fbpx
Таг: Македонци

таг: Македонци

ТМРО: Собранието уште во 1995 година се откажа од Македонците во соседните земји

Очекувањата на македонската јавност дека во договорот за добрососедство со Бугарија ќе стои и признавање на македонскиот народ во Бугарија се забетонирани уште на 5 октомври 1995 година, реагираат денеска од ТМРО. - Нема потреба да се лаже и да се крие вистината од народот за оваа договорена игра пред две децении, кој очигледно долги години се манипулира. ТМРО ја потсетува...

Невреме во Грција: Македонско семејство се јавило во конзулатот во Солун, но не е во опасност

Поројните дождови што ја погодија цела Грција предизвикаа поплави по патиштата. Од невремето поплавен е патот Лариса - Козани и Ситонија, вториот крак на Халкидики, односно местата Торони, Порто Куфо и Тристиника. Надојдената вода ги поплави паркираните возила, а десетина туристи беа заглавени. Грчките власти денеска ги евакуираа туристите, а според податоците на македонското МНР, меѓу нив нема македонски државјани. Од МНР соопштија...

Во Австралија живеат 98.441 Македонец

Бројот на Македонците во Австралија во последните пет години се зголемил за околу 5.000 лица, покажуваат најновите статистички податоци на австралиското Биро за статистика. Според денеска објавените податоци од минатогодишниот попис во Австралија, 98.441 лице одговориле дека имаат македонско потекло, додека според претходниот попис, спроведен во 2011 година, така се изјасниле 93.570 лица. Сепак, според овие податоци, намален е бројот на Македонците...

Двајца македонски државјани фатени во Косово со фалсификувани евра

Косовската полиција уапсила двајца македонски државјани на граничниот премин Хан Елези - Блаце, на косовско-македонската граница, поради поседување 4.190 фалсификувани евра. „Кај македонските државјани пронајдени и запленети се 75 банкноти од 50 евра,19 банкноти од 20 евра, три банкноти од 10 евра и шест банкноти од 5 евра, за кои постои сомнеж дека се фалсификувани“, соопшти косовската полиција. На уапсените им...

Македонците од Албанија го славеа делото на светите браќа Кирил и Методиј

Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, со повеќе манифестации, повеќе денови и во неколку населени места, го одбележаа и етничките Македонци во Албанија. Во општина Пустец, единствената како таква што преживеа со новата територијална кројка во Албанија, во селото Долна Горица, настанот беше одбележан како Ден на писменоста и просветата. Од овој крај, потекнува учителот Никола Беровски, авторот...

ФУЕН изгласа резолуција за правата на Македонците во Албанија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) на 62. Конгрес кој денеска завршува во романскиот град Клуј-Напока, едногласно, усвои посебна Резолуција за правата на етничките Македонци во Република Албанија,која ќе биде доставена до Владата на Република Албанија и до сите релевантни меѓународните институции. - Го имаме задоволство да објавиме дека со Резолуција од седум точки се бара: Владата на...

Државната телевизија на Албанија почнува со емитување на јазиците на малцинствата

Предлог-законот за малцинства што го усвои владата на Република Албанија и го испрати во парламентот, за етничките Македонци во оваа земја претставува чекор напред и правна рамка за остварување на нивните права. Со него, како национални малцинства во Албанија се прогласуваат Македонците, Грците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите. Нико Китани, претставник на македонското малцинство во државниот Комитет на малцинства на...

„Илинден“: Тирана ја потврди реалноста – во Албанија живеат Македонци, а не Бугари

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана денеска се огласи со соопштение, поздравувајќи го усвоениот предлог-закон за малцинства од страна на владата на Република Албанија. Со него, како национални малцинства во Албанија се прогласуваат Македонците, Грците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите. - Ова е чекор напред и правна рамка за остварување на други права. Предлог-законот за заштита на националните малцинства набргу...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе коалицира со Села, човекот кој Македонците ги множи со нула

„Зоран Заев си поигрува со националните и со државните интереси. Разбираме дека е уценет поради криминалите во кои е заглавен до гуша, но тоа не го оправдува неговото неодговорно однесување. Затоа граѓаните го изразуваат својот револт секој ден сè погласно“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „последното кое граѓаните можеа да го видат...

ММДЧП ја осуди Резолуцијата на ЕП во која што се вели дека Македонците се „Бугари”

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) ја осуди и бара итно повлекување на Резолуцијата на Европскиот парламент со која се бара да се почитуваат правата на „бугарското население” во албанските региони, Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, каде што живеат Македонци. „Дали Европскиот парламент е неинформиран, или е анти-македонски? Ова се двете единствени можни опции. При бесрамно прикажување на...

Резолуцијата на ЕП за правата на „Бугарите“ во Албанија е гаф на македонската дипломатија, оцени ДС

Резолуцијата на Европскиот Парламент, со која се бара да се почитуваат правата на „бугарското население” во албанските региони, Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, каде што живеат Македонци, претставува сериозна провокација од официјална Софија, но и голем гаф на македонската дипломатија, која не презема ништо за да ги информира и предупреди европејците дека носењето на таквата резолуција не е...

Декларација на МАЕИ: Македонците во Албанија не се „Булгари“

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), политичкиот субјект на Македонците во Албанија, остро реагира на резолуцијата на Европскиот парламент и истакнува дека малцинството што живее во Албанија е македонско и дека тоа е официјално признаено во Мала Преспа, но, не и во регионот на Голо Брдо и Гора. МАЕИ денеска се огласи со Декларација, во која се истакнува дека...

Џамбаски: Резолуцијата на ЕП е „удар во срцето на белградско-скопската лажна теза“

Признавањето на бугарското малцинство во Албанија има огромно симболично значење, затоа што е смртоносен удар во срцето на белградско-скопската лажна теза за тоа дека во Република Македонија и во Република Албанија нема Бугари, туку некаква друга измислена нација, констатирана по 1945 годиа. Ова го изјави бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски по повод усвојувањето на резолуцијата за Албанија од страна на...

Бугарските европратеници ги заборавиле вистинските вредности на ЕУ, оцени Попоски

Шефот на македонската дипломатија во заминување Никола Попоски денеска преку својата официјална страница на „Фејсбук“, потсетувајќи на разговор со неименуван европратеник, оцени дека бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски ги ставиле своите лични цели и интереси при носењето на резолуцијата за напредокот на Албанија кон ЕУ, во која на нивно барање се потврдува постоењето на бугарско малцинство во...

„Илинден“ го осудува именувањето на Македонците од Албанија како Бугари

Македонско друштво „Илинден” од Тирана, заедно со огранокот за Голо Брдо, најостро го осудуваат Извештајот за напредокот на Албанија за членство во ЕУ, усвоен од Европскиот парламент, во делот каде што по предлог на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, Македонците во областите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора се наведуваат како Бугари. „Македонско друштво „Илинден” од Тирана и...

Пет години од првиот број на македонскиот весник „Илинден“ во Албанија

Пред пет години, како двоброј за февруари и за март, беше испечатено првото издание од весникот „Илинден“, издание на истоименото македонското друштво од Тирана. Во изминатиов период, весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Албанија, но и меѓу македонската дијаспора во светот. Во петгодишниот период, весникот прерасна во медиум кој со сериозноста и со пристапот во објавувањето на темите, е интересен...

Протест на друштвото „Илинден”: Во Албанија ниту имало, ниту има Бугари!

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана, заедно со разгранокот за Голо Брдо, официјално протестираше, осудувајќи го барањето на бугарските европратеници, Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски, за признавање на „бугарско малцинство“ во Република Албанија. „Македонско друштво „Илинден“ ги отфрла тврдењата на бугарските претставници во ЕП, дека во Албанија има Бугари, како груб фалсификат на историјата и на вистината. Во регионите Голо Брдо,...

Македонците учествуваа на парадата за Денот на Австралија во Мелбурн

Австралија денеска го слави националниот празник, 26 јануари. По тој повод, во Австралија се организираа низа манифестации, меѓу кои најпознати се парадите во големите градови. Во центарот на Мелбурн се одржа традиционалната парада на која продефилираа повеќе од 80 етнички заедници што живеат во Австралија, меѓу кои и македонската, предводена од Советот на македонската заедница за Мелбурн и за Викторија. - На почетокот,...

Огинар: Време е за одговор на прашањето каква Македонија сакаме

„Формирањето на Семакедонскиот национален совет - Македониум претставува историски одговор од Македонците насекаде во светот на еден предизвик, на едно одамна поставувано прашање: Каква Македонија сакаме“, вели професорот Нестор Огинар, потпретседател на МНС. - Тоа е природен и доброволен став на една нација, нашата, македонската, на една неопходна историска потреба од самоорганизирање и од одбрана од повеќе чинители, домашни и туѓи,...

Резолуција на Македонците од Мелбурн до претседателот Иванов

Македонците од Мелбурн и од Викторија денеска испратија резолуција до претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, во која се наведува дека со голема загриженост ја следат политичката постизборна состојба во Македонија затоа што наместо решение за политичката криза, земјата навлегува во подлабока и неизвесна политичка иднина. „Бараме од Вас безусловно да го штитите и да го спроведувате Уставот на Република Македонија, кој...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...