недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: економска соработка | 21 резултати

Битиќи-Абазовиќ: Регионалната конкурентност е клучот за просперитет на Западен Балкан

март 10, 2021

„На заедничкиот регионален пазар целта е да се зајакне економската соработка, да се зголеми конкурентноста, но и привлечноста за пазарите на ЕУ. Регионална конкурентност, наместо регионална конкуренција. Ова е нашата иднина“, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи, на денешната заедничка прес-конференција со потпретседателот на Владата на Република Црна Гора, Дритан Абазовиќ, по средбата на која се разговарало […]

Османи на средба со Ди Мајо во Рим: Има потенцијал за уште поголема економска соработка со Италија

март 8, 2021

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета на Италија, оствари средба со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Луиџи ди Мајо. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на политичките и економските односи, вкупната билатерална соработка во сите сегменти од заеднички интерес, како и регионалните актуелни состојби […]

Вистиномер: Економските придобивки за Северна Македонија од Преспанскиот договор (III дел)

јули 9, 2020

Придобивките кои ги добивме со потпишувањето на Преспанскиот договор на економски план, можеме да ги поделиме на такви кои ги подигнуваат потенцијалите во самата земја, потоа на такви кои се дел од регионалниот развој и, секако, такви кои доаѓаат со фактот дека влегуваме во две големи асоцијации на држави како НАТО и ЕУ, односно даваат […]

Стабилна политичка клима и правна сигурност се значајни за германските инвеститори

мај 29, 2018

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска остварила работна средба со германскиот амбасадор Томас Герберих, на која што разговарале за економско-трговските релации помеѓу двете земји. Амбасадорот Герберих потенцирал дека, стабилизацијата на политичката клима, работата на реформскиот процес, особено обезбедувањето на правна сигурност се значајни фактори за германските компании да инвестираат во Македонија. „Заеднички беше констатирано дека […]

Македонија и Словенија ќе ја унапредуваат економската соработка

април 4, 2018

Македонија и Словенија се пријателски земји кои имаат добри традиционални врски во сите области. Економската соработка исто така е традиционална добра и има многу голем потенцијал да се унапреди. Ова го порачаа на денешниот Македонско-словенечки бизнис форум премиерите Зоран Заев и Миро Церар, нагласувајќи дека размената меѓу двете земји до 2020 може да достигне до […]

Сугарески и Гарет разговарале за економската соработка меѓу Македонија и Британија

февруари 2, 2018

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска имал средба со амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет, на која го информирал за капиталените проекти што се реализираат во Македонија во делот на инфраструктурата. „Амбасадорот беше запознаен со проектите што ќе се реализираат во следниот период во делот на патната инфраструктура, изградба на железницата […]

Меј договори економска соработка со Кина вредна 13 милијарди долари

февруари 2, 2018

Британската премиерка, Тереза Меј договори економска соработка со Кина вредна 13 милијарди долари, јавуваат светските агенции. Британија се обидува повторно да се наметне како глобален трговски играч, по одлуката да го напушти членството во Европската Унија, а Кина е на врвот на листата на држави со кои Лондон сака да има договор за слободна трговија, […]

Македонија и Кина ќе потпишат нов договор за економска соработка вреден 2,5 милиони евра

декември 7, 2017

Владите на Македонија и на Кина до крајот на годината се очекува да потпишат нов договор за економска соработка со кој би се обезбедиле околу 2,5 милиони евра што би биле наменети за реновирање на училишта во земјава, но и за финансирање на други проекти што ќе се утврдат како приоритетни од македонската Влада. Ова […]

Средба на координаторите од Западен Балкан во Брисел, за активности за регионална соработка

октомври 31, 2017

Прв состанок на националните координатори на шест земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, за спроведување на Повеќегодишниот акциски план (ПАП) за регионален економски простор (РЕА), се одржа денеска во Брисел. Повеќегодишниот акциски план беше усвоен на Самитот во Трст помеѓу Западен Балкан и ЕУ и се смета за клучен документ – патоказ за […]

Заев: Заедничкиот настап на економски план ќе ги привлече инвеститорите во нашите земји

август 26, 2017

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан денеска од албанскиот град Драч ја поздрави соработката меѓу земјите од Западен Балкан и порача дека очекува конкретизирање на активностите за реализација на Акцискиот план од Трст за олеснување на економската соработка меѓу државите. – Сега клучен приоритет е да се изгради регионална економска област, да се […]

Заев и Ел Шинави разговарале за продлабочување на економската соработка

август 24, 2017

Премиерот Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорката на Египет во Македонија во заминување, Манал Џеина ел Шинави. На средбата разговарале за можностите и начините за продлабочување на економската и соработката во областа на туризмот помеѓу Македонија и Египет. Двајцата соговорници договориле да се разгледаат законските можности и олеснувања, што би можеле да ги мотивираат […]

Иванов – Иваниќ: Македонија и БИХ треба да ја интензивираат економската соработка

април 20, 2017

Политичките односи меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина (БИХ) се одлични, но недостига поинтензивна економска соработка, на која мора да се работи во следниот период. Ова е задничката оценка на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, и на претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, на денешниот бизнис-форум што се одржа во Скопје. […]

Иранскиот претседател во посета на Москва

март 28, 2017

Претседателот на Иран, Хасан Рохани, денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а глвна тема на разговорите, според најавите, треба да бидат војната во Сирија и економската соработка, јавуваат светските агенции. Рохани, кој во својата прва посета на Москва пристигна вчеравечер, веќе имаше средба со рускиот премиер, Дмитриј Медведев. По состанокот […]

Ципрас утре во дводневна посета на Белград

јануари 30, 2017

Грчкиот премиер Алексис Ципрас утре ќе ја посети Србија и во фокусот на дводневната посета ќе биде зајакнување на билатералната, пред сè, економска соработка. Ципрас во Белград ќе разговара со српскиот премиер, Александар Вучиќ, и со членовите на владата и ќе учествува на работен форум помеѓу Србија и Грција. Пред посетата, тој изразил очекувања дека […]

Азески – Чадеж: Економијата да биде пред политиката помеѓу Македонија и Србија

јануари 24, 2017

Економската соработка помеѓу Македонија и Србија треба да биде пред политиката, истакнаа претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во текот на последната работна средба, која се одржа во Скопје. Од Стопанска комора на Македонија информираа дека тие апелирале до владите на двете земји да направат […]

Русија побара објаснување од Швајцарија зошто нејзин авион ја следел руската делегација

ноември 19, 2016

Русија побара објаснување од Швајцарија, откако воени авиони со швајцарски ознаки неколку минути го следеле авионот со руска делегација во воздушниот простор на таа земја. – Изразивме недоверба и побаравме објаснување од швајцарската страна поради инцидентот со рускиот владин авион на небото над Швајцарија – се наведува во соопштението на руската амбасада во Швајцарија објавено […]

Иванов – Николиќ: Во регионот има премногу историја, но не треба да живееме во минатото

октомври 28, 2016

Македонија и Србија од воспоставувањето на дипломатските односи успеаја да изградат искрени и пријателски односи и заеднички интерес на двете земји е да продолжат да ја унапредуваат соработката, изјави македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, по средбата со својот домаќин, претседателот на Србија, Томислав Николиќ. Иванов рече дека „во регионот има премногу историја и многу историски настани […]

Страна 1 од 1