Компанијата на Илон Маск успешно вгради мозочен чип во човек

Чипот цели да вчитува како човек сака да се придвижи, а крајната цел е да се развие чип со кој ќе може да се контролираат уреди

Elon Musk
Илон Маск / Фото: Daniel Oberhaus, CC BY-SA 4.0, Викимедија комонс

Успешно е вграден првиот мозочен чип кај човек, со помош на технологија развиена од компанијата „Неуралинк“, во сопственост на Илон Маск.

Тој вели дека првичните резултати покажале ветувачки резултати во однос на нервните импулси, пренесе Би-би-си. Целта на компанијата е да го поврзе човечкиот мозок со компјутерите и да се помогне во справувањето со сложените невролошки состојби.

Маск најави дека првиот ваков уред ќе се вика „Telepathy“ (телепатија).

По долга борба, компанијата на Маск доби дозвола да го тестира чипот на луѓе од управата за храна и лекови во САД изминатата година во мај. Со ова се отпочна 6-годишна студија.

Според „Неуралинк“, чипот е составен од 64 флексибилни нишки, потенки од човечко влакно, на дел од мозокот кој ја контролира намерата за движење. Со помош од овие нишки, имплантот, кој е напојуван од батерија што може да се полни безжично, ги снима и пренесува мозочните сигнали безжично до апликација која декодира како личноста со чипот сака да се движи.

Според Маск, чипот ќе ви овозможи со мисла да се контролираат уреди, како телефони и компјутери.

„Замислете Стивен Хокинг да може да комуницира побрзо од дактилограф. Тоа е целта“, вели Маск.

Досега голем број ривалски компании веќе изработуваат слични уреди. „Пресижн неуросајенс“, формирана од ко-основачот на „Неуралинк“, има за цел да им помогне на луѓето со парализа. Имплантот кој тие го произведуваат наликува на многу тенко парче лента што седи на површината на мозокот и може да се вгради преку „кранијален микро-рецеп“, чие вградување, според компанијата, е многу поедноставно.