fbpx

Не е точно дека никогаш не постоела македонска нација

Дека македонскиот народ постоел векови наназад сведочат и новите истражувања и отворање на ватиканските архиви, каде се забележува дека официјален Ватикан уште во 1619 година Македонците ги признава како одделен народ, посебен од Србите и Бугарите и давал посебни стипендии за Македонци. Во Колеџот во Лорето во 1620 година студирале тројца Македонци, стипендирани од Ватикан

-

Факт е дека Македонците се посебен и автохтон народ што го населува историско-географскиот регион Македонија. Македонскиот народ ја искажувал и ја докажувал научно посебноста на својот историски, културен, јазичен, политички идентитет во континуитет, а особено во текот на 19 и 20 век, во текот на својата борба за национално ослободување и државно осамостојување. Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински претставува државно конституирање на македонскиот народ и народностите во Македонија во рамките на тогашната југословенска федерација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук, во која се тврди дека никогаш немало и нема да има македонска нација. Ова не е вистина.

Вистината е дека никогаш немало македонска нација и нема да има, пишува во објавата.

Ова е дезинформација, дел од познатиот наратив за негирање на македонскиот народ, кој доаѓа од соседните држави.

Во Северна Македонија живеат 1.836.713 граѓани, од кои 58.44% се изјасниле како Македонци, 24.3% како Албанци, 3.86% Турци, 2.53% Роми, 0.47% Власи, 1.30% како Срби и 0.87% како Бошњаци. Од нив, 50.4% се жени, а 49.6% мажи, покажа првиот сет податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите од 2021 година.

Македонскиот им е мајчин јазик на 61.38% од попишаните, додека албанскиот им е мајчин јазик на 24.34%, турскиот на 3.41%, ромскиот на 1.73%, влашкиот 0.17%, српскиот 0.61% и босанскиот јазик на 0.85% од попишаните.

Факт е дека Македонците се посебен и автохтон народ што го населува историско-географскиот регион Македонија. Македонците го говорат македонскиот јазик кој припаѓа во групата на јужнословенски јазици.

Македонскиот народ ја искажувал и ја докажувал научно посебноста на својот историски, културен, јазичен, политички идентитет во континуитет, а особено во текот на 19 и 20 век, во текот на својата борба за национално ослободување и државно осамостојување, ова е запишано во Промеморијата на МАНУ за државотворноста и идентитетот на македонскиот народ.

За посебна македонска нација може да се зборува по 1944 година, при постоењето на државниот субјект НР Македонија во рамките на Југославија. Во втората половина на XIX век и почетокот на XX век, започнува Македонската преродба, а врвната точка ја достигнува пред и за време на Втората светска војна, кога се создаваат македонски военополитички организации, се печати современа литература на изворен македонски јазик и се отвораат училишта, коишто на младите Македонци им овозможуваат да го учат и негуваат мајчиниот јазик.

Првото заседание на АСНОМ одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински претставува државно конституирање на македонскиот народ и народностите во Македонија во склоп на југословенската федерација. Според МАНУ, свикувањето на Првото заседание на АСНОМ претставува клучен пресвртен миг, тогаш е остварена брза кристализација на македонската национална свест и самобитност.

Дека македонскиот народ постоел векови наназад сведочат и новите истражувања и отворање на ватиканските архиви, каде се забележува дека официјален Ватикан уште во 1619 година Македонците ги признава како одделен народ, посебен од Србите и Бугарите и давал посебни стипендии за Македонци. Во Колеџот во Лорето во 1620 година студирале тројца Македонци, стипендирани од Ватикан.

И покрај силната активност на странските црковно-просветни пропаганди за создавање на грчка, бугарска и српска националност во Македонија, се појавуваат Македонци кои сметаат дека не се ниту Грци, ниту Срби, ниту Бугари, туку дека се посебен словенски народ — Македонци, пишува проф. д-р Ганка Цветанова.

Крсте Петков Мисирков, кој се залагал Македонците да бидат признати како посебна народност со право да бидат внесени под тоа име и во официјалните пописни книги и меѓународните документи, во 1903 година концептуално ја окарактеризирал природата на македонскиот етнос како словенско-македонски идентитет различен од соседните српски и бугарски етнички идентификатори.

Македонска самобитна култура била најсилното оружје Македонците да си го зачуваат денешниот културен облик и да ги преживеат сите турбуленции низ историјата.

Македонската нација, која израснува од овој „етнографски материјал“, не настанала од вакуум, туку своите корени ги влече длабоко во историјата на оние словенски племиња, кои кон крајот на VI и почетокот на VII век од нашата ера ги населиле просторите на денешна Македонија, пишува историчарот Драган Ташковски во книгата „За Македонската нација“.

Поради сите наведени факти оваа објава ја оценуваме како невистина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...