fbpx

Српски свештеник ги погазува историските факти за Македонците

-

Во текст објавен на порталот „Видовдан“, инаку посветен на српската национална идеја, извесен „свештеник Угрин Поповиќ“ под наслов што е под чест да се цитира, пишувајќи за законот за вероисповеста во Црна Гора и протестите што се одржуваат во таа земја, но и некои други протести во Белград, изнесува националшовинистички ставови кон Македонците, но и навреди кон други националности – Ромите.

„Во наше време настанаа Македонците, Бошњаците, Ромите… во многу краток рок“. Така почнува текстот на Поповиќ полн со говор на омраза на повеќе нивоа и во кој свештеникот, смета дека Македонците „се нова измислица“.

Ваквото тврдење не е никаква новост кога станува збор за српскиот јавен простор, каде многупати се слушало дека Македонците се всушност Срби, кои со политичка одлука потоа биле „произведени“ во Македонци. Историјата и историографијата таа теза ја демаскираат како невистина.

Автентичноста на денешните Македонци низ историјата е одлично обработена во книгата „Македонскиот јазол“ на поранешниот амбасадор на Германија во Македонија, Ханс Лотар Штепан; со македонската самосвест добро биле запознати и руските конзули; а увереност во автохтона национална идеја на Македонците имаат и светски историчари кои темата издашно ја проучувале – на пример, Том Галагер во неговото дело „Outcast Europe: The Balkans, 1789-1989 From the Ottomans to Milošević“ (страница 63 и на други места).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...