вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Македонци | 112 резултати

Не е точно дека никогаш не постоела македонска нација

јануари 30, 2024

Факт е дека Македонците се посебен и автохтон народ што го населува историско-географскиот регион Македонија. Македонскиот народ ја искажувал и ја докажувал научно посебноста на својот историски, културен, јазичен, политички идентитет во континуитет, а особено во текот на 19 и 20 век, во текот на својата борба за национално ослободување и државно осамостојување. Првото заседание […]

Македонците и Албанците на европското дно според коефициентот на интелигенција [мапа]

јануари 11, 2024

Населението на Северна Македонија и Албанија со најнисок просечен коефициент на интелигенција во Европа. Поразителните резултати што ги објави World Population Review покажуваат дека просечниот IQ на Македонците е 81,91, а заедно со нас на дното во Европа се жителите на Албанија со просечен коефициент на интелигенција од 81,75. Просечниот коефициент на интелигенција е објавен […]

Не е точно дека ниту еден политичар Албанец не упатил божиќна честитка до Македонците

јануари 10, 2024

Тврдењето изнесено во објавата дека „ниеден од клучните албански фактори дали биле позиција или опозиција воедно и од исламска вероисповед не прати честитка за Божиќ до Македонците“, не е точно. Фактите говорат поинаку, а тоа лесно може да се провери доколку се посетат официјалните Фејсбук страници на албанските политичари, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот […]

Видео на Фејсбук шири невистини и шпекулации за убиството на Вања Ѓорчевска

декември 11, 2023

Трагедијата со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, за жал, беше и сè уште е повод за изобилство на дезинформации, теории на заговор, кои неуморно се шират на социјалните мрежи. Таква е и оваа вирално видео во кое сопственикот на Фејсбук профилот преку обраќање во живо изнесува многу невистини и теории засновани […]

Османи со повик до Македонците во Албанија: Слободно изразете ја вашата етничка припадност на пописот

септември 23, 2023

Ги повикувам Македонците во Албанија слободно да ја изразат својата волја и да ја потврдите вашата етничка јазична и идентитетска припадност, апелираше министерот за надворешни работи Бујар Османи во видео-обраќање до Македонците во Албанија каде се спроведува пописот на населението. „Ви се обраќам затоа што сакам да бидете уверени дека овој попис овозможува слободно да […]

Бесплатно, во полни автобуси, симпатизери на Вучиќ се мобилизираат за вечерашниот митинг во Белград

мај 26, 2023

Српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата Српска напредна странка (СНС) мобилизираа стотици поддржувачи за да присуствуваат на големиот собир кој ќе се одржи вечерва во Белград. Полни автобуси со поддржувачи од регионот, меѓу кои има и од Северна Македонија веќе се упатија кон српската престолнина. Порталот на ТВ Н1 објави дека од утрово автобуси се […]

Дезинформација е дека Македонците се избришани од графата за национална припадност за упис на факултет

мај 19, 2023

За националните малцинства постојат одредени квоти на факултетите во земјава, со цел да се обезбедат еднакви можности за образование на националните заедници, кои се малцинство. Во конкурсите кои ги распишува Министерството за образование и наука, еден од условите за идните бруцоши, заедно со останатата документација е доставувањето и на изјава за припадноста на националната заедница […]

Пендаровски го потврди ставот на поддршка за евроатлантските аспирации на Косово

април 26, 2023

Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со неговата колешка од Косово, Вјоса Османи, ја потврди својата поддршка кон евроатлантските аспирации на Косово. Тој изрази спремност Северна Македонија да ги сподели своите искуства во врска со реформските процеси, како на патот кон Европската Унија, така и во однос на членството во НАТО. Пендаровски исто така изрази […]

Божилов не рекол дека Бугарија ќе обвини Македонци за дојавите за бомби во Бугарија

април 13, 2023

Од оригиналната изјава на Божилов дадена за БНТ, се гледа дека тој изјавил нешто во сосема друг контекст и воопшто не кажал дека Бугарија ќе обвинува Македонци за дојавите за бомби. Божилов зборува за покренување на обвиненија во Македонија за дојавите за бомби во земјава, а тоа го најави и самиот министер за внатрешни работи […]

Ѓорѓи Спасов: Целта на бугарските провокации е Македонија да остане надвор од ЕУ

јануари 27, 2023

Сѐ што се случува во изминатава недела во македонско-бугарските односи е дел од „империјалните амбиции“ на Софија кон Македонија и македонскиот народ. Кога после неколкуте вета дојде францускиот предлог и целата „рамковна позиција“ на Софија се сведе само на впишувањето на Бугарите во Уставот, почнаа провокациите преку формирањето на низа клубови на Бугарите во Македонија, […]

Српскиот културен центар го „посрби“ Ѓорѓија Пулевски, социјалните мрежи зовреа, реагираше и МЗ Галичник

јануари 13, 2023

Српскиот културен и информативен центар „СПОНА“ ја возбуди јавноста во земјава и ги разбранува социјалните мрежи со завчерашното постирање на линкот до содржината на официјалниот веб-сајт, во која се обработува македонскиот преродбеник Ѓорѓија Пулевски и најголем акцент се става на неговите пројави за „старосрпството“ и потребата за спротивставување на бугарската пропаганда. Најчестите реакции од корисниците […]

Коџобашев: Македонската опозиција провоцира, семејството на Вапцаров е вознемирено

октомври 28, 2022

Намерата на претставници на опозицијата во РСМ да учествуваат во отворањето на Македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ в недела во Благоевград за бугарското Министерство за надворешни работи е провокација. Заменик-министерот за надворешни работи (МНР), Костадин Коџабашев, рече и дека семејството на поетот Никола Вапцаров е вознемирено поради користењето на името на поетот за „вакви провокации“, […]

Костадиновска-Стојчевска за „Топ Ченел“: Стратешка цел е да бидеме дел од ЕУ, како Македонци со македонска култура и македонски јазик

јуни 30, 2022

„Сакаме да се признае македонската култура, македонскиот јазик, нашата етничка припадност и посебноста што ја имаме како Македонци и како што неколкупати напомена нашиот премиер, „Да“ нашата стратешка цел е да бидеме дел од ЕУ, но не сакаме ништо повеќе или помалку отколку што заслужуваат, сакаат или имаат другите земји-членки на ЕУ“, одговори министерката за […]

Дичев: Политичките елити потфрлија, но телевизиските серии може да ги зближат Македонците и Бугарите

јануари 22, 2021

Нашата балканска политика е очигледна катастрофа. За три дена, Каракачанов го постигна она за што на Тито му требаа триесет години – нашите соседи нè замразија поискрено од кога било, а европскиот притисок расте, така што на крајот Скопје ќе влезе во ЕУ против наша волја. На крајот ние пак ќе останеме навредени и осамени. […]

Вистиомер: Не е точно дека во земјава се спроведува апартхејд врз „мнозинскиот народ“

септември 25, 2020

„Вистиномер.мк“ анализира пост на Фејсбук, во кој се изнесени неточни податоци за процентот на Албанците во државата, за нивната вклученост во плаќањето данок и направена е манипулативна конструкција со која се провоцира насилство врз етничка основа Објава со невистинита содржина се споделува на социјалната мрежа Фејсбук и шири говор на омраза. Станува збор за пост во кој […]

Владата ќе им го плати авиопревозот на граѓаните кои сакаат да се вратат, парите треба да ги вратат за 15 дена

март 25, 2020

Владата ќе организира авионски превоз за враќање во земјава на македонски граѓани кои се моментално во странство, по претходна листа од Министерството за надворешни работи, МНР. Таа е подготвена ќе ги покрие и трошоците за билетите на сите патници. А, потоа, во рок од 15 денови, лицата треба да и ги вратат парите на посебна […]

Српски свештеник ги погазува историските факти за Македонците

февруари 17, 2020

Во текст објавен на порталот „Видовдан“, инаку посветен на српската национална идеја, извесен „свештеник Угрин Поповиќ“ под наслов што е под чест да се цитира, пишувајќи за законот за вероисповеста во Црна Гора и протестите што се одржуваат во таа земја, но и некои други протести во Белград, изнесува националшовинистички ставови кон Македонците, но и […]

Историјата од „семоќното толкување“ на „Труд“ и рускиот одговор

декември 6, 2019

Бугарскиот весник „Труд“ на својата веб-страница на 4 ноември објави колумна од Костадин Филипов, еден од најгрижливите скрибомани во бугарскиот медиумски простор кој речиси не остава да помине ден без да пишува за „македонското фалсификување на историјата“. Во овој текст тој во фонот на самитот на НАТО коментира за политичката ситуација и расположението во Македонија, […]

Договорот од Нуи можеби „одзел“ Бугари на Царството Бугарија, но не само „Бугари“

декември 2, 2019

Во текст посветен на стогодишнината од потпишувањето на Мировниот договор од Нуи-сур-Сен, со кој на 27 ноември 1919 година Бугарија од една страна и силите на Антантата од другата го означуваат крајот на меѓусебното војување во Првата светска војна, минатата седмица бугарскиот портал „Топ Новини“ излезе со неколку дезинформации што се однесуваат на Македонија и […]

Во Албанија 170.000 Бугари има само во националистичките соништа

ноември 26, 2019

Бугарскиот весник „Труд“ во вчера објавена статија за 15-та светска средба на бугарските медиуми која што се одржуваше во Тирана во текот на викендот, меѓу другите информации протна и една невистина – дека најверојатно не само во регионот Голо Брдо, туку и околу Корча живееле меѓу 100 и 170.000 етнички Бугари“. Весникот оваа невистина всушност […]

Страна 1 од 6