковите за достава на понудите од заинтересираните компании. Според најавите од […]

Потрошени 3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, без тендер за одржување на патиштата

јануари 12, 2025

ЈП за одржување на патиштата сè уште нема склучено договор со фирма за зимско одржување на патиштата низ земјава; За справување со снегот и мразот по патиштата и улиците, досега се склучени договори од 3,5 милиони евра; Оваа сума од 3,5 милиони евра допрва ќе расте бидејќи уште 13 тендери се во тек; Речиси и […]

Одобрен е тендерот за изградба на првата регионална депонија по европски стандарди во Свети Николе

октомври 19, 2024

Одобрен е тендерот за избор на фирма која ќе ја гради првата регионална депонија во земјава што ќе работи по европски стандарди. Станува збор за депонијата во селото Мечкуевци, во Општина Свети Николе, која треба да ги покрие потребите на жителите на Источниот и Североисточниот регион. Според најавите од Министерството за животна средина, крајниот рок […]

Тендерот за депонијата во Свети Николе сè уште се разгледува, нема најави кога ќе се распише

август 6, 2024

Тендерската документација за избор на компанија која ќе треба да ја изгради првата регионална депонија во земјава во селото Мечкуевци, Свети Николе сè уште чека одобрување. Тендерот за овој капитален проект, за кој земјава доби грант средства од Европската Унија, беше најавено дека ќе биде распишан најдоцна во јануари годинава, но сепак, повеќе од половина […]

Хирушките сали на Клинички ќе чекаат нови компресори до Нова година

јули 1, 2024

До Нова година се очекува да се нормализира работата на хируршките клиники при Клиничкиот центар, бидејќи дотогаш се очекува да бидат инсталирани нови компресори за кислород. На брифинг со новинарите, министерот за здравство Арбен Таравари кажа дека деновиве е објавен тендер за набавка на нови компресори. „Се надевам дека до крајот на декември ќе се […]

Се чека одлука за втора истрага за пожарот во Модуларната болница во Тетово

март 17, 2024

Иако поминаа седум месеци откако Јавното обвинителство во август 2023 година информираше дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води уште една истрага за пожарот во модуларната болница, во кој изгореа 14 лица, од оваа институција за Порталб.мк нагласуваат дека Обвинителството е пред донесување на одлуката, но не наведуваат конкретен датум. Обвинителството за Порталб.мк […]

Петровска: Сомнителна руска фирма сакаше да добие тендер за криптозаштита во Министерството за одбрана

март 11, 2024

Сомнителна руска фирма се обидела да влезе на тендер за набавка на специфична опрема за Министерството за одбрана, информира денеска министерката Славјанка Петровска. За случајот информираше првично телевизија Телма, каде министерката Петровска во интервју за КОД изјави дека фирма со руски капитал и со седиште во Европска Унија се обидела да добие тендер во Министерството […]

Тендерот за регионалната депонија во Свети Николе чека одобрение од финансии и од ЕУ

февруари 25, 2024

Тендерот за избор на компанија која ќе треба да ја изгради регионалната депонија во Мечкуевци, Свети Николе сè уште не е објавен. Иако беше најавено дека ќе биде распишан најдоцна во јануари годинава, во моментов тендерската документација е на одобрување во Министерството за финансии и Делегација на ЕУ. Од Министерството за животна средина за Мета.мк […]

Автопатот Кичево – Охрид затрупан во свлечишта, ни по една деценија не се гледа крајот

февруари 13, 2024

Наспроти оптимизмот што го ширеше власта дека од јануари оваа година до Охрид ќе се возиме по нов автопат, последните информации не влеваат надеж дека историската автопатска делница ќе биде завршена во скоро време. Пред автопатот Кичево-Охрид долг 57 километри, кој започна да се гради во февруари 2014 година во времето на власта предводена од […]

Пропадна и последниот тендер за Чебрен, дведецениската сага продолжува

јануари 3, 2024

Пропадна и 14. тендер за изградба на хидроелектраната Чебрен на Црна река, откако грчката фирма „Архиродон“ не ја продолжи банкарската гаранција која истекла на 31 декември минатата година, со што дведецениската сага поврзана со изградбата на овој енергетски капацитет веројатно ќе има и петнаесетто продолжение. Министерката за животна средина, Каја Шукова денеска информираше дека понудата […]

Објавен тендерот за последната делница од пругата кон Бугарија – рокот за изградба е 5 години

декември 23, 2023

Утрово, на веб-сајтот на ЕУ, беше објавен тендерот за третата фаза од изградбата на железничката пруга од Куманово до границата со Бугарија (Деве Баир), како дел од Коридорот 8. Станува збор за третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, додека изградбата на останатите две делници од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до […]

Повеќе од 2 милиони евра ќе чинат регистарските таблици и налепниците со ознаката „НМК“ на возилата

декември 14, 2023

Министерството за внатрешни работи ја заврши постапката за набавка на регистарски таблици и налепници на возилата со новата ознака „НМК“. На Бирото за јавни набавки објавен е договорот кој тежи 2,2 милиони евра, а тендерот го добила групација од понудувачите Квантум ДООЕЛ и германската „ЕХА Хофман интернационал“. Договорот меѓу МВР и компаниите ќе се спроведува […]

Министерот Меџити го демантира Министерството за здравство за раскинувањето на договорот за кичевската болница

декември 13, 2023

Министерот за здравство, Фатмир Меџити завчера даде контрадикторна изјава во врска со постапката за раскинување на договорот со фирмата која не успеа да ја заврши изградбата на Општата болница во Кичево. Од Министерството за здравство на 4 декември за Порталб.мк изјавија дека е покрената постапката за раскинување на договорот, но министерот за здравство завчера изјави дека […]

Шукова: До јануари ќе се распише тендер за изградба на регионалната депонија во Свети Николе

декември 11, 2023

Најдоцна до јануари ќе биде распишан меѓународниот тендер за избор на компанија што ќе ја гради регионалната депонија и претоварните станици за Источен и Североисточен регион кај селото Мечкуевци, Општина Свети Николе. Ова денеска го најави министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова. Министерката информираше дека во финална фаза е подготовката на тендерската […]

Општина Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

ноември 29, 2023

Ќе се реализира ветувањето на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски за поставување на мерна станица што ќе го следи квалитетот на воздухот во близина на скопската Цементарница. Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот за избор на компанија од каде ќе се набави и ќе ја монтира мерната станица, што ќе се постави на […]

Страна 1 од 9