недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Mинистерство за информатичко општество и администрација | 41 резултати

Во употреба пуштена АДА – првиот дигитален асистент во јавниот сектор

април 10, 2023

Владата денеска официјално ја пушти во употреба АДА, дигитален асистент во јавниот сектор. Преку дигиталниот асистент, како што информираат од Владата, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори ќе можат да се запознаат со достапните програми и отворени повици на институциите кои се јавуваат како даватели на државна помош, и се гарантира голема транспарентност, ефикасно и ефективно […]

Бајдевски: Бројот на дигитални услуги достигна 227, активно се користи порталот за е-услуги

јануари 30, 2023

На порталот „е-услуги“ се објавени вкупно 917 услуги, а постојано се зголемува бројот на дигитални услуги кој сега изнесува 227, изјави заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски на панелот „ЕУ интеграции и реформски можности“ во рамки на годишната конференција „Година на нови можности“. Бајдевски истакна дека Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) […]

Порталб ретроспектива на годината: Јавната администрација никако да се реформира

јануари 3, 2023

И покрај тоа што со години се даваат истите ветувања кои не се реализираат и не стануваат видливи за граѓаните, Северна Македонија продолжува со напорите за реформирање на администрацијата. Јавната администрација во 2022 година, исто како и во 2021 година, беше во центарот на критиките поради бавната динамика на реформите. Администрацијата сè уште се соочува […]

Алити: Процесот на реорганизација на државната администрација се очекува да заврши во 2024 година

септември 28, 2022

Во интервју за Порталб.мк, министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, зборува за процесот на реорганизација на јавната администрација во Северна Македонија, за неодамнешните сајбер напади на веб-страниците на министерствата, дигиталната агенција и дигиталниот идентитет. Според него, процесот на реорганизација на администрацијата се очекува да заврши во 2024 година. Алити вели дека работат на […]

МИОА го одби ЈКП „Тетово“ за зголемување на бројот на вработени, велат ја надминува законски предвидената бројка

август 23, 2022

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) не го прифати барањето на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Тетово“ за зголемување на бројот на вработени. Според министерството, ЈКП предвидува поголем број систематизирани вработувања од законски дозволениот минимум, па затоа не дале согласност, пишува Порталб.мк. Еден од долгорочните проблеми што и понатаму останува нерешен за жителите на Општина […]

Порталб: Реформи на јавната администрација во текот на 2021 година, многу ветувања и малку работа

јануари 9, 2022

Не е направено доволно во текот на 2021 година на областа на реформите во јавната администрација. Ова е оценката на експертите, кои препорачуваат департизиција на администрацијата за да се обезбедат квалитетни, ефикасни и брзи услуги. Во 2022 година, по реконструкцијата на Владата, со Министерството за информатичко општество и администрација се очекува да раководи нов министер, […]

Порталб: Со препорака на Владата, МИОА се откажа од документоматите

септември 24, 2021

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) нема да инсталира документомати, односно апарати за издавање документи, туку ќе инвестира во порталот за електронски услуги и проектот со Македонски пошти, и во нивните филијали ќе се отворат „едно-шалтерски услуги“, известува Порталб.мк. Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири потврди за Порталб.мк дека по препораката на Меѓусекторската […]

Порталб: Странските експерти се повторно во земјава за да ја реорганизираат администрацијата

ноември 3, 2020

Реорганизацијата и оптимизацијата на органите на јавната администрација со цел да се намали бројот на институции и да се прецизираат нивните надлежности, се очекува да започне во јануари 2021 година и да заврши на 6 ноември. Проектот беше најавен во 2017 година, од претходниот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, пишува „Порталб.мк“. Во […]

МИОА предлага јавниот сервис догодина да добие околу 19 милиони евра од државниот буџет

октомври 27, 2020

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во предлог буџетот за 2021 година за финансирање на Македонската радио-телевизија (МРТ) предлага да се предвидат средства во висина од 1.172.737.280 денари (околу 19 милиони евра) што би се издвоиле од државниот буџет, информираат за „Мета.мк“ од МИОА. Сепак, од ова министерство посочуваат дека за финансирање на радиодифузната […]

Владата реагира откако ЕК во Извештајот за напредокот на земјава побара реформи во МРТ

октомври 14, 2020

Владата на вчерашната седница го усвои заклучокот со кој се укажува на јавниот радиодифузен сервис со вклучување на сите засегнати страни и релевантни институции да утврди стратешки пристап за реформа на МРТ и одржливо решение за реструктуирање на долгот на јавниот радиодифузен сервис и за истото да ја информира Европската комисија, преку Секретаријатот за европски […]

Порталб: Не е познато колку беше ефикасна апликацијата „Стоп Корона“, малку инсталации во споредба со најавеното

октомври 5, 2020

Не е познато колку беше ефикасна апликацијата „Стоп Корона“, која имаше за задача да им помогне на граѓаните да ги идентификуваат контактите што можеби ги имале со луѓе заразени со ковид-19. Бројот на инсталации на телефоните е далеку од она што властите го најавуваа, пишува „Порталб.мк“. Министерството за здравство не даде одговор на прашањата на […]

МРТ лани имала 232 новинари или 29 отсто од вкупниот број вработени во јавниот сервис

октомври 1, 2020

Македонската радио-телевизија (МРТ) на крајот на минатата година имала вкупно 814 вработени лица, од кои 768 во редовен работен однос, додека 46 биле хонорарно ангажирани. Од вкупниот број на вработени во јавниот сервис, 232 биле новинари, додека дури 80 биле уредници на радио и телевизиските програми. Новинарите учествувале со 29 отсто во вкупниот број на […]

Кабелските оператори вчера времено ја исклучија програмата, телевизиите и МИОА со остра реакција

јуни 22, 2020

Кабелските оператори вчеравечер околу 18 часот ги исклучија сите телевизиски канали, со исклучок на јавниот сервис – МРТ, за период од околу еден час. Во знак на протест, тие го прекинаа реемитувањето на програмите и на црни екрани ги испишаа нивните барања за промена на владината уредба донесена на 29 мај, но и на измените […]

Приходите на МРТ продолжиле да опаѓаат и лани, заедно со бројот на вработени (инфографик)

април 2, 2020

Македонската-радио телевизија (МРТ) во 2019 година остварила вкупни приходи од 15,1 милиони евра или за 300.000 евра помалку во однос на 2018 година, се вели во Годишниот консолидиран извештај за 2019 година на ЈРП МРТ. Приходите на јавниот радиодифузен сервис опаѓаат веќе петта година по ред, при што лани истите биле намалени за околу 5,7 […]

Европската Комисија потврди дека треба да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ

март 2, 2020

Европската Комисија (ЕК) го усвои мини-извештајот за Македонија и Албанија, со кој ја потврдува препораката за нашата земја за отпочнување на преговори за членство во ЕУ. Од Комисијата напоменуваат дека земјава ги зајакнала напорите и испорачала опипливи и одржливи резултати во клучните области идентификувани во заклучоците од Советот на ЕУ од јуни 2018 година. ЕК […]

Преку меморандум со „Мастеркард“, граѓаните во иднина полесно ќе добиваат е-услуги

февруари 7, 2020

Македонија станува една од првите земји во светот, каде целото население добива можност за електронски идентитет. Во владата денес беше потпишан меморандум за разбирање со „Мастеркард“, од министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, министерката за финансии Нина Ангеловска и менаџерот на „Мастеркард“ за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово, Вања Манова, информираат од Министерството за […]

Смилка Јанеска Саркањац: Неизборот на нов Надзорен одбор ќе предизвикаше блокада на работата на МРТ

јануари 30, 2020

По објавувањето на текстот на „Мета.мк“ „Програмскиот совет на МРТ со истечен мандат ќе си бира нови членови на Надзорниот одбор“, во јавноста се разви дилема дали навистина е тоа така. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) побара повлекување на одлуката на Програмскиот совет на МРТ за распишување на конкурсот за избор на членови на […]

ЗНМ бара итна реконструкција во МРТ, а не кратење на средствата за јавниот сервис

јануари 27, 2020

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се јави со реакција по објавата на „Мета.мк“ за кратење на буџетските средства за 2020 година за јавниот радиодифузен сервис, во која укажува дека ваквата одлука на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е „опасен преседан’. „Со предвидениот буџет за 2020 година на МРТВ наместо 0,9 отсто од […]

Нема реформи, нема зголемен буџет – владата ѝ скрати на МРТ над 6 милиони евра

јануари 24, 2020

Раководството на Македонската – радио телевизија (МРТ) и владата имаат спротивни ставови околу околу висината на средствата што ќе ги добие јавниот радиодифузен сервис за 2020 година. А тоа, според МРТ ќе се одрази на платите на вработените. И покрај тоа што планираше од државата да добие околу 21 милиони евра, МРТ сега, преку новиот […]

Ќе чекаме уште една година за реорганизација на јавната администрација

јануари 17, 2020

Во 2021 година треба да заврши проектот за реорганизација на јавната администрација во Македонија. Овој проект ќе им овозможи на министерствата да постанат институции за креирање политики, агенциите да бидат тела за спроведување на тие политики, а инспекторатите да имаат надзорна функција. Според ветувањата на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), нема повеќе да […]

Страна 1 од 2