Зеленски во Бугарија, Украина ќе ја добие опремата за атомската централа „Белене“

Истовремено, Европскиот Совет денеска појасни дека ќе нема пречка Украина со пари подарени од ЕУ да ги купи бугарските реактори и опрема

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска беше во посета на Софија, каде потпиша меморандум за енергетиката, со кој опремата на неизградената атомска централа „Белене“, Бугарија би можела да ја продаде на Украина. Се предвидува преговорите да траат два месеца, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg.

Истовремено, Европскиот Совет денеска појасни дека ќе нема пречка Украина со пари подарени од ЕУ да ги купи бугарските реактори и опрема.

Идејата за изградба на втората бугарска атомска електрана „Белене“ се родила уште во 1970-те, по што во следната деценија почнуваат првите градежни работи. Набавена е и опрема од СССР, но распадот на Источниот блок, во кој беше и Бугарија, во 1991 година ги прекина работите. Следните чекори се преземени во 2005 година, но по низа перипетии во следните години, постигнато е многу малку за доизградба на електраната.

Доколку преговорите бидат успешни, сè што е поставено од реактори и друга опрема би било преземено од Украина, за некоја од нејзините нуклеарки.

Освен тоа, Зеленски со бугарскиот премиер Николај Денков потпиша и заедничка декларација за евроатлантската интеграција на Украина.

Пред потпишувањето на Меморандумот за соработка во енергетиката во бугарската влада, беше соопштено дека бугарскиот парламент со 155 гласа „за“ и 57 „против“ наложил бугарскиот министер за енергетика Румен Радев да почне преговори со Украина за „Белене“. Предлогот во парламентот не го прифатија пратениците од проруските партии „В’зраждане“ (Преродба) и Бугарската социјалистичка партија (БСП), напоменува mediapool.bg.

„Почнаа сериозни разговори дали реакторите од „Белене“ може да се користат во една од централите во Украина. Разговорот е во суштина за големото количество опрема што би можела да се користи во Украина“, појасни бугарскиот премиер Денков.

Украинскиот претседател, пак, се заблагодари за поддршката од Бугарија за неговата земја.

„Сакам да се заблагодарам на Бугарија за поддршката и заштитата на животите на нашите граѓани. Бугарија е заштитничка, противник на геноцидот што го врши Русија кон нашата земја“, рече Зеленски на прес-конференцијата во бугарската влада.

Тој појасни дека денеска со Бугарија е договорено значително да се активира соработката во одбранбениот сектор, а ќе се продолжат и преговорите за долекување и рехабилитација на украински војници во Бугарија, како и за обука на воено-медицински персонал во Бугарија.

„Разговараме и за темата за обнова на Украина, особено во образовната сфера“, рече тој.

Бугарскиот премиер појасни дека Бугарија е подготвен да учествува во пост-воената обнова на Украина, пренесува mediapool.bg.

„Нашата земја е готова да учествува во пост-воената обнова на Украина – за енергетската и транспортната инфраструктура. Бугарски компании се подготвени да помогнат за реставрацијата и конзервацијата на споменици на културата во Украина, а од разговорите денеска дознавме дека Украина има интерес да соработуваме и во областа на образованието и развојот на нови образовни технологии. Бугарија сака траен и праведен мир во светот, и ќе го направи неопходното за него“, рече Денков.

Тој појасни дека Украина уште минатата година упатила барање за реакторите од „Белене“.

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

Не е точно дека децата во Македонија примаат „секакви експериментални“ вакцини, како што тоа сака да го прикаже објавата. Министерството за здравство на страницата за информации околу вакцините и задолжителната имунизација,...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на...