fbpx

Родителите да ги подучат децата за безбедноста во сообраќајот, апелира РСБСП

-

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до родителите да се вклучат во зголемување на нивото на сообраќајно образование на децата, посочувајќи дека секое незнаење има своја цена, а незнаењето во сообраќајот чини загубени човечки животи.

„Почитувани родители! Да ги научиме децата како безбедно да поминат улица, да ги научиме безбедно да користат јавен превоз. Да не ги оставаме малите деца од предучилишна возраст сами на улица, а исто така да се погрижиме и за нивната безбедност додека се вклучени во сообраќајот! Децата треба да користат детски седишта, појаси и заштитни шлемови, а децата до десетгодишна возраст да не возат велосипед на јавен пат или улица! Исто така, не дозволувајте деца да седат на предното совозачко седиште“, се вели во пораката од РСБСП.

Исто така, во нивното соопштение се наведува дека родителите на повозрасните деца, кои се подготвуваат да станат возачи, би требало одговорно да го запознаат своето дете со сериозноста од вклучувањето во сообрајќајот како возач.

„Би можеле, заради поголема безбедност на младите возачи, почетници, да се погрижиме да им обезбедиме дополнителни часови за обука, со возач инструктор или со друг искусен возач кој ќе им даде насоки за тоа каков треба да биде односот на младиот возач кон децата во сообраќајот, кон пешаците и велосипедистите. Обуката би можела да опфати обука за вешто возење во услови на дожд, магла, замрзнати коловози и во услови на ноќно возење“, советуваат од РСБСП.

Тие ги потсетуваат родителите дека секое нивно однесување, децата го прифаќаат како свое и затоа сите заедно треба да се погрижиме да имаме безбедни деца кои ќе бидат безбедни учесници во сообраќајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...