Креативен конкурс за млади на тема – Што значи безбедноста, солидарноста и соработката за вас?

Фото: Националниот младински совет на Македонија

Младите на возраст од 15 до 29 години кои создаваат дизајни и други креативни содржини на социјалните мрежи ќе имаат можност да учествуваат на конкурс на тема тема од областа на безбедноста, солидарноста и соработката.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), распиша конкурс на кој младите треба да одговорат на креативен начин –  Што значи безбедноста, солидарноста и соработката за вас?

Учесниците, како што истакнаа организаторите, можат да одговорат на прашањето со тоа што ќе креираат видео содржина (YouTube видео, TikTok, Reels, Podcasts…), креативна графичка содржина (дизајн, стрип, илустрација…), фотографија, сликарство или цртање или есеј. Преку содржините младите треба да кажат кои теми им се поважни како млади луѓе, што најмногу ги засеага или интересира кога станува збор за безбедноста, солидарноста и соработката, а воедно ќе можат и да се изразат на различни креативни начини.

Комисија составена од претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет ќе ги оценуваат поднесените содржини. Комисијата ќе ги награди три најдобри содржини со следните награди:

  • Прво место – Активна камера Go Pro Hero 9 Action
  • Второ место – Паметен часовник Гармин Vivoactive 4
  • Трето место – Слушалки JBL Bluetooth Earbuds

Конкурсот е отворен од 12 октомври до 15 ноември 2022 година.

Креативната содржина треба да се достави преку е-пошта на [email protected] и [email protected] вклучувајќи име, презиме, датум на раѓање, телефонски број, е-маил адреса и градот од каде што доаѓа учесникот, со назнака „ЈАВЕН КОНКУРС НА ТЕМА БЕЗБЕДНОСТ, СОЛИДАРНОСТ И СОРАБОТКА“.

Учесниците ќе можат да ги прикачат креативните содржини преку алатките за споделување датотеки (WeTransfer, Dropbox, Google Drive) и линкот да го вметнат во мејлот за апликација.