fbpx

Едно лице убиено и три повредени при напад со нож во Ерусалим

-

Британска туристка денеска е убиена во напад со нож извршен во ерусалимскиот стар град.

Жената повеќепати била избодена додека се возела со трамвај. Таа била веднаш хоспитализирана, но подоцна им подлегнала на раните.

Израелските медиуми јавуваат дека уште една трудна жена е повредена, како и еден маж.

Локалните медиуми јавуваат дека полицијата го уапсила осомничениот напаѓач. Израелските медиуми јавуваат дека уапсен е осомничениот напаѓач. Наводно станува збор за ментално болно лица од Источен Ерусалим, на возраст од 57 години.

Нападот се случи еден ден пред церемонијата Свет оган во Ерусалим, кога се очекува илјадници христијани да го посетат светиот град.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...