петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: спорт | 31 резултати

Инклузивен прирачник за џудо со адаптирани техники за лица со интелектуална попреченост

25 јули 2023

Џудо Клуб Дрим Струга и Порака Нова Струга, заедно со партнерите од Србија и Романија креираа Инклузивен Џудо Прирачник со адаптирани џудо техники за лицата со интелектуална попреченост. Примарната цел на овој прирачник изработен во рамки на проектот „Џудо за сите“ (Judo4All) кој е поддржан од Европската Унија, е да охрабрат што повеќе џудо клубови […]

„Шорткат“: Каква е состојбата со дигитализацијата на универзитетите?

6 јули 2023

За студентите во земјава е неопходна дигитализацијата на државните универзитети. Актуелната состојба укажува на различен степен на дигитализација кај македонските високообразовни установи. Повеќе детали на оваа тема ќе дознаете вечерва во новата епизода на „Шорткат“. Во новите вести за млади информираме и за тоа колку младите лица (не) се вклучени во решавањето на општинските проблеми. […]

Средношколците да јадат помалку брза храна и повеќе да вежбаат, трендот на дебелина и неактивност расте

7 април 2023

Родителите да се информираат подобро што јадат нивните деца-средношколци додека се на училиште, во училиштата да има автомати за храна која ќе биде нутритивно богата, а во наставната програма по физичко образование да се даде акцент на вежби кои ќе го намалат трендот на дебелина и на појава на деформитети кај младите. Ова се препораките […]

Анкета на Мета: Средношколците на училиште најчесто јадат бурек, пециво или тост, а 30 отсто не се физички активни

6 април 2023

Средношколците најчесто јадат бурек, хамбургер, тост или пециво додека се на училиште, а најчесто пијат кафе или вода. Ова го покажаа резултатите од анкетата што ја направи Мета.мк, со која целта беше да видиме какви се навиките во исхраната на средношколци од неколку училишта за средно образование, како и колку често спортуваат. Анкетниот прашалник го […]

ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе продолжат да се градат годинава, но не во барокен стил

6 февруари 2023

Повеќе од единаесет години по основањето, најголемиот факултет во државата никако да добие свој сопствен објект. Бројот на студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) од година в година се зголемува, а „туѓите“ простории што ги користи институцијата и за кои плаќа кирија, стануваат премали за да ги задоволат потребите. Тесно е […]

Потребно е зголемување на признанијата за женските спортови и за успесите на жените во спортот

5 декември 2022

Во Северна Македонија, поради недостигот на податоци и недостигот на важни истражувања на темата родова еднаквост во спортот, тешко е да се креираат политики засновани на докази. Постојните истражувања и податоци укажуваат дека жените и девојчињата помалку се занимаваат со физичка активност од мажите и момчињата. Нема податоци што покажуваат колку жените од маргинализираните заедници […]

 Детската лига на ФФМ му дадe црвен картон на говорот на омраза: „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“

30 октомври 2022

Денес, на фудбалските терени на Фудбалската федерација на Македонија се одржа спортски настан за подигање на свеста кај младите, семејствата, родителите и поддржувачите во рамките на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“, која се фокусира на борбата против говорот на омраза и дискриминацијата, во соработка со Македонската […]

Грковска – Роутанен: Младите се наши партнери во креирањето политики за добро владеење

25 октомври 2022

Младите се важен партнер во креирањето политики за добро владеење, истакна вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на средбата со генералниот директор за демократија и човечко достоинство во Советот на Европа, Марја Роутанен. На состанокот што се одржа во Анталија, Турција на маргините на 17-тиот конгрес на Советот на Европа, на кој […]

Пендаровски: Игравме според правилата, но судиите не секогаш праведно нè оценуваа

8 септември 2022

Иако почнавме од иста стартна позиција и игравме според правилата, во одредени периоди како држава се соочивме со двојни стандарди и пристрасни судии што не секогаш ни овозможуваа праведно оценување на постигнатото. Ова го истакна во своето обраќање претседателот на државата Стево Пендаровски, по повод 8 Септември, денот на независноста на државата. Тој на свечена […]

Мојсовски: Три милиони евра ќе бидат издвоени за непречени активности на спортските субјекти во ковид кризата

23 април 2021

Три милиони евра или 184,5 милиони денари ќе бидат издвоени од државниот буџет за спортските субјекти за непречено спроведување на активностите во ковид кризата. Според Законот за спорт, досега, во услови на ковид-19, 666 спортски субјекти, 60 федерации и 173 спортисти добиле спортски ваучер за таа намена. Ова го изјави на денешната прес конференција, директорот […]

„Скопје Слагерс“ – првиот македонски бејзбол тим полека но сигурно ги освојува трите бази

24 октомври 2020

Младите во државата што сакаат да спортуваат или пак да научат нешто ново и поинакво, сега имаат уште една опција при изборот на спорт – безјбол. Она што во 2015 година започнало како вон-училишна активност на неколку приватни училишта во државата, во јуни годинава официјално се регистрираше како првиот македонски бејзбол клуб. Додека повеќето држави […]

Почесен црн појас за амбасадорката на Јапонија од македонската џудо федерација

7 октомври 2020

Џудо федерацијата на Република Северна Македонија ѝ додели почесен црн појас – 1 дан на амбасадорката на Јапонија во Македoнија, Кеико Ханеда, јави ipon.mk. Церемонијaта на предавањето на почесната награда се одржа вчера во службените простории на амбасадата. Во име на федерацијата плакетата и црниот појас со посвета ги предаде делегација предводена од претседателот Владимир […]

„Вардар“ е европски првак во ракомет

3 јуни 2019

Ракометниот клуб „Вардар“ ја освои Лигата на шампионите и стана европски првак во ракомет. Во финалето во Келн, „Вардар“ го победи „Веспрем“ со три гола разлика. Скопскиот плоштад синоќа беше исполнет со бројни навивачи и граѓани кои ја одбележаа победата на клубот. „Вардар“ иако се соочува со финансиски проблеми, и голем дел од играчите потпишаа […]

Заев: Тениските игралишта на ВМРО-ДПМНЕ сега служат за пасење крави

26 април 2018

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков, на седницата за пратенички прашања го праша премиерот Зоран Заев дали директорот на Aгенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, ќе поднесе оставка поради низата скандали во Агенцијата меѓу кои е и збирката песни, за која рече дека има елементи на дискриминација. – Збирката има скандалозна содржина а директорот Дарко […]

Се подготвува нов Закон за спорт и десетгодишна национална стратегија за спорт

7 февруари 2018

Нов Закон за спорт и десетгодишна национална стратегија за спорт најави денеска премиерот Зоран Заев по дебатата во Владата со спортски работници, претставници на спортски федерации, здруженија и поддржувачи на развојот на спортот, за стратешките основи за развојот на спортот во Македонија. – Ве уверувам дека во мене имате спортски партнер, а во Владата поддршка. […]

Заев до ракометарите: Вашиот успех е мотив Владата силно да го поддржи спортот

7 јуни 2017

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со ракометарите на „Вардар“ кои го освоија првото место во Лигата на шампиони, со раководството на клубот, како и со претседателот и со претставници на Ракометната федерација на Македонија. Тој, од името на Владата, им врачи плакета за благодарност. „Вашиот успех е амбасадорска промоција на Македонија, не само во Европа, […]

Груевски пак се заборави и иако е само партиски лидер, најави владини активности

20 септември 2016

Поранешниот претседател на Владата, а сега само лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по куса пауза повторно почна да говори како „де факто“ премиер. Последен пример за тоа е т.н. „промоција на мерките од областа на спортот“, која ја направи како да ја води владата или, во најмала рака, Агенцијата за млади и спорт. „Ние си зацртавме наша наредна […]

Почина спортската легенда Мухамед Али

4 јуни 2016

По 31-годишна борба со Паркинсоновата болест, на 74 години почина спортската легенда, Мухамед Али. Поранешниот светски боксерски шампион во тешка категорија, еден од најпознатите спортисти во светот, почина во болница во градот Феникс, Аризона, откако беше примен во четвртокот. Тој страдаше од респираторна болест, состојба  комплицирана од Паркинсоновата болест. Погребот ќе се одржи во родниот […]

Преку спортски активности до психофизички развој на децата со аутизам

4 април 2016

Физичката активност може многу да помогне во целокупниот психофизички развој на децата со аутизам. Ова беше истакнато на денешната спортска манифестација организирана по повод Меѓународниот ден на аутизмот, одржана на спортските терени на Државниот универзитет во Тетово. Деца со аутизам од Тетово, Гостивар и од Дебар учествуваа во повеќе спортски дисциплини. – Мора да кажам […]

Општина Гостивар годинава ќе одвои 6 милиони денари за развој на спортот

27 јануари 2016

За поддршка на спортски манифестации и за развој на спортот, Општина Гостивар годинава од својот буџет ќе одвои 6 милиони денари или двојно повеќе во споредба со минатата година. Парите се предвидени за развој на масовниот спорт и на рекреативните активности на граѓаните, поддршка на традиционални спортски манифестации, ученички и студентски спортски активности, како и […]

Страна 1 од 2