„Шорткат“: Каква е состојбата со дигитализацијата на универзитетите?

Најважните вести и настани од изминатата недела ги издвојуваме во нашите нови вести за млади

За студентите во земјава е неопходна дигитализацијата на државните универзитети. Актуелната состојба укажува на различен степен на дигитализација кај македонските високообразовни установи. Повеќе детали на оваа тема ќе дознаете вечерва во новата епизода на „Шорткат“.

Во новите вести за млади информираме и за тоа колку младите лица (не) се вклучени во решавањето на општинските проблеми.

Носиме убави вести од спортот за успехот на нашите репрезентативци на Светската Специјална Олимпијада, а ве запознаваме и со годинешната програма на Меѓународниот филмски фестивал „ОДА“ во Тетово.

„Шорткат“ се емитува вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи – ИнстаграмТикТокЈутјуб и Фејсбук.