вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: наградна игра | 39 резултати

Дезинформација е дека „Нептун“ продава Самсунг телевизори за 123 денари

мај 16, 2023

Постот дезинформира дека поради царинска грешка има наводна наградна игра во која „најсреќните“ ќе добијат Самсунг телевизор за 123 денари. Корисниците на  социјалните мрежи треба да бидат внимателни бидејќи се наведуваат да ги остави своите банкарски податоци кои подоцна може да бидат злоупотребени за секаков вид на понатамошни измами. Страницата на Фејсбук од која се […]

Измама е дека Филипс доделува апарат за две евра за првите сто луѓе

април 28, 2023

Ваквата „понуда“ за Филипс апарати за две евра е пласирана исклучиво со цел корисниците да ги споделат своите лични податоци во полињата, а потоа истите на многу начини можат да бидат злоупотребени. Ако се погледне веб-адресата на измамничкиот сајт, се гледа дека на неа не фигурира името на брендот Филипс, туку се работи за аматерски […]

Киппер не доделува 900 велосипеди ако напишете „благодарам“ во коментар

април 12, 2023

Станува збор за лажна Фејсбук страницата која го злоупотребува името на Киппер маркет и на неа нема други достапни содржини освен лажната наградна игра. На официјалната страница на Киппер маркет која има над 157 илјади следачи не постои ваква наградна игра, компанијата ги извести потрошувачите  дека се работи за измама, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. […]

Измама: Киппер не доделува 870 специјални ќеси со подароци

април 5, 2023

Дека оваа наградна игра е невистинита, покажува фактот што истата не е споделена на официјалната Фејсбук страница на Киппер маркетите која има повеќе од 150 илјади допаѓања. Фејсбук страницата од којашто е споделен постот e новокреирана, нема други содржини освен лажната наградна игра. Не е првпат преку лажни Фејсбук страници во кои честопати има само […]

Самсунг не доделува 800 телефони за тие што ќе напишат „Среќен роденден“

март 23, 2023

Станува збор за лажна наградна игра којашто се споделува  од лажна фан-страница што има само 86 следбеници. Официјалната Фејсбук страница на Самсунг изгледа многу поинаку и е професионално одржувана. Таму има над 162 милиони следачи, секојдневни професионални реклами, информации за фирмата, линкови до официјалната веб-страница, телефони за контакт итн., односно има голем број информации кои ја гарантираат нејзината […]

Лажна наградна игра: Нептун не продава правосмукалки за 123 денари

март 8, 2023

Страницата од којашто е споделена лажната наградната игра не е официјалната страница на Нептун, има назив: „Производи за домаќинство“ и ги нема основните обележја кои би сугерирале дека станува збор за веб-страница поврзана со Нептун. За разлика од оваа  страница, на официјалната страница на Нептун се наведени адресите,  веб-страницата на компанијата, вистински промоции и перформанси на […]

Не е точно дека Нептун продава стари Самсунг телевизори за 123 денари

март 6, 2023

Станува збор за невистинита наградна игра којашто доколку, според упатствата се проследи до крајот и доколку се следат насоките и се пристапи на линкот за учество, станува евидентно дека е креирана за да ги добие вашите лични податоци, вклучително и домашната адреса и телефонскиот број, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во […]

Измама: КАМ не доделува подароци ако го напишете месецот на раѓање

февруари 3, 2023

Постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Станува збор за лажна наградна игра во која се злоупотребени брендот и логото на маркетот. Официјалната страница на КАМ на Фејсбук може да се пронајде на следниот линк. Целта е со што поголем број на коментари постот да стане подостапен до други корисници и што повеќе граѓани […]

Брендови на македонски и странски маркети злоупотребени во лажни наградни игри

јануари 29, 2023

На две посебни страници на Фејсбук, креирани се две лажни наградни игри, едната со злоупотреба на Биг Маркет, а другата со злоупотреба на брендот на КАМ маркет. Целта на нивното креирање е да се собираат на личните податоци од страна на корисниците на Фејсбук кои ќе наседнат, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го […]

„Лидл“ сè уште нема продавница кај нас и не доделува подароци

јануари 16, 2023

Германскиот трговски синџир „Лидл“ лани во февруари ја регистрираше својата компанија во С. Македонија, којашто ќе биде управувана од бугарската филијала, но досега тука нема отворено маркет. „Лидл“ нема ниту официјална Фејсбук страница во земјава, а постот за наводната наградна игра постои само на оваа сомнителна фан страница која е регистрирана неодамна, пишува „Вистиномер“ во […]

Лажна наградна игра: ИКЕА не прославува 50-ти роденден и не подарува софи

јануари 13, 2023

Оваа објава во којашто се злоупотребува брендот на ИКЕА изобилува со правописни грешки, а самата страница од каде што се споделува наводната наградна игра, е наменски креирана со цел да се шири измислената содржина. На Фејсбук страницата нема никакви контакт информации, ниту пак, официјални адреси, промоција на асортиман производи од колекциите за мебел на ИКЕА. […]

КAM не доделува награди ако го напишете вашиот месец на раѓање

јануари 10, 2023

Станува збор за лажна наградна игра во која се злоупотребува името, брендот и логото на КАМ маркет. Страницата од која се споделува лажната наградна игра – Кам Маркет Фанс, не е официјална страница на КАМ, туку таа е наменски креирана со цел да се шири оваа измама. Од официјалната Фејсбук страница на КАМ стигна и […]

КАМ маркети не доделуваат парични награди ако напишете „ЈАС“ во коментар

декември 25, 2022

Станува збор за лажна наградна игра во која се злоупотребува името, брендот и логото на КАМ маркет. Компанијата објави демант дека не се работи за нивна наградна игра, ниту пак, има некаква поврзаност со КАМ маркет. „За да бидете сигурни дека сте на вистинската страница на брендот, барајте ја т.н. СИНА ЗНАЧКА до името, која […]

Со лажна наградна игра и злоупотреба на брендот Киппер се измамуваат корисниците на социјалните мрежи

декември 15, 2022

Дека станува збор за лажна наградна игра покажува и самата страница креирана специјално за да се промовира наводната наградна игра. На страницата нема официјални податоци, контакт, нема континуитет на објави, туку има само два поста кои се со невистинитата наградна игра. Очигледната намена за која е креирана оваа страница и севкупната лажна наградна игра е […]

Преку лажна наградна игра се злоупотребува брендот Икеа

ноември 30, 2022

Станува збор за уште една лажна наградна игра, при што се злоупотребува меѓународно познат бренд, овојпат за мебел – Икеа. Станува зор за неавтентична страница, со оглед на тоа што освен наградната игра на неа нема никакви други трансакции, а во делот каде што треба да стојат детали за самата страница и за нејзиниот сопственик, […]

Не се продаваат „Samsung“ телевизори за 120 денари, се работи за измама!

ноември 3, 2022

Во објави на Фејсбук се злоупотребуваат брендовите „Амазон“ и „Самсунг“ и се мамат корисниците на Фејсбук да оставаат свои лични податоци кои подоцна може да бидат злоупотребени. Доколку се посети официјалната страница на Амазон и се пребарува „Samsung“ телевизор од истиот модел како на ФБ објавите,  ќе се добие понуда со цена од 124,46 американски […]

Брендот „Рамстор“ злоупотребен за лажна наградна игра на Фејсбук

септември 30, 2022

Во оваа објава е злоупотребен брендот „Рамстор“ и со лажно ветување за награда се мамат корисниците на Фејсбук да оставаат свои лични податоци кои подоцна може да бидат злоупотребени. Фејсбук страницата од која се споделува оваа измама е со назив Рамстор Македонија испишано со латиничен фонт и има мал број на следбеници, нешто повеќе од […]

Техномаркет не доделува 500 машини за перење

септември 18, 2022

Станува збор за лажна Фејсбук страница „Техномаркет Фанс“, креирана на 13 јуни која има над 9.000 следбеници. На официјалната Фејсбук страница на „Техномарект Македонија“,  не може да се најде објава со ваква содржина. Не е првпат лажната Фејсбук страница „Техномаркет Фанс“ да споделува лажни наградни игри и наводно да доделува машини за перење. Таков случај […]

Лажна наградна игра повторно ги мами корисниците на Фејсбук

септември 16, 2022

Фејсбук страница, иако се претставува како продавница за велосипеди, нема ни локација, ни купувачи. Eдинствената оставена рецензија за неа, е дека станува збор за лажна страница со цел да се прибават вашите лични податоци. Страницата е креирана на 12 септември годинава. Станува збор за измамнички начин на прибирање на личните податоци на корисниците на социјалните […]

Преку лажна наградна игра на Лидл маркетите, се прибираат лични податоци на граѓаните

септември 12, 2022

За наводната наградна игра да изгледа поверодостојно, креирана е фан страница каде што е злоупотребено името и логото на Лидл. Оваа лажна страница не е официјална страница на Лидл на Фејсбук, иако носи исто име. Лидл сè уште нема отворено продавница во С. Македонија, па оттаму не ни може да организира наградни игри, пишува „Вистиномер“ […]

Страна 1 од 2