fbpx

Пендаровски: Игравме според правилата, но судиите не секогаш праведно нè оценуваа

-

Иако почнавме од иста стартна позиција и игравме според правилата, во одредени периоди како држава се соочивме со двојни стандарди и пристрасни судии што не секогаш ни овозможуваа праведно оценување на постигнатото. Ова го истакна во своето обраќање претседателот на државата Стево Пендаровски, по повод 8 Септември, денот на независноста на државата. Тој на свечена церемонија денеска ги одликуваше македонските спортисти Оливера Наковска – Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски со високото државно признание Орден „8 Септември“.

„На 8 септември 1991 година, користејќи го сувереното право на самоопределување, прогласивме независна држава и се вклучивме во културниот натпревар меѓу народите. Крајот на Студената војна го означи почетокот на тој голем натпревар во кој многу држави од Централна, Источна и Југоисточна Европа работеа напорно за да изградат стабилни и функционални демократски институции и да се интегрираат во светот. На овој тежок пат постигнувавме и успеси, но, приредувавме и разочарувања за македонските граѓани“, наведено е во обраќањето на претседателот.

Енергијата, додава тој, честопати ја трошевме во меѓусебни обвинувања и опструкции, а на внатрешен план, најголем предизвик со кој и ден-денес се соочуваме се длабоките поделби во македонското општество, во нашиот тим.

„Единството е клучниот предуслов за успех, а, за да бидеме поуспешни во натпреварот меѓу народите, мора да го обновиме заедништвото и да ја вратиме свеста, не за личниот интерес, туку за општото добро. Колку и да е важен двигател на општествените процеси, личниот интерес, сам по себе, не е доволен да изгради општество со развиено чувство за национален интерес, за општо добро. Оттука, вистинските двигатели на заедништвото треба да ги бараме меѓу оние кои не се мотивирани од тесни интереси, туку од повисоки цели“, вели во обраќањето Пендаровски.

Според него, меѓу ретките херои на македонската независност се и спортистите кои со своите успеси нè поврзуваат дури и кога сме длабоко поделени.

„Ќе почнам со човекот кој во 1992-та ни го донесе првиот медал во независноста – нашиот параолимписки шампион Бранимир Јовановски. Освен златото од Барселона, Бранимир освои над 50 медали од светски и европски првенства и купови и е повеќекратен македонски државен шампион во стрелаштво со воздушен пиштол. Како тренер, своите искуства несебично ги споделува со другите. Како граѓански активист, преку „Мобилност Македонија“, Бранимир со години се бори за солидарно општество со еднакви можности за сите, во кое и лицата со попреченост ќе можат, како рамноправни, да го живеат животот“, се додава во соопштението од кабинетот на претседателот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...