петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: соработка | 346 резултати

Путин на средба со Додик: Ситуацијата во Република Српска и БиХ е тешка

октомври 3, 2025

Рускиот претседател Владимир Путин, за време на средбата со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Босна и Херцеговина, ја опиша ситуацијата во Република Српска и БиХ како тешка. „Многу ми е мило што повторно се сретнавме, овој пат на маргините на Валдеј клубот во Сочи. Неодамна го прославивте Денот на српското единство, 15 септември. […]

Филипче: СДСМ нема соработка со ДУИ или Левица

септември 30, 2025

СДСМ нема соработка со ДУИ или со Левица, изјави денеска лидерот на опозициската партија Венко Филипче. Тој истакна дека неговата партија на претстојните локални избори ќе настапува заедно со партнерите во нивната коалиција, а од политичките противници ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ побара да не подгреваат национализам и да разговараат за важни и сериозни прашања. „Тоа се […]

Средни училишта од Македонија ќе градат партнерства со училишта од Западен Балкан

септември 23, 2025

Нови 23 средни училишта од Македонија ќе градат партнерства со училишта во регионот преку регионалната програма за размена за размена на средни училишта од Западен Балкан што ја имплементира RYCO – Регионална канцеларија за младинска соработка. Програмата промовира интеркултрно учење, дијалог и партнерства помеѓу средношколците од регионот, а младите ќе учат за мир, почит, пријателство […]

Доктори од Систина ќе работат и во јавното здравство каде што има недостаток на кадар

септември 10, 2025

Медицински кадар од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе работи и во јавните здравствени институции, особено во ситуации на зголемени потреби, недостиг на кадар или други приоритетни здравствени барања. Министерството за здравство и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на квалитетот и достапноста на здравствените услуги во јавните здравствени установи. […]

Царините на Трамп ги зближуваат Кина и Индија

август 31, 2025

Кина и Индија се зближуваат, откако двете земји се погодени од царините на американскиот претседател Трамп. Индискиот премиер Нарендра Моди слета во Кина на безбедносен самит, а неговата земја се соочува со царини од 50 отсто за стока наменета за САД, како дијаманти и ракчиња, како казна за континуираното купување руска нафта. Експертите велат дека […]

Преку проектот за суперучилишта наши средношколци ќе се дружат со партнерски училишта од Западен Балкан

септември 20, 2024

Во новиот циклус на „Проектот за размена на суперучилишта за Западен Балкан“, вклучени се петнаесет средни училишта од Македонија заедно со нивните партнерски училишта од регионот. Министерката за образование и наука Весна Јаневска на настанот каде беа претставени наградените проекти за оваа учебна година, изјави дека создавањето силни врски меѓу средните училишта во регионот ја […]

Средба на министерот Тошковски со амбасадорката на Украина Лариса Дир

јули 30, 2024

Миниистерот за внатрешни работи Тошковски денеска оствари средба со амбасадорката на Украина Н.Е. Амбасадорката на Украина. Тој изрази надеж дека соработката помеѓу двете министерства ќе се зголеми во наредниот период. Меѓу другото беше побарано да се зајакне билатералната соработка  во делот на кризниот менаџмент. Амбасадорката се заблагодари за заштитата која ја има понудено државата на […]

Уставен суд и Правниот факултет ќе соработуваат со заеднички проекти

јули 11, 2024

Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Уставниот суд во Скопје денеска ќе потпишат меморандум за соработка, за да ја зголемат активноста и вклученоста на професорите во делот на уставното право, организирање на програми и проекти. Меморандумот ќе го потпишат претседателот на судот д-р Дарко Костадиновски и деканот проф. д-р Сашо Георгиевски. „Потпишувањето на овој меморандум е […]

Студенти на УКИМ ќе одат на обуки за дезинформации и односи со јавност

јануари 26, 2024

Студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе имаат можност да се стекнат со практично искуство посетувајќи обукина еден од Регионалните центри за справување со дезинформации и односи со јавност кој наскоро се очекува да ја добие НАТО акредитација. Ова, меѓудругото, е предвидено со меморандумот за соработка кој денеска го потпишаа ректорката Биљана Агелова и […]

Грковска: Сајбер безбедноста носи исти предизвици за сите земји, неопходна е соработка

ноември 29, 2023

Со предизвиците на сајбер безбедноста и сајбер отпорноста не може ниту една земја да се справува самостојно и изолирано, независно од тоа колку една земја е развиена или не. Ова го порача вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во своето обраќање на Глобалната конференција за градење сајбер капацитети „Сајбер отпорност за развој“ […]

Стара вест злоупотребена за ширење невистини дека „цело Косово е запишано во нашиот пензиски систем“

септември 16, 2023

Уште од 2014 година, има договор меѓу С. Македонија и Косово со кој двете земји се обврзани да го признаат стажот на граѓаните од двете држави сè до стекнување на минималната пензија. Како што беше тогаш објавено, станува збор за околу 2.500 македонски граѓани кои ќе можат да се стекнат со право на пензија доколку […]

Адеми: Регионалната соработка не може да ја замени интеграцијата во ЕУ

септември 12, 2023

Иако инклузивната регионална соработка е важна на нашиот пат кон членство во ЕУ и е во насока на градење на меѓусебни односи, базирани на толку посакуваните европски вредности, таа не може да го замени нашето зачленување во европското семејство, порача претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Арбер Адеми на регионалниот настан „Унапредување на Берлинскиот […]

Зеленски во Бугарија, Украина ќе ја добие опремата за атомската централа „Белене“

јули 6, 2023

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска беше во посета на Софија, каде потпиша меморандум за енергетиката, со кој опремата на неизградената атомска централа „Белене“, Бугарија би можела да ја продаде на Украина. Се предвидува преговорите да траат два месеца, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Истовремено, Европскиот Совет денеска појасни дека ќе нема пречка Украина со пари подарени […]

Пендаровски го потврди ставот на поддршка за евроатлантските аспирации на Косово

април 26, 2023

Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со неговата колешка од Косово, Вјоса Османи, ја потврди својата поддршка кон евроатлантските аспирации на Косово. Тој изрази спремност Северна Македонија да ги сподели своите искуства во врска со реформските процеси, како на патот кон Европската Унија, така и во однос на членството во НАТО. Пендаровски исто така изрази […]

ЕУ и САД се обврзаа за засилена соработка во кибер безбедноста

декември 16, 2022

На 8-от ЕУ-САД Кибер-дијалог што вчера и денеска се одржа во Вашингтон, двете страни ги изразија своите заложби за засилување на кибербезбедноста и за засилена двострана соработка на тој план, соопшти дипломатската служба на ЕУ, односно Надворешна акција на ЕУ. Притоа, двете страни нагласија дека во тоа целосно ќе ги вклучат своите партнери, со акцент […]

Гостување на Народниот театар од Белград, балетот „Жизел“ в среда во Националната опера и балет

декември 15, 2022

На 21 декември со почеток во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет во Скопје, ќе гостува Народниот театар од Белград со балетската претстава „Жизел“ од Адолф Адам. Овој настап се случува во рамките на неодамна потпишаниот меморандум за соработка меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија „Open Balkan Theatre / Театар Отворен […]

Македонија ќе го зајакне партнерството со УНОПС за справување со историските “жешки” точки

ноември 10, 2022

Земјава сака да ја интензивира и прошири соработката со Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (УНОПС) за решавањето на проблемите со индустриските жешки точки. За ова се разговарало на работната средба на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со вршителот на должност извршен директор на Канцеларијата на Обединети Нации за проектни […]

Ковачевски и Донев разговарале за зголемување на капацитетот на гасоводот

октомври 29, 2022

Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Галаб Донев, на денешната билатерална средба, поврзана со почетокот на рехабилитацијата и целосната изградба на пругата од Куманово до границата со Бугарија, разговарале и за зголемување на капацитетот на засега единствениот гасовод во земјава, кој е продолжение на бугарскиот гасовод. „На билатералната средба помеѓу премиерите […]

Креативен конкурс за млади на тема – Што значи безбедноста, солидарноста и соработката за вас?

октомври 14, 2022

Младите на возраст од 15 до 29 години кои создаваат дизајни и други креативни содржини на социјалните мрежи ќе имаат можност да учествуваат на конкурс на тема тема од областа на безбедноста, солидарноста и соработката. Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), […]

Шахпаска – Галовеј: Ја интензивираме соработката со Велика Британија, положбата на Ромите е приоритет

ноември 2, 2021

Министерката за труд и социјална работа, Јагода Шахпаска, денеска одржа средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја, Рејчел Галовеј. На средбата министерката и амбасадорката разговараа за тековните проекти на Министерството, со посебен акцент на проектите кои се однесуваат за помош и реинтеграција на Ромите во време на ковид-криза. „Успешно ја реализираме втората фаза […]

Страна 1 од 18