петок, 8 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: е-услуги | 24 резултати

Бруцошите од денеска може да аплицираат за субвенциониран студентски оброк

септември 27, 2023

Од денеска студентите во прва година – бруцошите и оние студенти што не запишале летен семестар може да аплицираат за субвенциониран студентски оброк. За оваа мерка може да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат следниве услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се редовни студенти на додипломски студии на државните или приватните […]

Дигитализација на универзитетите: И годинава студентите губат нерви со хартиени индекси и со потврди

јули 7, 2023

Дел од државните универзитети многу заостануваат во процесот на дигитализација, што резултира со тоа студентите да губат време и нерви за пријавување на семестар на студентски прашања на факултетите, плаќање во банки за било каква услуга од факултетите и чекање со часови за да се подигне документ од студентски прашања. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, […]

По прашањата на Мета, МОН им исплати средства за оброк на студентите кои чекаа со месеци

јуни 21, 2023

После три месеци чекање и само една недела откако новинската агенција Мета.мк испрати прашања до Министерството за образование и наука (МОН), десетици студенти ги добија средствата за субвенциониран студентски оброк што државата им ги должеше од март. Електронскиот систем за аплицирање не го ажурира статусот на апликациите навремено кај сите студенти, но и покрај тоа, […]

Само 6,5 отсто од барањата за изводи во 2022 година граѓаните ги пополниле во електронска форма [инфографик]

март 27, 2023

Само 6,5 отсто од барањата поднесени од граѓаните за издавање на извод од матична книга на родени, умрени или венчани се во електронска форма, додека останатите се поднесени лично, односно со физичко присуство. Од друга страна, има нагорен тренд кај бројот на граѓани кои закажуваат термин за издавање на лична карта или патна исправа преку […]

Муртезани: Жените да излезат од комфорната зона ако ја сакаат науката и технологијата, ИТ има многу што да понуди

февруари 4, 2023

Северна Македонија напредува во својата дигитална трансформација, но не е на исто ниво со многу земји од ЕУ. Важно е организациите и владата да ги едуцираат граѓаните и да им ги обезбедат потребните алатки и ресурси за да им помогнат да ги разберат и усвојат дигиталните технологии. Жените да излезат од нивната комфорна зона и […]

Бајдевски: Бројот на дигитални услуги достигна 227, активно се користи порталот за е-услуги

јануари 30, 2023

На порталот „е-услуги“ се објавени вкупно 917 услуги, а постојано се зголемува бројот на дигитални услуги кој сега изнесува 227, изјави заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски на панелот „ЕУ интеграции и реформски можности“ во рамки на годишната конференција „Година на нови можности“. Бајдевски истакна дека Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) […]

Најголем дел од средношколците за ученички стипендии аплицирале по електронски пат

декември 1, 2022

Дигитализацијата при аплицирањето за ученички стипендии за учебната 2022/2023 година придонесе оваа година за првпат да нема долги колони ученици и родители, односно старатели да чекаат пред Министерството за да ги поднесат потребните документи, велат од Министерството за образование и наука (МОН). Министерот за образование Јетон Шаќири истакна дека најголем дел од пристигнатите апликации за […]

МОН: Системот за аплицирање за место во студентските домови е функционален

јули 29, 2022

Системот за електронско аплицирање за сместување во студентските домови е функционален, велат за „Мета.мк“ од Министерството за образование и наука (МОН), откако повеќе студенти се пожалија дека не можат да ги поднесат своите апликации. Студентите реагираат дека, веќе неколку денови, од отворањето на конкурсот, нивните обиди за аплицирање завршувале безуспешно, и покрај тоа што целосно […]

ДЕБАТА: Дигитализацијата ќе донесе придобивки за граѓаните, но бара дополнителен напор и средства

јануари 20, 2022

Дигитализацијата би донела огромна предност и за граѓаните и за транспарентноста и отчетноста на локалните власти, но за да се достигне потребното ниво ќе бидат потребни многу напори и пари. Во меѓувреме, треба да се продолжи со работа на процесот на „дигитализирање“ на општините под контрола на некаков „центар“, оти самостојните обиди не донесуваат многу […]

Отворена 17-тата конференција е-општество.мк: Дигитализацијата да биде цел на општеството

ноември 30, 2021

Денеска започна меѓународната конференција е-општество.мк, која што годинава се одржува по 17-ти пат и ја третира темата „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“. На отворањето на е-општество.мк, свое обраќање имаа извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Џулијан Васало, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, […]

Судовите од денеска ќе издаваат потврда за неосудуваност по електронски пат

октомври 7, 2021

За подигањето на потврда за неосудуваност и слични документи во хартиена форма од денеска нема да биде потребно задолжително физичко присуство во надлежниот суд според местото на раѓање. Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која ги претставија […]

Шаќири: Наскоро стартува дигиталната идентификација на граѓаните и административците

октомври 1, 2021

По завршувањето на сите технички усогласувања, денеска со МастерКард (MasterCard) се договоривме да се заврши интеграцијата на дигиталната идентификација во порталот за е-услуги во најкус можен рок. Со ова, 150.000 граѓани ќе може да отвораат дигитален идентитет на порталот за е-услуги, кој е целосно сертифициран за електронска идентификација на високо ниво, вели министерот за информатичко […]

Порталб: Со препорака на Владата, МИОА се откажа од документоматите

септември 24, 2021

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) нема да инсталира документомати, односно апарати за издавање документи, туку ќе инвестира во порталот за електронски услуги и проектот со Македонски пошти, и во нивните филијали ќе се отворат „едно-шалтерски услуги“, известува Порталб.мк. Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири потврди за Порталб.мк дека по препораката на Меѓусекторската […]

По доцнење од 4 месеци, апликацијата за електронска идентификација за вадење документи од мобилен не е готова

јули 26, 2021

Република Северна Македонија станува една од првите земји во светот, каде целото население ќе има можност за електронски идентитет. Ова е ветување на повеќе владини органи од 7 февруари 2020 година, при потпишување на меморандумот за разбирање со „Мастер кард“, кога со Министерството за информатичко општество раководеше Дамјан Манчевски. Денес сме кон крајот на јули […]

Регистрацијата на новороденчиња во Скопје повторно треба да ја прават родителите, болниците не ја даваат услугата

мај 29, 2021

Недостатокот на дигитализација на услугите и неефикасноста на администрацијата непотребно го комплицираат животот на граѓаните на Северна Македонија, имајќи предвид дека тие трчаат од една до друга врата за да дојдат до документи, што во дигитализиран свет би ја завршиле целата работа по неколку кликнувања на Интернет. Порталб.мк одблиску ги следеше процедурите што треба да […]

Истражување на Рурална коалиција: Околу 60 отсто од земјоделците преферираат издавање на услуги на шалтер

април 29, 2021

Недостаток на доверба во системот, недоволна транспарентност на софтверите за аплицирање, како и ниска дигитална и компјутерска писменост се најчестите пречки со кои се соочуваат земјоделците при дигитализирање на услугите поврзани со земјоделството. Над половината од земјоделците преферираат услуги на шалтер бидејќи немаат доверба во електронските услуги и нивната валидност. Ова го покажува истражувањето на […]

На годинешната „е-Општество“ конференција дознајте повеќе за постоечките е-услуги во земјата и во регионот

ноември 23, 2020

Нема доволно познавање на Дигиталната агенда во Северна Македонија и уште помала е запознаеноста со достапните е-услуги кои ги нудат институтциите за граѓаните. Како сведоци на глобалната Ковид-19 пандемија, можеме да забележиме дека пристапување кон дигитална трансформација е повеќе од потребен чекор за подобро функционирање на едно општество и можеме да увидиме како владите низ […]

Преку меморандум со „Мастеркард“, граѓаните во иднина полесно ќе добиваат е-услуги

февруари 7, 2020

Македонија станува една од првите земји во светот, каде целото население добива можност за електронски идентитет. Во владата денес беше потпишан меморандум за разбирање со „Мастеркард“, од министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, министерката за финансии Нина Ангеловска и менаџерот на „Мастеркард“ за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово, Вања Манова, информираат од Министерството за […]

Пред штипјани претставена платформата „е – услуги“

јануари 16, 2020

Последна алка во дигитализацијата на услугите на јавната администрација – вака денеска во Штип беше претставена новата дигитална платформа „е – услуги“, на првата јавна трибина на Министерството за информатичко општество и администрација. Вкупно 127 услуги се достапни до граѓаните, кои од дома преку својот компјутер ќе може да завршат некоја административна работа. Новиот национален […]

Манчевски: Централниот електронски регистар на население и порталот е-услуги се при крај

октомври 26, 2018

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, зборуваше на првата конференција за е-трговија што денеска се одржува во Скопје, осврнувајќи се на важноста од обезбедувањето на е-услуги, како основа за дигитализација на Македонија. – Во тек се завршните активности за лансирање на нов национален портал е-услуги, како и централен електронски регистар на население. Порталот […]

Страна 1 од 1