fbpx

Грковска: Сајбер безбедноста носи исти предизвици за сите земји, неопходна е соработка

„Сите ние се соочуваме со истите ризици, со истите предизвици и затоа координиран и заеднички пристап е неопходен“, изјави вицепремиерката Грковска

-

Со предизвиците на сајбер безбедноста и сајбер отпорноста не може ниту една земја да се справува самостојно и изолирано, независно од тоа колку една земја е развиена или не. Ова го порача вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во своето обраќање на Глобалната конференција за градење сајбер капацитети „Сајбер отпорност за развој“ која се одржува во Гана.

„Сите ние се соочуваме со истите ризици, со истите предизвици и затоа координиран и заеднички пристап е неопходен“, изјави вицепремиерката Грковска.

Истакнувајќи ја важноста на настаните кои придонесуваат за обликување на иднината на светско ниво, вицепремиерката Грковска нагласи дека е исклучително важно сајбер политиките да бидат составен дел од колективните напори за намалување на разликите во социо-економскиот развој и реализацијата на глобалните развојни цели.

„Од една страна, дигитализацијата помага да се забрза развојот и да се направат позначајни чекори кон подобрување на услугите и стандардите за граѓаните во помалку развиените земји. Но, од друга страна, уназадувањето или стагнацијата на ова поле станува дополнителен комплицирачки и поткопувачки фактор за сите други развојни политики“, истакна Грковска во обраќањето на пленарната сесија.

Таа додаде дека за успешен процес на дигитална трансформација на општеството, но и на сајбер безбедно и отпорно општество, клучно е градењето на широк, не само политички, туку и општествен консензус за потребата од инвестиции во соодветни технички капацитети и инфраструктура, како и за градење на стручен човечки капитал со знаење и квалификации за подобрување на севкупните дигитални вештини.

На самото отворање на глобалната конференција, учесниците заеднички поддржаа „Акра повик за развивање на сајбер отпорност“, кој се залага за посилно партнерство и координација и кој претставува рамка за глобална акција.

Во текот на денешниот ден, вицепремиерката ќе биде говорник и на две панел сесии кои ќе бидат посветени на процесите на јакнење на капацитетите за сајбер безбедност, како и за родовиот јаз и неконвенционалните стратегии за инклузија на жените во овој сектор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборна единица 3 на претстојните избори Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот...