fbpx

„Илинден“: Тирана ја потврди реалноста – во Албанија живеат Македонци, а не Бугари

-

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана денеска се огласи со соопштение, поздравувајќи го усвоениот предлог-закон за малцинства од страна на владата на Република Албанија.

Со него, како национални малцинства во Албанија се прогласуваат Македонците, Грците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите.

– Ова е чекор напред и правна рамка за остварување на други права. Предлог-законот за заштита на националните малцинства набргу ќе се најде на дневен ред во парламентот. Ги повикуваме политичките парти едногласно да го усвојат – се вели во соопштението на Македонско друштво „Илинден“.

Во предлог-законот за заштита на националните малцинства се декларира дека Албанија како национални малцинства во земјата ги признава македонското, грчкото, влашкото, ромското, црногорското, српското, бошњачкото и египќанското малцинство.

Тој, како што велат од здружението, значи дека во Република Албанија нема Бугари,бидејќи официјална Тирана со законското решение за малцинствата во Албанија не признава бугарско малцинство.

Ова законско решение првпат се усвојува во Албанија, и тоа по барање на Брисел, во насока на интегрирање на земјата во институциите на ЕУ.

Владата соопшти дека со овој закон фактички се утврдуваат правата на малцинствата во согласност со уставот на земјата, како и меѓународната Конвенцијата во рамките на Советот на ЕУ за заштита на малцинските права, ратификувана во 1999 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...