fbpx

„Техномаркет“ не подарува 200 машини за перење

Креирањето лажни фејсбук страници од страна на непознати креатори со името и логото на познати брендови и неверојатно дарежливи лажни наградни игри, стана тренд на социјалната мрежа Фејсбук, а целта е да се манипулираат следбениците за да се соберат и злоупотребат нивните лични податоци. Целта на овие страници е да споделуваат лажни објави за да генерираат сообраќај, но и да измамат што поголем број граѓани

-

На официјалната Фејсбук страница на „Техномаркет Македонија“, која има речиси 180 илјади следбеници, не може да се најде објава со ваква содржина. Но, објавено е известување за лажната наградна игра, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук за наводна наградна игра на „Техномаркет Македонија“, продавница која е позната по продажба на бела техника. Во објавата споделена од страница насловена како „Техномаркет Фанс“ се мамат граѓаните дека компанијата „Техномаркет“ ќе донира 300 автоматски машини за перење кои не можат да се продадат поради мали гребнатини.

Со гордост објавуваме дека ќе донираме 300 автоматски машини за перење кои не можат да се продадат поради мали гребнатини бидејќи се уште се во добра состојба. Па ќе го дадеме по случаен избор на некој што напишал „ЧЕСТИТКИ“, стои во објавата.

Објавата е многу вирална и има преку 3 илјади споделувања и над 5 илјади коментари. Во неа од следбениците се бара да напишат „честитки“ во коментар, а веднаш под неа се даваат понатамошни инструкции што треба да направат за наводно да добијат награда..

Победи следејќи ги чекорите подолу👇
1. Лајкнете ја нашата страница
2. Споделете ја оваа објава со вашите групи или пријатели
3. Доколку имате среќа, нашиот тим ќе ви испрати приватна порака. Проверете ја нашата порака сега, стои во инструкциите од страницата.

Страницата го користи логото на „Техномаркет Македонија“ и има речиси 10 илјади следбеници. Освен објавата за лажната наградна игра, на неа не можат да се најдат други објави. Страницата е лажна, а тоа е повеќе од очигледно, бидејќи нема наведено фирма, контакт телефон, адреса, ниту локација.

Не е првпат лажната Фејсбук страница „Техномаркет Фанс“ да споделува лажни наградни игри.

На официјалната Фејсбук страница на „Техномарект Македонија“, која има речиси 180 илјади следбеници, не може да се најде објава со ваква содржина. Но, објавено е известување за лажната наградна игра.

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!
Почитувани потрошувачи,
ТЕХНОМАРКЕТ МАКЕДОНИЈА Ве известува дека се појави лажна Фејсбук страница која го користи името и логото на нашата компанија и со лажна наградна игра се обидува да ги злоупотреби Вашите лични податоци и да Ве доведе во заблуда.
Името на оваа страна е TehnoMarket FANS, доколку веќе сте споделиле Ваши податоци со оваа страна веднаш избришете ги и страната пријавете ја кај администраторите на Фејсбук, а доколку се сомневате дека оставените податоци се веќе злоупотребени известете го одделот за компјутерски криминал при МВР.
ТЕХНОМАРКЕТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје се оградува од сите дејствија настанати преку лажната Фејсбук страница. Ве предупредуваме да не наседнувате, да не оставате Ваши податоци и да не учествувате во наградната игра зад која не стои официјалната страница на Техномаркет.
Единствена Фејсбук страница на Техномаркет Македонија е https://www.facebook.com/TehnomarketMakedonija/
а лажната страница е пријавена кај надлежните органи.
Со почит,
Техномаркет Македонија ДООЕЛ Скопје, стои во известувањето од компанијата.

Креирањето на лажни фејсбук страници од страна на непознати креатори со името и логото на познати брендови и неверојатно дарежливи лажни наградни игри, стана тренд на социјалната мрежа Фејсбук, а целта е да се манипулираат следбениците за да се соберат и злоупотребат нивните лични податоци. Целта на овие страници е да споделуваат лажни објави за да генерираат сообраќај, но и да измамат што поголем број граѓани.

Корисниците на социјалните мрежи мора да бидат внимателни, претпазливо да ги проверуваат страниците, со резерва да пристапуваат кон ваквите наградни игри.

Имајќи предвид дека самата фејсбук страница „Техномаркет Фанс“ e сомнителнa, како и фактот што компанијата „Техномаркет Македонија’’ на својата официјална Фејсбук страница има објава во која предупредува за лажна наградна игра, објавата ја оценуваме како невистинита и измамничка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...