fbpx
Таг: технолошки компании

таг: технолошки компании

Платформите чии алгоритми водат кон видеа со Ендру Тејт може да бидат казнети во Велика Британија

Технолошките компании чии алгоритми ги носат британските тинејџери кон содржини како оние создадени од инфлуенсерот Ендру Тејт, би можеле да подлежат на нов закон што се подготвува во Обединетото Кралство. Владата на Велика Британија се спротивстави на амандманите на Законот за онлајн безбедност, но загуби од мнозинството во горниот дом на Парламентот, јавува Би-би-си. Бароницата Кидрон, која ги поддржа амандманите, рече...

Стапува на сила договорот меѓу ЕУ и САД за пренос на личните податоци, активистите негодуваат

Европската комисија објави дека е склучен договор со САД кој има за цел да овозможи полесен пренос на личните податоци на легален пат преку Атлантикот. Меѓутоа, активистите за заштита на приватноста на податоците најавија дека ќе го оспорат договорот пред суд, пренесува Би-би-си. Американскиот претседател Џо Бајден и претставници на ЕУ го поздравија договореното со чија помош се надминаа недоразбирањата...

Инстаграм Тредс надмина 100 милиони корисници побрзо и од ChatGPT

Новата апликација на Инстаграм наречена „Тредс“ веќе надмина 100 милиони корисници, притоа достигнувајќи ја оваа бројка побрзо и од четботот ChatGPT, јавува „Врџ“. Четботот на компанијата „Опен АИ“ ја помина оваа граница за два месеца и со тоа стана најбрзорастечка платформа во тој момент, додека Тредс, која беше лансирана во средата, стигна до 100 милиони за само неколку дена. Апликацијата стана...

Твитер се закани дека ќе ја тужи „Мета“ поради новата апликација „Тредс“

Твитер размислува за тужба против „Мета“ поради нејзината нова брзорастечка ривалска социјална мрежа наречена „Threads“ (Тредс), тврдејќи дека компанијата ги прекршила правата на интелектуална сопственост на Твитер. Апликацијата која беше лансирана вчера многу наликува на Твитер, а од раководството на компанијата „Мета“ беше опишана како нејзина „пријателска алтернатива“. Како што пренесоа повеќе светски медиуми, адвокатот на Твитер испратил писмо до извршниот...

Канадската влада ги повлекува рекламите од Инстаграм и од Фејсбук

Канадската федерална влада соопшти дека ќе ги повлече сите свои реклами од социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Најавата следува по потегот на компанијата „Мета“, во чија сопственост се платформите, да ги ограничи содржините со вести за Канаѓаните. На овој чекор, пак, „Мета“ се одлучи откако парламентот во Канада усвои закон што ќе ги принуди технолошките фирми да им плаќаат...

„Тредс“ веќе е достапна – над 10 милиони корисници во првите неколку часови

По неколкумесечни гласини и протечени информации, конечно пристигна апликацијата „Threads“ (Тредс) – конкурентот на Твитер создаден од Инстаграм. До новата социјална мрежа веќе може да се пристапи и од Македонија, преку интернет страницата Threads.net или со преземање на апликацијата од продавниците на Андроид и iOS. Шефот на компанијата „Мета“, Марк Закерберг изјави дека новата апликација има за цел да го...

Инстаграм ривалот на Твитер утре пристигнува во Македонија, но не и во ЕУ

Ривалот на Твитер создаден од компанијата „Мета“ и наречен „Threads“ утре нема да стане достапен во земјите од Европската Унија поради несигурноста околу користењето на личните податоци од страна на платформата. „Гардијан“ пишува дека извори на „Мета“ посочиле оти причина за одложувањето на лансирањето во ЕУ се европските регулативи и бројните судири меѓу технолошката компанија и претставници на блокот. Двете неодамнешни...

„Threads“ – ривалот на Твитер создаден од Инстаграм ќе стане достапен неделава

Сопственикот на Фејсбук, компанијата „Мета“ конечно ја лансира својата нова апликација базирана на текст и дизајнирана за да се натпреварува со Твитер. Повеќе медиуми објавија дека апликацијата ќе биде лансирана овој четврток. Како што јавува Би-би-си, апликацијата се нарекува „Threads“ (Нишки) и веќе е достапна за претнарачка на продавницата за апликации на „Епл“ – App Store. Апликацијата ќе биде поврзана со...

„Мета“ со план да им овозможи на корисниците во ЕУ да симнуваат апликации директно преку Фејсбук

Технолошката компанија „Мета“, во чија сопственост е социјалната мрежа Фејсбук, планира да им дозволи на корисниците во Европската Унија (ЕУ) да преземаат апликации директно преку рекламите на оваа платформа. Доколку ова биде овозможено, „Мета“ ќе им стане конкурент на продавниците за апликации на „Гугл“ и „Епл“, јавува „Врџ“. Како што објави медиумот, новиот вид реклами на Фејсбук треба да започне...

Твитер се согласи да се придржува до строгите закони на ЕУ за дезинформации и руска пропаганда

Откако претставници на Европската комисија влегоа во седиштето на Твитер за да ги проверат капацитетите на компанијата дали може да функционира во Европа, социјалната мрежа со согласи да се придржува до новите строги закони на ЕУ за лажни вести, руска пропаганда и онлајн криминал. Ваквиот чекор доаѓа само неколку недели откако Илон Маск, милијардерот-сопственик на Твитер, се откажа од доброволниот...

„Опен АИ“ лобирала во ЕУ за да избегне построги регулации во законот за ВИ

Компанијата „Опен АИ“ лобирала во Европската Унија да се „омекне“ законодавството за вештачка интелигенција (ВИ). Според документи од Европската комисија, компанијата-креатор на четботот ChatGPT побарала европратениците да направат неколку амандмани во нацрт-верзијата на Законот за вештачка интелигенција на ЕУ – претстојниот закон создаден за регулирање на употребата на ВИ, пренесува американскиот медиум „Врџ“. Барањата на „Опен АИ“ стигнале пред нацрт-законот...

Инстаграм и Фејсбук ќе го ограничат пристапот до вести за Канаѓаните

Компанијата „Мета“ соопшти дека ќе почне со ограничување на вестите за канадските корисници на платформите Фејсбук и Инстаграм, откако парламентот во Канада го усвои контроверзниот закон за онлајн вести. Предлог-законот предвидува големите платформи како Фејсбук да ги компензираат издавачите на вести – медиумите, за содржините што ги објавуваат на социјалните мрежи. „Мета“ и „Гугл“ веќе тестираа ограничување на пристапот до вести...

Илон Маск и Марк Закерберг договорија борба во кафез

Двајца од најпознатите технолошки милијардери во светот – Илон Маск и Марк Закерберг, се договорија да се борат во натпревар што би се одржал во кафез. Приказната, за која јавува и Би-би-си, започнува откако Маск на социјалната мрежа Твитер, инаку во негова сопственост, напиша дека е „подготвен за тепачка во кафез“ со Закерберг. I’m up for a cage match if he...

Ривалот на Твитер создаден од Инстаграм пристигнува наскоро

Компанијата „Мета“ на своите вработени им ги покажала плановите за социјалната мрежа што ќе биде базирана на текст и е дизајнирана за да се натпреварува со Твитер, јави Би-Би-Си. Портпаролот на „Мета“ за Би-Би-Си потврдил дека ваква платформа е во развој. „Истражуваме самостојна децентрализирана социјална мрежа за споделување на текстуални содржини. Веруваме дека постои можност за посебен простор каде креаторите и...

„Твич“ ги укина новите правила за рекламирање откако стримерите почнаа да ја напуштаат платформата

Услугата за пренос во живо „Твич“ објави дека ги укинува своите нови правила за рекламирање - одлука што ја донеле откако неколку стримери најавија дека ја напуштаат платформата. Оваа платформа, инаку во сопственост на „Амазон“, рече дека ќе ги ограничи големината и видот на рекламите што ги користат стримерите кои креираат содржини таму, пренесува Би-би-си. Новите правила предвидуваа на стримерите да...

ЕУ ги повика социјалните мрежи да ги означуваат содржините генерирани од вештачка интелигенција

Компаниите за социјални медиуми, вклучувајќи ги и Гугл и Фејсбук, беа повикани од ЕУ „веднаш“ да започнат со етикетирање на содржините и фотографиите генерирани од вештачка интелигенција, како дел од низата чекори за борба против лажните вести и дезинформациите што доаѓаат од Русија, јавува „Гардијан“. Во исто време, ЕУ ја предупреди платформата Твитер дека ќе се соочи со брзи санкции...

Мајкрософт ќе плати 20 милиони долари поради незаконско собирање податоци за деца на „Ексбокс“

Технолошката компанија „Мајкрософт“ ќе им плати 20 милиони долари на американските федерални регулатори, откако беше откриено дека компанијата незаконски собирала податоци за деца што отвориле сметки на „Xbox“ (Ексбокс). Федералната трговска комисија на САД вчера постигнала спогодба со „Мајкрософт“, при што е предвидено и зголемена заштита на децата гејмери, пренесува Би-Би-Си. Меѓу другите прекршувања, Комисијата открила и оти „Мајкрософт“ не ги...

Линда Јакарино го замени Илон Маск на директорското место во Твитер

Новата шефица на проблематичната компанија за социјални медиуми Твитер, Линда Јакарино, започна да ја извршува својата функција неколку недели порано од очекуваното, пренесува Би-би-си. Јакарино, која претходно била шефица на одделот за рекламирање во „NBCUniversal“ (Ен-би-си Јуниверзал), се приклучи кон платформата неколку дена откако Твитер ја загуби и Ела Ирвин, втората шефица за доверба и безбедност во компанијата која минатата...

Твитер се повлече од доброволниот кодекс за дезинформации на ЕУ

Социјалната мрежа Твитер се повлекла од доброволниот кодекс на Европската Унија (ЕУ) за борба против дезинформациите. Веста ја објави комесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, кој ја предупреди компанијата на Илон Маск дека ќе мора да ги почитува новите закони, пренесува Би-Би-Си. „Обврските остануваат. Можете да бегате, но не можете да се скриете“, напиша Бретон на Твитер. Почнувајќи од...

„Мета“ го продаде Гифи – пробарувачот на анимирани гифови

Гигантот „Мета“ го продаде пребарувачот за анимирани гифови наречен Giphy (Гифи) на американскиот снабдувач на фотографии, снимки и музика „Shutterstock“ (Шатерсток). Би-би-си пишува оти минатата година британското тело за заштита на конкуренцијата повторно издаде наредба до „Мета“ да го продаде пребарувачот, откако вакво нешто првпат наложи во ноември 2021 година. Гифи е главен снабдувач на анимирани гифови на социјалните мрежи како...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...