fbpx

Порталб: Со препорака на Владата, МИОА се откажа од документоматите

-

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) нема да инсталира документомати, односно апарати за издавање документи, туку ќе инвестира во порталот за електронски услуги и проектот со Македонски пошти, и во нивните филијали ќе се отворат „едно-шалтерски услуги“, известува Порталб.мк.

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири потврди за Порталб.мк дека по препораката на Меѓусекторската група за дигитализација, средствата за набавка на документомати ќе се прераспределат за надградба на порталот за електронски услуги.

„Меѓусекторската група за дигитализација, во анализата што ја направиле во процесот на документоматите или нивно инсталирање, заклучи дека со тие средства ќе можеме да го надградиме порталот за електронски услуги и во исто време граѓаните ќе имаат поголема корист отколку со документоматите, бидејќи нашата главна цел е целосна дигитализација. Исто така, за добивање документи имаме добра соработка со Македонски пошти, при што во сите пошти во РСМ во наредниот период ќе се развие концептот на едношалтерска услуга каде граѓаните ќе можат да ги добијат потребните документи во овие институции“, рече министерот Шаќири.

Според МИОА, инвестирањето во проектот со Македонска пошта е затоа што имаат филијали во руралните средини.

Потсетуваме дека претходно, министерот Шакири најави поставување на документомати во неколку локации и во тоа време образложи дека ова решение ја заменува работната сила.

„Предвидовме да понудиме документомати што ги промовиравме. Во текот на 2021 година предвидовме поставување на три документомати што ќе ја заменат ‘едношалтерската услуга’, бидејќи во рамките на ‘едношалтерските услуги’, покрај инвестициите, имаме и човечки ресурси, работници кои се вработени и нивното проширување на целата територија ќе влијае на зголемување на бројот на вработените во министерствата. Документоматите ја заменуваат и работната сила, но во исто време треба да се одржуваат за документите што можат да се добијат“, рече Шаќири во интервју за Порталб.мк на 5 јуни годинава.

Инаку, кај нас документоматите не се во употреба, со исклучок на Општина Гостивар, која е единствена каде граѓаните преку „е-киоск” можат да извадат одредени документи или да плаќаат сметки.

Поставувањето на е-киоск се смета за чекор пред дигитализација на електронските услуги во општините, но тоа прво мора да се направи на централно ниво, односно во рамките на Министерството за правда или Дирекцијата за управување со регистри, кои обезбедуваат лични документи, изводи на родените, умрените, венчаните, потврда за државјанство итн.

Издавањето документи преку е-киоск веќе 3 години се користи од Општина Приштина и како што кажа заменик градоначалникот Мухедин Хуши на конференцијата е-Општество.мк (декември 2020), функционира многу добро и граѓаните го прифатиле добро.

Истражувањето на Порталб.мк, за пружање електронски услуги во Северна Македонија покажа дека нашата земја заостанува 10 години зад Европската унија во оваа област. Жителите имаат потешкотии да добијат документи „само со еден клик преку Интернет“, бидејќи државата обезбедува ограничени електронски услуги.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...