fbpx

Пендаровски го потврди ставот на поддршка за евроатлантските аспирации на Косово

Пендаровски на денешната средба со неговата колешка од Косово, Вјоса Османи изрази поддршка кон одлуката на ЕУ за визната либерализација за Косово, а го поздрави и договорот за прифаќање на предлогот на ЕУ за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија

-

Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со неговата колешка од Косово, Вјоса Османи, ја потврди својата поддршка кон евроатлантските аспирации на Косово.

Тој изрази спремност Северна Македонија да ги сподели своите искуства во врска со реформските процеси, како на патот кон Европската Унија, така и во однос на членството во НАТО.

Пендаровски исто така изрази поддршка кон одлуката на Европската Унија за визната либерализација за Косово и учеството во различните регионални формати на соработка, а го поздрави и договорот за прифаќање на предлогот на Европската Унија за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Тој се надева дека имплементацијата ќе придонесе кон мир, стабилност, безбедност и развој во регионот.

„Дополнително, сакам да порачам дека сме подготвени и во својство нa актуелни претседавачи со ОБСЕ да го помогнеме овој процес, особено во фазата на имплементација на одредени делови од постигнатиот договор, се разбира, во согласност со двете инволвирани страни“, рече Пендаровски.

Претседателите разговарале и за можностите за унапредување на правата на Македонците во Косово и за зближувањето на граѓаните од двете страни на границата, како и за олеснување и интензивирање на прекуграничната соработка.

По тет-а-тет средбата, претседателите ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Според агендата, Вјоса Османи-Садриу за време на дводневната посета ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...