Од денеска граѓаните на Македонија, Србија и Албанија со слободен пристап до пазарот на трудот во „Отворен Балкан“

На лицата кои ќе добијат Идентификациски број за „Отворен Балкан“ им се овозможува непречен престој од две години во кој имаат право да најдат работа

-

Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија од денеска можат да ја користат мерката Слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан“, соопштија од Владата.

Мерката произлегува од меѓународните договори потпишани меѓу трите државни членки на иницијативата Отворен Балкан и има за цел да придонесе кон остварување на бариерите кои ја попречуваат трговијата и слободното движење на луѓето, како и да овозможи користење на електронски услуги во рамките на самата иницијатива.

Заинтересираните граѓани за слободен пристап до македонскиот, албанскиот и српскиот пазар на трудот, најпрво треба да извадат Идентификациски број на Отворен Балкан на порталот за е-услуги во својата држава, а потоа да аплицираат за Одобрение за слободен пристап до пазарот на труд во останатите две држави.

Постапката се одвива целосно електронски и трае до 30 дена, велат од Влада.

Откако македонските граѓани ќе се најават на uslugi.gov.mk и ќе поднесат барање за издавање Идентификациски број за Отворен Балкан (ОБ ИД), кое веднаш се генерира, следен чекор е со тој број да аплицираат за Сертификат за слободен пристап до пазарот на труд во Србија (на овој линк) или во Албанија (на овој линк).

Постапката е целосно и детално опишана на следниве два линка: Линк 1 и Линк 2.

„Оваа мерка придонесува кон напредок и економски просперитет, имајќи ја предвид важноста на полето на движење на работниците. Мерката во целост е усогласена и го почитува спроведувањето на правото на ЕУ во областа на слободно движење на работниците и подготвување за поблиска интеграција на единствениот пазар на ЕУ“, велат од Владата.

Со новостите и олеснувањата, се очекува граѓаните да добиваат многу побрз и полесен пристап до можностите за работа во трите држави.

Од моментот на обезбедување пристап на пазарот на труд, во сите следни фази кои подразбираат преговори за работа, вработување и пензиско-здравствено осигурување, правата и обврските на граѓаните и компаниите остануваат неизменети, односно исти како и до сега, во согласност со националните законодавства.

Со стартот на реализација на овие договори, на лицата кои ќе добијат ОБ ИД им се овозможува непречен престој од две години во кој имаат право да најдат работа.

Западен Балкан се дави во сулфур диоксид, РЕК Битола меѓу најголемите загадувачи на воздухот

Државите од Западен Балкан и понатаму се дават во сулфур диоксид од застарените термоелектрани, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од Бенквоч (Bankwatch). Во четирите најголеми загадувачи на воздухот влегува и...

Гори депонија, црн чад се гледа од Шуто Оризари

Голем црн чад од пожар на депонија во Шуто Оризари денеска се гледа од повеќе населби во градот. Според информации од Бригадата за противпожарна заштита на Градот Скопје, депонијата се наоѓа...

Играта Two Point Hospital е бесплатна на Епик Гејмс до четврток

Играта Two Point Hospital, која е пародија на популарната „Sims“, но сега сместена во болница, e бесплатна на Epic Games до четврток. Се работи за инвентивна игра, полна со многу хумор. Во...

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ

Новото раководство на АД ЕСМ ја обвини претходната власт предводена од СДСМ за катастрофалната состојба во која ја затекнало компанијата, посочувајќи дека РЕК Битола и РЕК Осломеј се во континуирана борба...

Западен Балкан се дави во сулфур диоксид, РЕК Битола меѓу најголемите загадувачи на воздухот

Државите од Западен Балкан и понатаму се дават во сулфур диоксид од застарените термоелектрани, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од Бенквоч (Bankwatch). Во четирите најголеми загадувачи на воздухот...