fbpx

Дезинформација за тоа како настанува „Африкански песок“

Има цели падобрански екипи кои што користат пиротехника за да создадат спектакуларни визуелни слики додека се спуштаат на земја

-

Видеото од објавата што ја рецензираме претставува аеро шоу со падобрани. Пронајдовме други слични видеа каде се појавува сличната слика, односно позади падобраните или параглајдерите остануваат траги. Има цели падобрански екипи кои што користат пиротехника за да создадат спектакуларни визуелни слики додека се спуштаат на земја, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме интегрално:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал и во која се тврди дека се гледа процесот преку кој настанува африканскиот песок.

Вистиномер го пронајде видеото на Инстаграм со сличен опис, дека тоа е ,,Сахара од небото”.

Но, „Сахарскиот песок“, односно „Африканскиот песок“ не се создава на овој начин, туку феноменот се јавува кога над Сахара се наоѓа циклон, односно вртложно движење, кое го крева песокот во повисоките слоеви на атмосферата. Ова е честа појава во пролетните месеци. Најголемата концентрација на пустински песок кај нас е во април и мај.Според веб-страницата на Met Office, сахарската прашина е мешавина од песок и прашина од Сахара, огромна пустинска област која го покрива поголемиот дел од Северна Африка. Силните ветрови креваат песок и прашина високо до небото, а кога ќе се подигнат од земјата, облаците од прашина можат да достигнат големи височини и да се пренесат низ светот.

За да падне прашината од небото на земјата, потребен е дожд. Како што паѓаат капките дожд, тие собираат честички од прашина и кога ќе паднат на нешто и испаруваат, оставаат зад себе слој прашина. Ова значи дека сахарската прашина доаѓа на тлото на Европа поради ветрот и е природна, а не вештачка појава.

Овој феномен се случува стотици, можеби илјадници години, вели Џејсон Данион, истражувач на урагани од Универзитетот во Мајами кој работи со Атлантската океанографска и метеоролошка лабораторија на Националната океанска и атмосферска администрација.

Лабораторијата користи сателити за да го следи она што го нарекува Сахарски воздушен слој. Тие го опишуваат како „маса од многу сув, правлив воздух што се формира над пустината Сахара во текот на доцната пролет, летото и раната есен“.

Иако „Сахарската прашина“ може да има некои негативни ефекти, не е точно дека се создава на земјата на начинот на кој е прикажан во видеото. Како што веќе посочивме, потребен е дожд за прашината да падне на земјата.

 

Падобрански трикови за погледливо шоу

Видеото од објавата што ја рецензираме претставува нешто сосема поинакво, односно станува збор за шоу со падобрани. Пронајдовме други слични видеа каде се појавува сличната слика, односно позади падобраните или параглајдерите остануваат траги.

Овде може да погледнете дека има цели падобрански екипи кои што користат пиротехника за да создадат спектакуларни визуелни слики додека се спуштаат на земја.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мицкоски на средба со амбасадорите на државите членки на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со амбасадорите на државите-членки на Европската унија. Тие разговарале за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата...