Социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер, се соочи со прекини ширум светот, нешто повеќе од еден час.
Според „Downdetector.com“, платформа која ги следи прекините преку собирање извештаи од корисници, повеќе од 77.000 американски корисници се соочиле со проблеми при пристапот до „Х“ и платената верзија „Х Про“.
Објави на почетната страница не можеле да гледаат ниту дел од корисниците во Обединетото Кралство и Азија, пишува Би-би-си.
Со проблеми се соочиле и корисници во Франција и Канада, а причините за прекинот сè уште не се познати.
На „Х“ почна да се развива хаштагот #TwitterDown неколку минути откако се појавија првичните извештаи за прекини.
Прекинот беше краткотраен, а по нешто повеќе од еден час корисниците можеа повторно да пристапат до платформата.
Илон Маск ја купи оваа социјална мрежа минатата година, и оттогаш платформата страда од губење на приходите од реклами.
Маск беше обвинет и оти дозволил антисемитски објави, покрај рекламирањето. Европската Унија ја обвини „Х“ за ширење дезинформации во Унијата, а вчера беше соопштено оти постојат сомневања дека социјалната мрежа ги прекршила правилата во повеќе области, вклучително и во спротивставувањето на нелегалните содржини и дезинформациите.