fbpx

Украински дронови насочени кон Севастопол и неколку руски региони

Блинкнен предупреди дека придобивките на Украина во двегодишната војна ќе бидат доведени во прашање без ново американско финансирање; Столтенберг ќе лобира во американскиот Конгрес

-

Дваесет и едно украинско беспилотно летало стигнаа до Крим и неколку руски региони, соопштија утринава руските медиуми, а пренесува Гардијан.

Меѓу целите на украинските дронови бил Севастопол на полуостровот Крим кој е нелегално контролиран од Русија. Други цели биле регионите Брјанск, Калуга и Тула, според руските власти, кои рекоа дека сите беспилотни летала биле пресретнати или уништени.

Во меѓувреме, украинската новинска агенција Укринформ објави дека руските сили вчера ја нападнале областа Купијанск во украинскиот регион Харкив. Нападнати биле неколку села, погодена била територија на земјоделско претпријатие, но немало жртви.

Регионалното обвинителство соопшти дека утврдило оти Русија користела воздушни бомби при нападите.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера предупреди дека, без ново американско финансирање, во прашање се доведени придобивките на Украина во текот на двегодишните борби по руската инвазија врз земјата. Истовремено, шефот на НАТО, Јенс Столтенберг е во посета на САД каде во Конгресот ќе лобира за обезбедување на поддршката за Украина, јави Гардијан.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека руските сили ја презеле контролата врз селото Табаивка во украинската област Харкив, но Украина тоа го негираше. Шефот за комуникации на копнените сили на Украина, Володимир Фитјо, рече дека „ова не одговара на реалноста“ и дека во близина на локацијата се водат битки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...