сабота, 9 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Вјоса Османи | 15 резултати

Мицкоски за инцидентот со Османи: На аеродромот ТАВ се следат јасни меѓународни процедури на кои сум подложен и јас

август 5, 2024

Случајот на 2 август со претседателката на Косово за нас предизвика чувство на жалење и не сакаме да се повтори. На аеродромот ТАВ се следат јасни и прецизни меѓународни стандарди и процедури на кои сум подложен и јас, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со косовскиот колега Албин Курти, по средбата меѓу двете владини […]

Косово со протестна нота до С. Македонија поради инцидент на скопскиот аеродром

август 3, 2024

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала, соопшти дека МНР на Косово упатило протестна нота до властите на Северна Македонија по синоќешниот инцидент на скопскиот аеродром, во кој обезбедувањето на аеродромот се обидело да го земе приватниот телефон на претседателката Вјоса Османи, а таа била оттурната, пренесува Н1. Министерството за надворешни работи и дијаспора […]

Гаши лани се сретнал со Османи како лидер на партија, а не сега како претседател на Собранието

јуни 5, 2024

Тврдењето дека Гаши во својство на претседател на Собранието се сретнал со косовската претседателка не е точно. Тој се сретнал со Османи, но во 2023 година и тоа во својство на лидер на партија, поради што и македонското знаме не било истакнато, бидејќи не станувало збор за официјална посета на државно ниво. Ширењето на оваа манипулативна […]

Косовските граѓани можат да патуваат без визи во земјите од Шенген

јануари 2, 2024

Од 1 јануари, односно од вчера, косовските граѓани можат да патуваат без визи во сите земји на Европската Унија, кои се членки на шенген-зоната. Визната либерализација им овозможува на косовските граѓани, кои имаат биометриски пасоши, да останат до 90 дена, во рок од шест месеци, во која било од земјите членки на шенген-зоната. Претседателката, Вјоса […]

Убиен полицаец на северот на Косово, Приштина ги обвинува српските власти

септември 24, 2023

Косовската полиција утрово потврди дека еден полициски припадник е убиен, а негов колега е ранет по извршениот напад врз нив во северниот дел на Косово, јавува КосСев.инфо. Единицата за брзи интервенции на пограничната полиција во 2:34 часот забележала дека на влезот во селото Бањска биле поставени два камиона без регистарски таблички, а еден од нив […]

Косовската претседателка Османи на пуштањето во употреба на улицата „Ибрахим Ругова“ во Чаир

април 27, 2023

Улицата во Општина Чаир која го носи името на некогашниот косовски претседател Ибрахим Ругова, денеска беше свечено пуштена во употреба. На инаугурацијата на улицата учествуваа актуелната претседателка на Косово, Вјоса Османи – Садриу, како и ќерката на Ругова, Теута Ругова. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу во својот говор потсети дека оваа улица се наоѓа во […]

Пендаровски го потврди ставот на поддршка за евроатлантските аспирации на Косово

април 26, 2023

Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со неговата колешка од Косово, Вјоса Османи, ја потврди својата поддршка кон евроатлантските аспирации на Косово. Тој изрази спремност Северна Македонија да ги сподели своите искуства во врска со реформските процеси, како на патот кон Европската Унија, така и во однос на членството во НАТО. Пендаровски исто така изрази […]

Ескобар оптимист пред охридската средба, Вјоса Османи очекува резултати

март 17, 2023

Косовската претседателката Вјоса Османи вели дека претставниците од Косово одат во Охрид со надеж за позитивни резултати. На конференцијата за медиуми, по средбата со американскиот специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, таа изјави дека треба да се постигне фер и сеопфатен договор со Србија, каде двете држави ќе се третираат како рамноправни. Сепак, таа […]

Лајчак: Без формирање на Заедница на српски општини ќе нема договор меѓу Белград и Приштина

март 14, 2023

Специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак изјави дека без формирање на Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО) нема да има договор меѓу Белград и Приштина. Лајчак во интервју за Радио телевизија Србија (РТС) рече дека целта не е некој да победи, а некој друг да загуби. „Целта […]

Државниот врв во Приштина свечено ја одбележа 15-годишнината од независноста

февруари 17, 2023

Косово денеска прославува 15 години независност. Познатото обележје „Њуборн“ (новороденче) во центарот на Приштина, освен што има нова тематика, сега и се чита поинаку. Оваа година наместо Њуборн со буквите од споменикот е испишано NONEWBR што според авторот на делото Фисник Исмаили, значи No New Broken Republic, пренесе косовската телевизија Клан. Тој на својот профил […]

Вјоса Османи избрана за претседателка на Косово во наредите пет години

април 5, 2021

Со 71 гласа „за“ и 11 неважечки гласачки ливчиња, Косовскиот парламент вчера ја избра Вјоса Османи за претседател на Косово во наредните пет години. Триесет и осумгодишната поранешна спикерка на парламентот беше израна за претседател во третиот круг на гласање на кое присуствуваа 82 пратеници. Противкандидат на Османи беше Насуф Бејта, кој исто така е […]

Страна 1 од 1