fbpx

Пет години од првиот број на македонскиот весник „Илинден“ во Албанија

-

Пред пет години, како двоброј за февруари и за март, беше испечатено првото издание од весникот „Илинден“, издание на истоименото македонското друштво од Тирана.

Во изминатиов период, весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Албанија, но и меѓу македонската дијаспора во светот.

Во петгодишниот период, весникот прерасна во медиум кој со сериозноста и со пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за македонското национално малцинство во Албанија, но и за промоција на активностите на македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на македонското население надвор од границите на својата матична држава.

– Нашата мисија е да го одржуваме и да го поттикнуваме македонскиот идентитет во Република Албанија, што преку културниот израз целосно се остварува. Сакаме да веруваме дека ваквата активност ќе биде соодветно поддржана од државните институции како во Република Албанија така и во Република Македонија, но и од Македонците насекаде во светот. Им се заблагодаруваме на сите свои соработници, кои несебично помогнаа во конципирање на тематската и на визуелната содржина на весникот. Воедно, редакцијата се заблагодарува и на читателската публика, која со покажаниот интерес кон содржините што ги понуди весникот, покажа дека тој навистина ја допре сржта на проблемите на Македонците во Албанија – вели претседателот на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...