понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: министерство за финансии | 184 резултати

Нови 100 милиони евра кредит за малите и средни претпријатија за да се справат со кризата

јуни 15, 2023

Нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка обезбеди Владата, а парите се наменети за малите и средни претпријатија да можат да ги надминат проблемите кои произлегуваат од енергетската и економска криза, соопштија од Министерството за финансии. Вчера во Собранието беше усвоено законското решение за гаранција за договорот за заем на овие средства, подготвено од […]

Бесими: Интензивно се дискутира за системско решение за раст на платите во јавната администрација

јуни 14, 2023

Единствено одржливо решение кое ќе обезбеди раст на платите на вработените во јавниот сектор е системско решение заеднички усвоено и дефинирано со синдикатите. Парцијално или индивидуално решение ќе го оневозможи таквото системско решение кое е неопходно во правец на континуиран раст на платите. Ова денеска во изјава за медиумите го истакна министерот за финансии Фатмир […]

„Трезорот не е хакиран“ – Министерството за финансии ја демантира Арсовска

јуни 1, 2023

„Не е вистина дека е хакиран, трезорот работи“, велат од Министерството за финансии, откако градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска завчера на седница на Совет на Град Скопје рече дека ниту една институција не може да си наплати побарувања, бидејќи имало хакерски напад врз Министерството за финансии.  „Зошто никој не зборува за хакерскиот напад на […]

Бесими: Граѓанските обврзници се безризична инвестиција која ќе им донесе приноси на граѓаните

мај 28, 2023

Граѓанските обврзници се безризична инвестиција којашто ќе им донесе приноси на граѓаните и ќе ја заштити вредноста на нивните заштеди од ефектите од инфлацијата и ќе ја унапреди севкупно сигурноста на нивното портфолио. Овие долгорочни хартии од вредност, што државата ќе почне да ги издава следниот месец, ќе донесат голем број придобивки, како за граѓаните, […]

Наредниот месец ќе се издадат првите обврзници наменети за граѓаните

мај 15, 2023

Државата во наредниот месец ќе ги издаде првите обврзници наменети за граѓаните. Се прават последните подготвки за издавање на овој финансиски инструмент, а граѓанската обрзница ќе биде двегодишна, на износ од минимум 10.000 денари, со каматна стапка која ќе биде дефинирана во наредиот период. Ова го соопшти денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на средба […]

Матурските тестови не се испечатени, нема да се стаса за полагањето на 27 мај

мај 8, 2023

Се бараат нови датуми за полагање државна матура. Штрајкот за поголеми плати на вработените во Државниот испитен центар, го одложува полагањето на првиот екстерен испит по мајчин јазик, кој согласно календарот за матура, треба да се случи на 27 мај. Како што денеска во изјава за медиумите кажа Емилија Бошковска, претседателката на синдикалната организација и […]

Новата еврообврница е, сепак, поскапа од пропаднатата од февруари

март 15, 2023

Најдобар доказ за тоа дека новата еврообврзница е поскапа од претходната во делот на каматите и дека вкупно државата ќе отплаќа повеќе е изјавата што ја даде еден од инвеститорите во повторената аукција: „Благодарам  што сега ми плаќате подобро!“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Министерството за финансии тврди […]

АНАЛИЗА Нови, ревидирани, прогнози – растот ќе забави, годинава треба да вратиме долг од 845 милиони евра

јануари 13, 2023

Забавување на економскиот раст, пониска инфлација во однос на лани, но повисока во однос на првичните прогнози за годинава, буџетското салдо со подлабока дупка… Ова се дел од новите проекции во ревидираната Стратегија за 2023-2025 година (со изгледи за 2027), пишува Порталб.мк.   Почетокот на преговорите со ЕУ – позитивен сигнал за инвеститорите Прогнозата за […]

Петта година се зборува за оддалечување на казината и обложувалниците од училиштата, но не се презема ништо

декември 31, 2022

Веќе петта година по ред се зборува за ограничување на отворањето на казина и обложувалници во близина на школите во земјава, но засега ништо не е преземено во оваа насока. Покрај ваквата мерка предложена од Министерството за финансии на почетокот од 2018 година, и партијата Алијанса за Албанците пролетва поднесе свој предлог-закон со кој предложи […]

Владата ѝ вратила на Европската комисија 1,75 милиони евра заради нерегуларности

декември 15, 2022

Минатата година, поради утврдени нерегуларности со финансиите од ИПА, Владата извршила поврат на пари кон Европската комисија во износ од 108.229.000 денари или повеќе од 1,75 милиони евра, пишува во ревизорскиот извештај за финансиските извештаи на Министерството за финансии. Како што енаведено, во 2016 година, Европската канцеларија за борба против измама ОЛАФ, спровела истрага за […]

Николоски: Со ребалансот се подобруваат стандардот и условите за живот на граѓаните

јуни 24, 2022

Со ребалансот на Буџетот за 2022 година се обезбедуваат средства за подобрување на стандардот и условите за живот на граѓаните во услови на најголема глобална економска криза, рече заменик-министерот за финансии Филип Николоски образложувајќи го предлогот за ребаланс. Како што додаде тој, за нови таргетирани мерки наменети за финансиска помош на оние на кои им […]

Нобеловецот Пол Кругман на крајот од мај доаѓа во Скопје на Економскиот и финансиски форум

мај 19, 2022

Американскиот професор, економист и автор Пол Кругман, лауреат на Нобеловата награда, доаѓа во Скопје на годинешната конференција на Економскиот и финансискиот форум што ќе се одржи на 30 и 31 мај. Кругман ќе има свое 30-минутно обраќање на отворањето на годинешната платформа за дијалог на економски и финансиски теми, која минатата година ја иницира Министерството […]

ЕБОР ги обезбеди средствата за изградба на регионалните депонии во земјава

мај 18, 2022

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбеди поволни средства во вредност од над 200 милиони евра за реализација на регионалните проекти за управување со отпад и проектот за изградба на делница од автопатот Скопје-Блаце. Станува збор за клучни проекти кои државните власти две децении бараат средства за нивна реализација. „Предлог законите за обезбедување на […]

Агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на „ББ+“ со негативен изглед

април 30, 2022

Министерството за финансии денеска информираше дека Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на „ББ+“ со негативен изглед. Агенцијата нотирала добро владеење, како и кредибилна и кохерентна макрофинансиска политика, конзистентна со долгоодржуваниот фиксен девизен курс. „Задржувањето на кредитниот рејтинг е особно значајно за државата во услови на глобална криза, а негативниот […]

Владата одлучи цената за приватизација на градежното државно земјиште да ја зголеми и до 30 пати

март 30, 2022

Наместо по почетна цена од 61 денари за метар квадратен, приватизацијата на градежното државно земјиште кај комерцијалните градби ќе се одвива за 13.140 денари за метар квадратен, доколку се реализира во услови на стекнато корисничко право и се спроведува преку Управата за имотно-правни работи, одлучи владата на вчерашната седница на предлог на Министерството за финансии. […]

Владата засега не добила информација од Град Скопје за прекинување на тендерот за БРТ-то, став допрва ќе гради

ноември 13, 2021

Владата на РСМ и Министерството за финансии засега немаат добиено информација од Градот Скопје дека планираат да ја прекинат реализацијата на проектот за воведување Бас рапид транзит – БРТ во Скопје, односно дека се откажуваат од автобуското метро. „Доколку Владата и Министерството за финансии добијат официјално известување од страна на Град Скопје, дополнително ќе се […]

АНАЛИЗА: Бруто надворешниот долг близу до 10 милијарди евра, каква е состојбата со јавниот долг?

септември 8, 2021

Раст на бруто-надворешниот долг и на јавниот долг, но и намалување на државниот долг на крајот од август. Новите податоци покажуваат дека задолженоста на државата сепак се зголемила во првото економско полугодие. Овој тренд е очекуван, економијата уште се бори со ковид-рестрикции кои Владата треба да ги “амортизира“ преку директна помош и поддршка, велат економистите, […]

МФ: Од ЕИБ Нови 100 милиони евра кредити за мали и средни фирми како поддршка за пандемијата

јуни 21, 2021

Договор за нови 100 милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) со кои ќе се поддржат најмалку 300 проекти на домашни мали и средни компании, денеска беше потпишан од министерот за финансии Фатмир Бесими, потпретседателката на ЕИБ Лилјана Павлова и директорот на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов, во присуство на евроамбасадорот […]

Нова оптимистичка Фискална стратегија со прогнози за 5,4 отсто раст и невработеност од 8,6 отсто

јуни 2, 2021

Новата Фискална стратегија за периодот 2022 – 2024 година со проекции до 2026 година покажува навистина оптимистички прогнози за развојот на домашната економија. Така, се предвидуваат стапки на економски раст повисоки од 5 отсто, а невработеност од само 8,6 отсто. Исто така се предвидува дека просечната плата ќе расте со просечна стапка од околу 4 […]

Анализа на Порталб.мк: Долговите на државни фирми, претпријатија, болници, општини и министерства достигна 312 милиони евра

мај 28, 2021

Растот на долговите на државните институции, општини, јавни претпријатија, министерства, здравствени установи, училишта, на крајот од првиот квартал од годинава достигнаа скоро 312 милиони евра, пишува во анализата на „Порталб.мк“. Новите податоци, и на квартално и на годишно ниво, покажуваат дека дел од општините го зголемиле долгот како и дека растат долговите кон приватниот сектор, […]

Страна 1 од 9