Photo by Jimmy Conover on Unsplash

Недостатокот на дигитализација на услугите и неефикасноста на администрацијата непотребно го комплицираат животот на граѓаните на Северна Македонија, имајќи предвид дека тие трчаат од една до друга врата за да дојдат до документи, што во дигитализиран свет би ја завршиле целата работа по неколку кликнувања на Интернет. Порталб.мк одблиску ги следеше процедурите што треба да ги следи еден родител кој има новороденче. Што треба да стори за да го регистрира и кои документи се потребни за уживање во неговите законски права?

Родителите сами треба да го регистрираат новороденото бебе, наместо персоналот на скопските гинеколошки клиники, како што е предвидено со проектот “Добредојде новороденче“, промовиран во 2017 година од тогашниот министер за здравство Арбен Таравари и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Целта на проектот беше родителите на новороденчиња да не чекаат пред шалтери, туку да добијат извод од матичната книга на родените во рок од 48 часа додека мајката престојува во породилното одделение. Сепак, ова се прекина целосно со почетокот на пандемијата, односно од средината на 2020 година.

Од Управата за водење на матичните книги велат дека прекинот се случил затоа што претставниците на гинеколошките болници немале интерес да ги пријават новороденчињата.

„Во гинеколошките болници досега пријавувањето на новороденчињата го вршеа медицинските сестри кои ги пополнувале пријавите за раѓање и другите поднесоци кои ги доставуваат и другите потребни документи од страна на родителите, а потоа истите се доставувале со курир до Управата за водење на матичните книги. Нашите вработени никогаш немале услуга во болниците. Ве упатуваме овој проблем да го пратите во породилиштата, имајќи предвид дека оттаму е намален интересот за пријава на новороденчињата во здравствените установи“, велат за Порталб.мк од Управата.

Порталб.мк разговараше со претставници на Клиниката за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, кои велат дека од почетокот на ковид-19 пандемијата тие не ги пријавувале бебињата, а истакнуваат дека претходно имале проблеми бидејќи регионалните канцеларии за управување со матичните книги, доцнеа со издавањето на изводите.

„Пред почетокот на пандемијата на корона вирусот, оваа услуга функционираше, но сега веќе не. И порано не биле функционални, имавме проблеми – не 48 часа, туку изводите ги чекавме по две недели, граѓаните доаѓаа и се жалеа бидејќи мислеа дека проблемот е кај нас, но всушност имавме задача само да ги доставиме податоците во службата за водење на матичните книги“, велат од Клиниката за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза​​“ – Чаир.

Порталб.мк испрати прашања и до Министерството за здравство зошто не функционира оваа услуга, која е креирана во рамки на проектот „Мој термин“, но истиот, ни рече дека болниците не издаваат уверенија.

„Гинеколошките операции и ниту една друга институција нема законско овластување да издаде таков документ. Пријавувањето на бебињата е во надлежност на Управата за водење на матичните книги и само оваа институција има надлежности за регистрација на денот на раѓање, во областа каде што детето е родено“, велат од Министерството за здравство.

Сепак, проектот не ни предвидуваше гинеколошки ординации да издаваат изводи, бидејќи Управата за водење на матичните книги ја има таквата надлежност, туку дека ординациите беа обврзани да ги достават само документите, додека родителите требаше да го подигнат изводот во рок од 48 часа.

(продолжува утре: Поради отсуството на дигитални услуги во Скопје, родителите талкаат по шалтерите за упис на новороденчињата)