Орден за заслуги за Оливера Николова, Ристо Вртев, Слободан Унковски и други

Иако не беше присутна на самата церемонија, авторката Оливера Николова го прими орденот во својот дом, како што може да се види во видеото што беше испратено претседателот

-

Претседателот Стево Пендаровски ги одликуваше актерите Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Рефет Абази, писателката Оливера Николова, музичарот Ристо Вртев и режисерот Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Северна Македонија. На културните работници им беше оддадена оваа почит во свечена церемонија во Филхармонијата вчеравечер.

Од музичкиот свет беше почестен Ристо Вртев, култен македонски текстописец, пејач и музичар. Како еден од основачите на „Мизар“ и фронтменот на „Архангел“, тој има оставено силен белег врз македонската алтернативна музика.

„Rock’n’roll-от денес е веќе своевидна класика, но, во таа класика не сите песни го поминуваат судот на времето и вкусовите на новите генерации. Како ретко кој автор не само на нашите простори, туку и во пошироки рамки, Ристо Вртев со својата музика и творештво создаде незаборавен поетски и композиторски опус кој ја одбележа авангардната култура. Тоа е опус кој не старее иако генерациите се менуваат“, вели Пендаровски.

Иако не беше присутна на самата церемонија, авторката Оливера Николова го прими орденот во својот дом, како што може да се види во видеото што беше испратено претседателот. Можеби најпозната по своите легендарни детски раскази за Зоки Поки, таа е автор и на многу други дела, вклучувајќи го романот „Песот со тажен поглед“, издаден во 2019 година, на нејзини 83 години.

Од зад кулисите беше почестен Слободан Унковски, театарски режисер. Тој е можеби најпознат по неговите многу соработки со драмскиот автор Горан Стефановски, режирајќи ги неговите претстави „Диво месо“, „Лет во место“ и други. Дополнително, тој и Стефановски ја креираа безвременската емисија за деца „Бушава азбука“.

Одликувани беа и актерите Рефет Абази, Бедија Беговска, Благоја Чоревски и Ѓокица Лукаревски.

„Македонија не сме ние политичарите, Македонија се нејзините артисти и уметници“, заклучува Пендаровски.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...