fbpx

ЕУ и САД се обврзаа за засилена соработка во кибер безбедноста

-

На 8-от ЕУ-САД Кибер-дијалог што вчера и денеска се одржа во Вашингтон, двете страни ги изразија своите заложби за засилување на кибербезбедноста и за засилена двострана соработка на тој план, соопшти дипломатската служба на ЕУ, односно Надворешна акција на ЕУ. Притоа, двете страни нагласија дека во тоа целосно ќе ги вклучат своите партнери, со акцент на Украина и Западен Балкан.

„Осмиот Кибер-дијалог се одржа во контекст на драматично влошената средина на кибер закани поради нелегалната воена агресија на Русија врз Украина, којашто ја нагласи потребата за засилена прекуатлантска соработка и кооординацја за спречување, утврдување и одговарање на злонамерните кибер активности и ја нагласи потребата за преземање мерки критичната инфраструктура да биде безбедна и отпорна“, соопшти Дипломатската служба на ЕУ.

Се дискутираше и за соодветните сегашни и идни кибер стратегии, политики и легислатива, како и за кибер дипломатијата, справувањето со кризи и одговарањето на кризи. ЕУ информираше за нејзината позиција за кибер сферата и новата политика за кибер одбрана развиена во 2022 година, со цел да се засили кибер отпорноста на ЕУ и нејзините капацитети да откријат, одвратат и да реагираат, со којашто се засилува соработката меѓу кибер-чинителите во ЕУ и развивање механизми за сплотувањето на заедничките капацитети на ниво на ЕУ, се дознава од соопштението.

ЕУ и САД исто така ја потврдија својата постојана посветеност на промовирање на глобален, отворен, слободен, стабилен и безбеден кибер простор, каде што меѓународното право, вклучително и почитувањето на човековите права и основните слободи, се применуваат во целост, и се поддржува социјалниот, политичкиот и економскиот развој на ЕУ, САД и нивните партнери, вклучувајќи ги тука Украина и Западен Балкан.

 

Засилување на градењето кибер капацитети
Градењето на кибер капацитетите е приоритет за ЕУ и САД и вклучува поддршка во следењето на полето на заканите, засилувањето на владините структури за справување со кибер закани, откривање и одговарање на кибер напади, клучително управување со кризи и кибер отпорност.

По сесијата од овој најнов кибер дијалог посветена на наученото од координацијата во поддршката на Украина и Западен Балкан, ЕУ и САД се договориле дополнително да ја продлабочат соработката за изградба на капацитети и поддршшката за справување со кибер кризи да ја прошират на трети земји.

Стабилен кибер простор
За да се одржува кибер просторот стабилен и безбеден, ЕУ и САД се решени да ги сметаат државите за одговорни за активности што се спротивни на растечкиот консензус за однесување на државите во кибер просторот.

Покрај соработката во ОН, ЕУ и САД искажале интерес за потесна соработка на овој план во други меѓународни организиации и регионални форуми, вклучително ОБСЕ, Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), Форумот за управување со интернетот (IGF), Г20 и други истомисленици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...