fbpx
Таг: соработка

таг: соработка

Потпишан протокол за соработка во борбата против трговијата со луѓе со Бугарија

Министерот за внатрешни Оливер Спасовски и вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, денеска потпишаа протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе. „Мигрантската криза со која се соочија нашите држави во изминатите години го зголеми ризикот од трговија со луѓе. Со потпишување на протоколот јасно ја изразивме нашата подготвеност...

Во Стратегијата на Светска банка за нашата држава, ќе се реализираат проекти од 420 милиони евра

Во рамки на Стратегијата за соработка помеѓу нашата држава и Светска банка, Министерството за финансии денеска потпиша и Меморандум за разбирање со Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ и со СЕКО, за развој и спроведување на Проектот за лесна индустрија на Југоисточна Европа. Според министерот за финансии овој проект ќе помогне да се подобри конкурентноста на македонските добавувачи во регионот на Југоисточна...

ССК во Кина склучи договор за зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит

Претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовка е во официјална посета на НР Кина, како дел од иницијативата на НР Кина „17+1“ во која активно е вклучен и Сојузот. Во рамки на официјалната посета, во Нингбо, Арсовска склучи договор за соработка со кој во платформата „17+1“ следната година Македонија и Кина ќе преземат активности за зголемување...

Пендаровски-Димитров: Да се пополнат приоритетните дипломатско-конзуларни претставништва

Претседателот Стево Пендаровски, денеска се сретна со министерот за надворешни работи, Никола Димитров. На средбата, меѓудругото се разговарало и за функционалноста на постоечката дипломатска-конзуларна мрежа и за потребата од скорешно пополнување на приоритетните дипломатско-конзуларни претставништва, со цел непречена реализација на надворешно-политичките приоритети. „Претседателот Пендаровски и министерот Димитров изразија очекување за валоризација на севкупните напори на земјата од страна на Европскиот совет...

Тевдовски: Новата стратегија за соработка и проекти со ЕБОР ќе се усвои до крај на мај

Новата четиригодишна стратегија за соработка со Европската банка за обнова и развој ќе се усвои до крај на мај, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на Годишните средби на ЕБОР, кои се одржуваат во Сараево. Во новата стратегија има повеќе проекти, кои треба да поддржат три приоритети: поддршка на конкурентноста, јакнење на регионалната интеграција и поддршка на приближувањето кон...

Заев: Со Кина потпишавме Акционен план за соработка во областа на земјоделството

Ја унапредуваме соработката со НР Кина и со земјите од ЦИЕ, посебно во областа на земјоделството, што ветува дополнителен напредок и развој на оваа наша стратешка економска гранка, изјави премиерот Зоран Заев кој учествува на осмиот Самит на шефови на Влади на земјите од ЦИЕ и НР Кина од процесот 16+1 во Дубровник. Тој додаде дека на овој начин се отвораат...

Македонските и грчките компании ќе соработуваат во енергетиката и инфраструктурата

На бизнис-форумот на кој присуствуваа 400 стопанственици и компании од Северна Македонија и Грција беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу двете земји и се одржаа тет-а-тет средби помеѓу присутните компании. „Преминуваме од состојба кога сме имале многу ограничен простор за економска соработка со Привремената спогодба од 1995 до целосно отворено поле за економска соработка кое допрва ќе треба сите заедно...

МЕР потпиша протокол за соработка со грчкиот оператор на гас ДЕСФА

Во рамките на посетата на владината делегација на Република Грција, денес, во просториите на Македонски енергетски ресурси (МЕР) се потпиша протокол за соработка како анекс на меморандумот потпишан во 2016 година, кој ги дефинира техничките и финансиските аспекти на интерконекцискиот вод меѓу МЕР и грчкиот национален оператор на гас ДЕСФА. „Со анексот се продлабочува и соработката на АД МЕР и...

Руската Федерација го призна нашето ново уставно име

Амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин на премиерот Зоран Заев му врачи копија од нотата на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, согласно која врз основа на одлуката на претседателот на Руската Федерација, оваа земја го признава новото име на нашата земја - Република Северна Македонија, информираат од Влада. „На средбата во кабинетот на премиерот Заев двајцата соговорници ги потврдија...

Азески: Балканот да покаже дека може подобро, договорот ЦЕФТА е најголемо промашување

Не смее да се дозволи политичките спорови да влијаат врз бизнисот во Западен Балкан е пораката пренесена од претставниците на Коморскиот инвестициски форум, на Копаоник бизнис-форум 2019 што се одржува од 3 до 6 март. На панел-дискусијата на тема „Западен Балкан-Регионална економска област“ беше истакнато дека регионалната економска соработка е неопходна за да можат компаниите од Западен Балкан да бидат поконкурентни на...

Азески-Рукичи: Бизнисмените бараат побрза изградба на автопатот кон Косово

Претседателите на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и на Стопанската комора на Косово, Берат Рукичи, одржаа работна средба, на која разговараа за перспективите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, но и за зајакнување на меѓукоморската соработка, која е на исклучително високо ниво во изминатите години. „Азески и Рукичи разговараа за тековните проектни активности во рамките на Коморскиот...

Ангеловска – Бежоска на средба со делегацијата на ЕБОР: Економијата закрепнува

Гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска - Бежоска и вицегувернерите остварија средба со делегацијата на Одборот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која е во неколкудневна посета на земјава. Раководството на НБРМ ги презентирало согледувањата и оцените за македонската економија, за македонскиот банкарски систем и неговата стабилност. „Македонската економија закрепнува, а банкарскиот систем во земјава е стабилен и...

Заев во официјална посета на Бугарија, денеска ќе се сретне со Борисов

Премиерот Зоран Заев, во рамките на неговата официјална посета на Бугарија, денеска ќе се сретне со претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов во Софија. Тие, како што информираат од Владата, ќе разговараат за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. „Премиерот Заев ќе ја...

Османи – Брегу: Македонија, практично, ги затвори сите отворени прашања со соседите

Со имплементација на договорот од Преспа, но и претходно, преку историскиот Договор за добрососедство со Бугарија, Македонија во моментов ги има затворено практично сите поважни отворени прашања со соседите и претставува предводник на регионалната соработка на Балканот. Со таква порака се обрати македонскиот вицепремиер Бујар Османи на средбата со Генералната секретарка на Регионалниот совет на соработка (РСС), Мајлинда Брегу. Вицепремиерот Османи...

Средба помеѓу делегации на Македонија и Бугарија предводени од Анѓушев и Дончев

Во пресрет на одржувањето на првиот македонско-бугарскиот бизнис форум „Македонија-Бугарија 2019“, во Владата на Република Македонија се одржа билатерална средба помеѓу вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и потпретседателот на Советот на Министри на Република Бугарија, Томислав Дончев. Од владиниот прес-центар информираат дека во главниот фокус на разговорите било продлабочувањето на економската соработка и...

Ципрас: Првиот договор со новото име на соседот да биде за брза пруга со Грција и Србија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас од Белград, каде е на официјална посета и средба со српскиот државен врв, твитна дека со претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговарале за тространа соработка со Македонија во полињата на транспортот, енергетиката, трговијата, како и за полициска соработка. Меѓу другото, тој најави и изградба на брза железница меѓу Атина и Будимпешта. Με τον Πρόεδρο Βούτσιτς συνομιλήσαμε για...

Италијанските компании заинтересирани за учество во развојни капитални проекти

Искуствата, технологиите и знаењата на италијанските компании во фазите на проектирање, изведба и надзор на градежните проекти кои се планира да се реализираат во Македонија се добродојдени, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на отворањето на бизнис-форумот кој го организира канцеларијата на италијанската Агенција за трговија во Скопје. На бизнис-форумот присуствуваа претставници од 15 италијански компании, со меѓународно искуство во...

Делегација на Стопанска комора утре на бизнис-форум во Атина

Делегација на Стопанската комора на Македонија, утре ќе учествува на еднодневен бизнис-форум во Атина и на билатерални средби помеѓу македонски и грчки стопанственици, информираат од таму. Настанот, Комората го организира во соработка со Атинската трговско-индустриска комора, во насока на интензивирање и зголемување на економската соработка помеѓу двете држави. Во делегацијата ќе учествуваат компании-членки на Комората од повеќе различни сектори градежништвото, металната индустрија,...

Азески: ЦЕФТА договорот е мртов, соседите наместо да соработуваат се случува катастрофа

ЦЕФТА договорот е мртов, тоа само треба да се констатира, рече денеска претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески по средбата со раководството на ВМРО-ДПМНЕ, на која се размениле мислења околу економските прашања од значење за бизнисот. – Загрижува ЦЕФТА договорот кој паѓа. Секој ден имаме кршење на неговите одредби. Ако претставуваше предворје на ЕУ, преку кое се подготвуваме да...

Анѓушев место Заев на работниот појадок кај Курц со премиерите од Западен Балкан

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска присуствуваше на работниот појадок кој го организираше канцеларот на Австрија, Себастијан Курц за премиерите од Западен Балкан. Анѓушев присуствуваше на појадокот наместо премиерот Зоран Заев откако тој го откажа неговото учество поради внатрешните политички случувања во земјата. Од Владата информираат дека главна тема била регионалната соработка која има важна улога во процесот на...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...