fbpx

Преку меморандум со „Мастеркард“, граѓаните во иднина полесно ќе добиваат е-услуги

-

Македонија станува една од првите земји во светот, каде целото население добива можност за електронски идентитет. Во владата денес беше потпишан меморандум за разбирање со „Мастеркард“, од министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, министерката за финансии Нина Ангеловска и менаџерот на „Мастеркард“ за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово, Вања Манова, информираат од Министерството за финансии.

– Во пракса, ова значи дека преку вашиот мобилен уред со отворање на апликација, најпрво го скенирате вашиот личен документ, лична карта или пасош. На тој начин, податоците се проверуваат и камерата на мобилниот уред се вклучува и врши проверка дека станува збор за физичко лице. По овој чекор се врши проверка со сликата во личниот документ и уредот ве идентификува. Ова значи дека повеќе нема потреба да користите УСБ, токен, документи во хартија, физичко присуство за институцијата да ве идентификува – рече министерот за информатичко општество и администрација Манчевски.

Министерот Манчевски посочи дека со меморандумот за корисниците на порталот е-услуги се предвидени 5 бесплатни потпишувања за првите 150.000 корисници на е-владини услуги во текот на првите 12 месеци по официјалното отпочнување на акцискиот план. За реализација на ова, „Мастеркард“ одвојува 3 милиони евра.

Во некои земји, дигиталниот идентитет е целосно консолидиран и има примена во секојдневниот живот со крајна цел олеснување на сите постапки, рече министерката  Ангеловска.

– На пример им овозможува на своите граѓани да гласаат, да купуваат билети за јавен превоз, да шифрираат е-пошта, да го обноват пасошот, да пристапуваат до нивните медицински досиеја, да потпишат документи и да изведуваат скоро било кој вид административно управување преку Интернет, каде било и во секое време, и дозволувајќи им на корисниците да поседуваат свои податоци – рече Ангеловска.

Како најрепрезентативен пример таа ја посочи Естонија, која од 2002 година го вовела системот за дигитална идентификација, заснована врз националниот регистар и националниот документ за дигитален идентитет, преку кој сите услуги се дигитализирани. Во Естонија единствено дигитално не може да се венчаат, разведат или да купат имот нејзините граѓани.

Со имплементацијата на дигиталниот идентитет најпрво на граѓаните ќе им се поедностави процесот на верификација на нивниот идентитет при отворање на дигитална или онлајн сметка во банка, купување на „припејд“ или „постпејд“ сим-картичка и интеракцијата со е-Влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...