петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: технолошки компании | 85 резултати

„Епл“, „Гугл“ и „Мета“ ќе бидат предмет на првата истрага според Законот за дигитални пазари на ЕУ

март 26, 2024

„Епл“, „Гугл“ и „Мета“ ќе бидат под истрага за потенцијални прекршувања на новиот Закон за дигитални пазари на ЕУ, најавија европските антимонополски регулатори вчера, што може да доведе до големи казни за компаниите, објави Ројтерс. Новиот закон кој стапи на сила на 7 март, има за цел да ја оспори моќта на технолошките гиганти со […]

Социјалната мрежа „Х“ се соочи со глобален прекин

декември 21, 2023

Социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер, се соочи со прекини ширум светот, нешто повеќе од еден час. Според „Downdetector.com“, платформа која ги следи прекините преку собирање извештаи од корисници, повеќе од 77.000 американски корисници се соочиле со проблеми при пристапот до „Х“ и платената верзија „Х Про“. Објави на почетната страница не можеле да […]

ЕУ презема мерки против социјалната мрежа „Х“ поради дезинформации

декември 20, 2023

Официјални претставници на Европската Унија соопштија дека се сомневаат оти социјалната мрежа „Х“, претходно позната како Твитер, ги прекршила правилата на Унијата во неколку области, меѓу кои и во спречување на нелегални содржини и дезинформации. Би-би-си пренесува дека во објава на „Х“, еврокомесарот Тиери Бретон рече дека социјалната мрежа која е во сопственост на Илон […]

Отпуштениот Сем Алтман се враќа на директорското место во „Опен АИ“

ноември 22, 2023

Коосновачот на „Опен АИ“, Сем Алтман, ќе се врати како шеф само неколку дена откако беше отпуштен од управниот одбор, соопшти компанијата, а пренесе Би-би-си. Договорот вклучува и именување на нови членови на управниот одбор. Овој потег следува откако Алтман беше отпуштен од „Опен АИ“ во петокот, по што следуваше отворено писмо од персоналот кој […]

Поранешниот шеф на „Твич“ е нов директор на „Опен АИ“, Алтман во „Мајкрософт“

ноември 20, 2023

Технолошкиот гигант „Мајкрософт“ објави дека Сем Алтман се придружува во неговиот тим, соборувајќи ги шпекулациите дека поранешниот извршен директор на „Опен АИ“ би можел да се врати во оваа компанија која што стои зад популарниот четбот ChatGPT. Главниот извршен директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела, на социјалната мрежа „Х“ напиша дека Алтман ќе се придружи во […]

Инвеститорите на „Опен АИ“ бараат враќање на отстранетиот директор Сем Алтман

ноември 19, 2023

Се очекува ненадејно враќање на Сем Алтман на местото главен извршен директор на компанијата „OpenAI“ (Опен АИ) која стои зад популарниот четбот ChatGPT, поради притисокот од инвеститорите да го поништат неговото исто толку ненадејно отстранување. Во потег што предизвика шок во Силиконската долина, Алтман беше отпуштен од управниот одбор на компанијата во петокот, наведувајќи го […]

Непал го забрани ТикТок поради „нарушување на социјалната хармонија“

ноември 14, 2023

Непал ја забрани кинеската апликација ТикТок со изговор дека нејзината содржина била „штетна за социјалната хармонија“. Одлуката доаѓа неколку дена откако оваа јужноазиска држава воведе ново правило со кое се бара од фирмите за социјални мрежи да отворат канцеларии во оваа земја. Министерката за комуникации и информатичка технологија на Непал, Река Шарма за Би-би-си Непал […]

Инстаграм и Фејсбук од утре воведуваат месечна претплата со која нема реклами

октомври 30, 2023

Компанијата „Мета“ лансира платена претплата, со која ги отстранува рекламите од своите социјални мрежи Инстаграм и Фејсбук. Услугата од утре, 1 ноември, ќе биде достапна за земјите кои се дел од Европската унија (ЕУ), Европската економска област (ЕЕА) и Швајцарија. Услугата за социјални мрежи без реклами ќе се наплаќа 9,99 евра месечно за веб-верзиите на […]

„Х“ почна да им наплаќа по 1 долар годишно на сите нови корисници во Нов Зеланд и Филипините

октомври 18, 2023

Социјалната мрежа „Х“, порано позната како „Твитер“, почна да им наплаќа на новите корисници во Нов Зеланд и Филипините по 1 долар годишно за пристап до клучните функции. Ова е дел од ново пробно тестирање на платформата во сопственост на милијардерот Илон Маск, јави Би-би-си. Новите корисници во двете земји ќе треба да платат еден […]

Истражување на ЕУ: Најмногу дезинформации има на „Х“, поранешен Твитер

септември 27, 2023

Социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер, има најмногу дезинформации од сите големи социјални мрежи, покажала студија на Европската комисија. Студијата истражила над 6.000 објави на Фејсбук, Инстаграм, Линкдин, ТикТок, Х, и Јутјуб. Анализирани биле содржини во три земји на ЕУ кои се сметаат за особено изложени на ризикот да бидат цел на дезинформации поради […]

Можно е сите корисници на Твитер / Х наскоро да треба да платат за пристап до социјалната мрежа

септември 19, 2023

Илон Маск најави дека сите корисници на социјалната мрежа „Х“ – порано позната како Твитер, можеби ќе треба да платат за пристап до платформата. Во разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, милијардерот Маск рече дека систем со плаќање е единствениот начин за платформата да им се спротивстави на ботовите, пренесува Би-би-си. „Се движиме кон тоа […]

„Zoom“ ги враќа своите вработени во канцеларија

август 8, 2023

Компанијата за видео комуникации „Zoom“ (Зум), чие име стана синоним за работа на далечина за време на ковид-пандемијата, му наложи на персоналот да се врати во канцеларија. Фирмата вели дека верува оти хибридниот пристап е најефективен и луѓето што живеат на помалку од 80 километри од канцеларија треба да работат од таму најмалку двапати неделно, […]

Маск предложи борбата во кафез меѓу него и Закерберг да се емитува во живо на „Х“

август 7, 2023

Борбата во кафез на која се согласија сопственикот на Твитер (сега „Х“), Илон Маск и на Мета, Марк Закерберг, ќе биде пренесувана во живо на социјалната мрежа „Х“. Ова го најави Маск кој рече дека приходите што ќе се соберат ќе бидат донирани за ветераните. Објавата на Маск ја сподели и извршната директорка на Твитер, […]

Дали „Тредс” ќе успее да ги задржи своите корисници?

јули 27, 2023

Со 100 милиони корисници собрани во првите неколку денови од постоењето на новата социјална мрежа Тредс, сопственикот на „Мета“ – Марк Закерберг вели дека бројот на корисници ги надминал очекувањата, пренесе Би-би-си. Сега се наметнува прашањето дали социјалната мрежа ќе може да ги задржи корисниците. Фирми кои се занимаваат со анализа на податоци велат дека […]

И ТикТок додава текстуални објави – битката меѓу социјалните мрежи ескалира

јули 25, 2023

Апликацијата за видеа ТикТок соопшти дека отсега нуди објави кои ќе содржат само текст. Платформата вели дека новата функција ќе им даде на корисниците „поинаков начин за да се изразат“. Оние што ја користат апликацијата сега ќе имаат три опции за објава – видео, фотографија или текст. Текстуалните објави визуелно наликуваат на опцијата Стори на […]

Твитер се ребрендира во „Х“ – претставено новото лого на платформата

јули 24, 2023

Откако изјави дека сака да се ослободи од логото со сината птица, сопственикот на Твитер, Илон Маск, објави слика од новото лого на платформата – бел знак „Х“ на црна заднина. Маск ја промени и својата профилна фотографија во новото лого, додавајќи „X.com“ во неговата биографија на Твитер. Извршната директорка на компанијата, Линда Јакарино, напиша […]

Закерберг тренира со боречкиот шампион Волкановски, додека расправијата со Маск се интензивира

јули 14, 2023

На фотографија објавена пред три дена се гледа сопственикот на компанијата „Мета“, Марк Закерберг како тренира со двајца УФЦ (Ultimate Fighting Championship – UFC) шампиони и тоа со Израел Адесанја, шампион во средна категорија, инаку државјанин на Нигерија и Нов Зеланд, и со Австралиецот со македонско потекло Александар Волкановски кој е носител на титулата во […]

Четботот на „Гугл“ – Бард од денеска е достапен и во Северна Македонија

јули 13, 2023

Четботот со вештачка интелигенција на „Гугл“, наречен Бард денеска беше лансиран во Европа и сега е достапен и за корисниците во Северна Македонија. Ривалот на ChatGPT денеска официјално дебитираше и во земјите-членки на Европската Унија, откако „Гугл“ ги разреши безбедносните грижи на корисниците што доведоа до тоа ЕУ да го блокира неговото лансирање. Бард од […]

Платформите чии алгоритми водат кон видеа со Ендру Тејт може да бидат казнети во Велика Британија

јули 12, 2023

Технолошките компании чии алгоритми ги носат британските тинејџери кон содржини како оние создадени од инфлуенсерот Ендру Тејт, би можеле да подлежат на нов закон што се подготвува во Обединетото Кралство. Владата на Велика Британија се спротивстави на амандманите на Законот за онлајн безбедност, но загуби од мнозинството во горниот дом на Парламентот, јавува Би-би-си. Бароницата […]

Стапува на сила договорот меѓу ЕУ и САД за пренос на личните податоци, активистите негодуваат

јули 11, 2023

Европската комисија објави дека е склучен договор со САД кој има за цел да овозможи полесен пренос на личните податоци на легален пат преку Атлантикот. Меѓутоа, активистите за заштита на приватноста на податоците најавија дека ќе го оспорат договорот пред суд, пренесува Би-би-си. Американскиот претседател Џо Бајден и претставници на ЕУ го поздравија договореното со […]

Страна 1 од 5